01.07.2012, 17:24 Писмо на основачи на ВМРО-ДПМНЕ
Бранко и Љупчо се стари пријатели
Основачите на ВМРО-ДПМНЕ Борис Змејковски, Владо Таранталовски, Мане Јаковлевски, Васил Наумов и Дијана Таранталовска со отворено писмо му порачаа на Љупчо Георгиевски дека неговото здружување со Бранко Црвенковски е настан кој „овозможува прочистување, разјаснување на многу недоумици кои народот и тие како основачи, ги имале низ годините“.
„Како луѓе кои целиот живот го посветија на идеите за ВМРО и Македонија, но и како чесни граѓани, како родители, како патриоти кои ја сакаат државата и кои не го носат товарот на дневната политика и со искрена желба да биде слушнат нашиот збор како основачи на ВМРО-ДПМНЕ, сакаме да истакнеме дека човекот самиот си го одбира пријателот. Тој е огледало на сопствените размисли, особини и светогледи. Двајца луѓе се пријатели затоа што си одговараат во карактерите, така е и со Љупчо и Бранко“, велат основачите на партијата.
Според нив, овие пријатели, едниот со товарот на транзицијата, приватизацијата, шверцот и криминалот, а другиот со погрешна перцепција за историјата и постоење на сопствениот народ и држава, со нивната љубов за власт и парите, се едно исто - пријатели во коалиција за власт и пари.
Спојувањето, како што додаваат, е неповторлива можност да се добие јасна слика за многу работи.
„Прво, со нивното здружување секој вмровец треба да се замисли зошто Љупчо ја рушеше владата на Никола Кљусев? Зошто Љупчо Георгиевски не формираше коалиција со албанска партија и со тоа не се формираше стабилна влада? Зошто Љупчо на тацна му го подари управувањето со државата на Бранко Црвенковски, иако народот не одлучи така на избори?
Второ, зошто во 1994 година Љупчо бојкотираше и не влезе во парламентот и ги остави СДСМ да ја реализираат мрачната приватизација, шверцот и разграбувањето ��а Македонија? Зошто Љупчо го бранеше криминалот на Бранко во деведесеттите? Трето, зошто 15 години ВМРО-ДПМНЕ беше марионета со која СДСМ мошне лесно се справуваше? Четврто, зошто Георгиевски прифати да биде потпретседател на претседателот Глигоров, прифаќајќи измислена функција наменета да ја канализира патриотската енергија која пулсираше во Македонија, истата онаа која според кажувањата на сите во тоа време му донесе изненадувачка висока поддршка на ВМРО-ДПМНЕ? Зошто дозволи патриотизмот да се изгнаси со криминалот на Бранко? Петто, зошто Љупчо толку лесно и без поголем личен отпор се согласи со Бранко за промената на знамето, името, Уставот?“
Најпосле прашуваат гласно основачите и додаваат: „Одговорот е дека сето ова се случуваше затоа што Бранко Црвенковски навистина соработувал во деведесеттите со Љупчо Георгиевски, затоа што тие се лицето и опачината на една иста паричка. Затоа што простите факти го кажуваа тоа. Како инаку ќе се образложат сите погубни потези на Љупчо во 90-тите“. (П.Р.) |
|
Статијата е прочитана 1908 пати.
|
Испрати коментар
|
|
demokrat, 02.07.2012 00:06:11 | Ovie navistina mislat deka se nekoj faktor vo drzavata ili glumat ludiza kako bi mu se dopadnale na lidero?! Pa ovie sobereni na kupce nemaat edna fakultetska diploma, ili? |
| Љубопитен, 02.07.2012 00:58:56 | А, дали потписниците на Отвореното писмо истото не го пишуваат поради лични интереси? Очигледно дека потписниците на писмото не се свесни или тоа воопшто не ги интересира дека актуелната ДПМНЕ нема ништо заедничко со историското ВМРО! Срамно е што овие луѓе се ставаат на страната на најголемиот пријател, подржувач и лакеј на С. Милошевиќ од Македонија! Токму тој и неговиот партиски и медиумски ментор безброј пати се сретнуваа со српскиот „Вожд“ и без сомнение правеа некакви планови во врска со Македонија! |
| Makedoncite od Pirinskiot del na Makedonija, 02.07.2012 08:14:33 | www.mn.mk/komentari/5718-Gospod-prostuva-VMRO-nikogas |
| pretpriemach, 02.07.2012 08:31:01 | Konecno i osnovacite na VMRO-DPMNE da mu kazat na Ljupco deka epten zabegal. Ljuco mozebi zaboravil no vo pocetokot ne bese VMRo tuku MAAK. I mnogu sakam po slednive izbori da stane pak funkcioner i da mora da dade otcet za svojot imot (citaj bogatstvo), koj sigurno ne gi kupil od hranarina i prevoz. Toa se pari na danocnite obvrznici na Makedonija koi toj gi prisvol, zasto osven politika nisto drugo ne rabotel....
Iskreno mu posakuvam dobro zdravje i finansiski bankrot pa da vidime na slednite izbori za kogo ke glasa?...Ah,da mozebi togas ke pocne da razmisluva da otvori svoj legalen biznis i ednas da pocne da raboti nesto.... |
| Sydney, 02.07.2012 08:36:45 | A sto se podobri Zmejkoski i Mane Jakovleski.
Na koj nacin tie stanaa multimilioneri i Zosto i tie se priklucija na Lupco za kradenje,
Od kade e ona sto go imaat, Mislat deka se mnogy dobri biznismeni. ??
Edinstven cist covek od osnovacite na VMRO DPMNE e Vlado Trantaloski, koj treba da my napisi pismo na site tie togasni vmrovski aramii koi kradea zaedno so Branko i Lupco.
|
| clen na vmro, 02.07.2012 08:54:59 | prasanje do osnovcite na DPMNE: dali ja opravduvate koalicijata na gruevski so ANA odnosno DUI koi gi ubivaa makedonskite vojnici i nanese zrtvi i zlostorstvo vrz nevini lugje,i kako se custvuvate koga gi amnestiraa taka narecenite Haski slucai. |
| Александар, 02.07.2012 09:26:03 | Зашто ВМРО-ДПМНЕ пробубваат да се поврзат со ВМРО од пред 100 години?
Како прво статутот на двете „организации“ е дијаметрално различен. Постоењето е сосема со различна цел и.т.н.
Политиката значи програма која некогаш знае да се сокрие зад идеалите кои ги гаи народот.
Ниту Љупчо, нити Груевски немаат никаква поврзаност со војводите.
Очигледно Љупчо и Бранко тоа многу добро го знаат. |
| Goran, 02.07.2012 10:43:40 | Deka nestata najposle ke se promenat vo Makedonija e sigurno toa koga ke dojde do nacionalno pomiruvanje pomegu VMRO i SDSM no za zal ne so vecnite lideri Branko i Ljupco.
Kolku i da izgleda strasno ovaa koalicija e nesto sto ja pokazuva idninata,deka e potrebno da se rascisti so minatoto i megusebnata omraza.No toa mora da go napravat novi likovi a ne tranziciski profiteri.
Ke gi pocekame lokalnite izbori i ke vidime dali narodot dobil kolektivna amnezija i zaboravil sto se dobro ni napravija i ke im dadat sansa na istite.
|
| Гоце - Амстердам, 02.07.2012 11:10:45 | Значајно место во основанјето и подршката на ВМРО ДПМНЕ има и господинот Драган Богдановски, но
за жал нашите пари кои како подршка од Македонската дијаспора од Холандија преку Богдановски
беа испракјани во Македонија си ја изгубија трагата и завршија во џеповите на Љубчо , па така сега
во криза Љубчо може комотно да живее без да работи ! НО ЉУБЧО НЕМА НИКОГАШ ДА БИДЕ СРЕЌЕН
ЗАТОА ШТО НИЕ МАКЕДОНСКИОТ НАРОД ТОА ГО ЗНАЕМЕ И ДЕМОКРАТСКИ КЕ ГО ОТСТРАНИМЕ
ОД МАКЕДОНСКАТА ПОЛИТИКА !!! ПОРАЗ И ИЗОЛАЦИЈА !!!
|
| fer.pley, 02.07.2012 11:47:44 | Па до вчера во него се колневте а сега во него плукате, навистина човек неможе да ви го најде крајот.
Кога ќе сватите дека сето ова е политика и борба за власт и фотеља.
Кога ова ќе го свати народот тешко вам ќе биде. |
| neno, 02.07.2012 13:04:06 | So koja retorika ke nastapi VMRO-NP ke nastapi pred glasacite na slednite izbori. Georgievski ke glasa za Crvenkovski. Apsurd na politicarite lakomi samo za pari i mok. Ako imaat idei kako da se upravuva so drzavava neka izlezat so konkretna programa. |
| сведок, 02.07.2012 13:17:56 | ха...ха ? Основачи ?! Сите заедно не се способни да состават една реченица од објавениот текст! Прашање е зашто некои ги промовира овие гротескни креатури во лажни основачи ? Двајца од нив формално и се меѓу десетмината но, нивната мисија е според сценариото на службата во тоа време однадвор со ДПМНЕ да се воспостави контрола врз македонскиот патриотизам ! Национална трагедија е овие експонентни на антимакедонскиот заговор да се валоризираат во основачи и патриоти ! |
|
|
|
|
|
„УТРИНСКИ ВЕСНИК“ ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE
|
|
|
|
Време
|
Скопје, 19°C
Делумно облачно
|
Сабота
Ведро
Макс: 35°C, Мин: 19°C
|
Недела
Сончево
Макс: 37°C, Мин: 19°C
|
|
|
|
|
|