Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Скопје
01.07.2012, 15:45

Прав и пепел крај Стара железничка станица

За трговски центар се збриша дел од белегот на Скопје

Само неколку денови беа потребни деценискиот симбол на Скопје и светската солидарност да станат минато. Старата железничка станица се претвори во прав и пепел. Делови од препознатливиот белег на Скопје останаа да сведочат дека таму некогаш се наоѓаше центарот на железницата во Македонија. Пероните и вагоните веќе речиси и да ги нема. Багерите и градежните машини на Општина Центар немилосрдно ги збришаа само за неколку дена. Чистката (не)оправдано се прави за потребите на турската компанија „Лимак“, која неодамна го купи реонот околу Старата железничка станица да гради трговски центар, а ќе има обврска да изгради и објект со намена за култура.

Ниту реакциите на дел на јавноста, стручната и „обичната“ не помогнаа препознатливата околина на Старата железничка станица и во иднина да го задржи својот лик. Неуспешни беа неколкуте иницијативи на граѓани Општината да ја преиспита својата замисла просторот да се комерцијализира. Така, наскоро таму ќе почне да се издигнува комерцијалниот објект, кој ќе го градат Турците од „Лимак“.

Од Општина Центар вчера беа недостапни да кажат дали инвеститорите веќе побарале градежна дозвола за објектот. Единствено, неодамна потврдија дека имаат обврска да го подготват теренот за градба.

А каде ќе завршат отстранетите делови од пероните и вагоните, никој не знае.

Од Општината, но, и од Музејот на град Скопје пред нецел месец тврдеа дека тие нема да се уништат, туку ќе се постават на друга локација. Која, тврдеа дека не знаат. „Ќе се дислоцираат, но каде, се' уште не знаеме“, рекоа општинарите.

Од Музејот, пак, рекоа дека тие немаат допирна точка со тој дел од Желез��ичката станица. Потенцираа дека во нивна ингеренција е само движното културно наследство внатре во објектот на Музејот. „Ние како институција воопшто и не располагаме со документ дека вагонот и пероните имаат споменично својство, дека се културно наследство или, пак, дека се водат како заштитени споменици“, изјави пред еден месец Љубица Кондијанова, директор на градскиот Музеј. (Дс.Т.)


Статијата е прочитана 7280 пати.

Испрати коментар



„Сектор 909“ организира журка за помош на ЗОО
Кисела Вода го прослави 57. роденден



muzealec, 02.07.2012 00:12:40
Sto ke se rusi, sto ne, sto ima svojstvo na spomenik na kultura, resava Nacionalniot konzervatorski centar i Upravata za zastita na kulturnoto nasledtvo. Muzejot ima samo dokument deka muzejskata zgrada so resenje od Upravata se proglasuva za kulturno-istoriski spomenik.Sto e tuka nejasno ?
demokrat, 02.07.2012 00:13:48
Ova e vic. Ili...?
Vandalizam, 02.07.2012 01:40:10
Starata zeleznicka stanica bese najmarkanten spomenik na katastrofalniot zemjotres sto se sluci na 26 juli 1963 godina, a vandalite resija da go zbrisaat ovoj spomenik!? Na makedonskata javnost treba definitivno treba da i se kaze sto se sluci si izjavata na Tito za obnovata na Skopje! Ili toa nekoj saka da mu se odmazduva za nekakvi negovi ,,greski,,?
Ljubotan Trade Name, 02.07.2012 05:27:19
Za edna finansiska Ujdurma, i istoria na edno minato se prodava! Posle zeleznickata Stanica vo Budimpesta Skopskata Zeleznicka Stanica [i Oficerskiot Dom] bese Najubava i najfukcionalna vo Evropa! Kakva bruka ne samo za Skopje tuku i za cela Makedonija.Ako bese, Pametna Nacija .trebase da napravi Tragicen Muzej Memorialen Park na Izginatite okolu Starata Zeleznicka Stanica. Istoriski podsetnik na edna najgolema Balkanska Tragedija samo za nekolki sekundi. Pametnik So site Vozovi -Lokomotivi, Patnicki Vagoni,Vagoni na Prva klasa,Spalni Vagoni,Restorant Vagon, Cekalni za Prva Klasa. Biletarnici i originalni, onie Tvrdi Bileti ,Salterite za Bileti, Spikerkata so prepoznatelen glas;Vnimanie,Vnimanie! Expresniot Voz za Frankfurt kasni 15 Minuti,Paznja,Paznja,Ahtung,Ahtung,Atansion,Atansion i se drugo. Zamislete, ako Skopje ova go socuvase i Evropski Vremeplov ce Bese! Ima edna sto veli; Bez Minato, Ne Se Odi Vo Idnina!
Кемал Ататурк, 02.07.2012 07:44:16
Дојденциве во Скопје навистина имале страшен комплекс кон градот и сега кога се некој фактор решиле да си ги излечат фрустрациите, комплексите и стравовите од ГРАДОТ.
LEOMESE, 02.07.2012 08:13:40
Трагедија. За да мала група на луѓе се офајди со некоја паричка се руши историјата на Градот на солидарноста Скопје. Така се прави и со парковите, зеленилата. Новиот градоначалник да украде некоја паричка прави се да изгради зграда каде паметен човек би посадил само дрво. Трагедија, катастрофа. Ако господ ќе им плати, страшно ќе завршат, страшно
Mirko, 02.07.2012 08:48:23
Se pocnuva i se zavrsuva so VMRO-DPMNE. Tie se politicari, istoricari, fizicari,arheolozi, izumiteli, a se i najgolemi trosadziji na narodni pari.
Горан, 02.07.2012 09:01:33
Брука за Македонија е НГ и неговата партија. Се прават за свој интерес, е гласачкото тело го манипулираат перфектно. За жал ќе бидат уште долго на власт, поради глупаците кои им веруваат.
miki, 02.07.2012 09:11:44
Novinarot sledniot pat neka malku istrazuva, vagonite gi isekoa i zavrsija na otpad, nikakvo dislociranje. bea stari, ce napravime novi i poubavi
Zoki, 02.07.2012 10:19:25
Kakva svetska solidarnost? Pa neli vi e jasno deka Skopje se izgradi vo celost od 2006 pa navamu.. Pred toa bese prazna livada!?Stvarno ova e nepromislen akt ,so politicki akcent, so necista ekonomska zadnina i so golem stepen na ruinirana etika!
aleksandar, 02.07.2012 11:16:14
Ne treba da se zloupotrebuva rusenjeto na divoizgradenite objekti sto nemaat nikakva vrska so Muzejot, odnosno starata zgrada na zeleznickata stanica) i grubo da se insuinira deka se brise spomenik.
Ајван Доктор®, 02.07.2012 11:56:34
Ниту еден земјотрес не може подобро да го разурне Скопје од Коце!Поголема Катастрофа од него,градов нема видено!Невиден вандализам!Очигледна е неговата омраза кон градов која му создала вкоренет комплекс!Секако,вагоните и пероните не мора да се влезени во „споменично наследство“за да претставуваат симбол-споменик на едно минато!Само луѓе со кавернозни главички може да се правдаат со тоа дека нешто што не било внесено како „заштитен споменик“ може слободно да се урива!Извршен е своевиден геноцид врз старото Скопје на радост на дојденците!Коце ги уништи сите зелени површини во градов,Водно и неговата повеќедецениска шума!Ги уништи старите белези на градов преправајќи ги во барокно лудило!Стариот Народен театар го поставија наопаку,обратно,го прошараа Калето,ставија „старо“(огради и фасади)на новото,а старото го разурнаа претворајќи го во ново!Сè треба да носи белег на овие недоделкани новокомпонирани граѓани!Портокаловата малограѓанска фурија урива сè пред себе!
Slavija, 02.07.2012 13:19:47
Sega ke napravat novi spomenici-Vagoni.
Valentina - SAD, 02.07.2012 13:56:16
Zoshto ni e vistinska istorija i spomenici za istata koga sekojdnevno si shtancame istoriski fakti kako ke ni tekne i si pravime spomenici na koi mora da im dademe dvojno ime zatoa shto znaeme deka nemame pravo na vistinskoto ime na spomenicite sho si gi postavuvame kade sho ke ni tekne. REZIL! Aj da vidam dali ov ake go objavite....
bale, 02.07.2012 14:30:36
od komentarive vrska nema so vistinata.se srusija samo peroniti idivite objekti okolu niv.starata zeleznicka stanica e gradena vo BAROK i ona ostanuva.site sto kritikuvaat izgleda ne pominale tamu da vidat na sto lici toa.navecer bese stasno da se pomine.
Justinijan od Taor, 02.07.2012 15:34:29
Starata zeleznicka stanica trebase da se obnovi.Da si postoea i peronite i edna parna lokomotiva so nekolku patnicki i teretni vagoni.Trebase uste vednas po zemjotresot da se vozoobnovat zeleznickata stanica,oficerskiot dom i drugi takvi vredni objekti.Zosto toa ne se napravi od 1963 do sega?Koga sme kaj vozovite.Se sekavate na pionerskiot voz?Pred 10 i vise godina kako da ja vidov malata parna lokomotiva so nekolku patnicki vagoni karsi hemiskoto uciliste.Sum videl kako po zapadnive zemji se renoviraat stari parni lokomotivi i im se dava likot na vozot od starite crtani Tomas i negovite drugari lokomotivi.Deca kup.Inace za turisti se organiziraat turi so parni lokomotivi do nekoe staro mesto.Toa osobeno go ima vo Britanija,Kanada,SAD,Avstralija,Nov Zeland.Ama nie po obicaj najverovatno sme gi isekle starite lokomotivi i vagoni.
Величествениот Султан, 02.07.2012 15:34:43
Им благодарам на сите македонски политичари кои срушија многу повеќе отколку ние за 500 години. Кога си заминавме пред стотина години, ни на сон не ни дојде дека самите македонци толку ќе не сакаат за да ни даваат замја за малку пари во центарот на Скопје т.е. Македонија. Ниту моите најголеми пророци не предвидоа дека нашите серии ке ги гледаат а да при тоа не прашуваат ни за леб ни за вода и дека глумците врски ке факаат и на колена ке молат за да ги дадат своите гласови за нашите ликови од сериите. Колку ми е лезет на душата кога ке видам како децата се идентификуваат со нашите херои од сериите, колку убаво им стои облеката направена во Турција и како борба водат по дома само на одмор кај нас да дојдат. Фала им на сите политички партии од последните 20 години.
Nata, 02.07.2012 17:46:12
Za ova treba nekoj da odgovara.
Shto ubav prostor za spomenici!, 02.07.2012 18:21:49
Uf, kolku prostor se otvori za spomenici, a taman pomislivme vece nema kade. Ushte lichnosti da najdat. Ostanaa ushte Karakachanov, Sheshelj i Dzemo Hasa, i eventualno Bozidar Dimitrov. Ama ke se krene so vtor krug, taka da Radev ovoj pat ke se najde na pokrivot na toj TC, zaedno so velichenstveniot Sulejman. A poshto se oni mnogu bitni za makedonskata istorija i drzava, mora da se visoki najmalku 50 metri. Da se svet chudi! A Tito i toboznite negovi poraki i zaslugi se izmislici na komunjarite. Takva lichnost ne e postoela na ovie prostori, ponajmalku vo istorijata na drzavata Makedonija.

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

Што прават денеска
 


Site Meter


Време
С��опје, 28°C

Ведро

Среда
Ведро
Макс: 38°C, Мин: 18°C

Четврток
Делумно облачно
Макс: 36°C, Мин: 17°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

Исинбаева остана без златен медал
Фаворитката за златниот медал во скок со стап во женска конкуренција Русинката Елена Исинбаева неуспеа да го одбрани прв...
Преглед на освојувачи на медали – Лондон 2012 – 10.ден
По десеттиот натпреварувачки ден 70. држави имаат освоено медали...
(ФОТО) Болт е најбрзиот човек на планетата
Јамајканецот повторно со злато и олимписки рекорд на 100 метри...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |