Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Скопје
27.06.2012, 17:08

Комуналните редари добија униформи

Граѓаните ќе можат да ги препознаваат луѓето што казнуваат за фрлено догорче, смет на недозволено место, за истурање шут

Граѓаните од денеска ќе можат да ги препознаваат комуналните редари што казнуваат за фрлено догорче, смет на недозволено место, за истурање градежен шут... Тие ќе бидат облечени во темносини панталони, светлосина кошула и сино капче. На левиот ракав од кошулата, односно на јакната која е дел од зимската униформа, има натпис „комунален редар“ испишан на македонски и на албански јазик. Таква униформа ќе имаат редарите во сите скопски општини, со исклучок на Сарај, каде што допрва ќе бидат вработени редари, а на подрачјето на Карпош тие ќе бидат облечени по избор на градоначалникот Стевчо Јакимовски, кој, наводно, не ги сакал униформите што ги избрал Градот.

„Униформите ќе придонесат за препознатливост на комуналните редари и превентивно ќе дејствуваат на хигиената во градот. Нашата цел не е да ги зголемиме казните, ниту да казниме повеќе луѓе, туку да дадеме до знаење дека има лице што казнува доколку некој не се придржува на комуналниот ред“, истакна на вчерашната промоција на униформите, градоначалникот Коце Трајановски.

Тој информира дека во моментов Градот има ангажирано 19 комунални редари, од кои пет работат на подрачјето на Ѓорче Петров, Центар има четири редари, Шуто Оризари, Аеродром, Кисела Вода и Гази Баба по три, а општините Бутел и Чаир по двајца комунални редари.

На вчерашната промоција присуствуваше и министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, според која во изминативе 4 години откако е во сила Законот за јавна хигиена, значително била подобрена еколошката слика. Сепак, се' уште има несовесни граѓани. Според статистиките, на подрачјето на Скопје биле поднесени 1.100 прекршочни пријави, а на ниво на цела држава 64.404. „Најголем дел од казните се изречени за фрлање отпад на недозволени места“, рече Јанкулоска.


Статијата е прочитана 1436 пати.

Испрати коментар



Прв пат во Македонија 40 бренда во „Скопје сити мол“
Шпанско село, сепак, ќе се урива?



Alex, 28.06.2012 07:39:47
me interesira samo po zakon dobivaat ovlasutanje ovie? posto nitu se policajci, nuti inspektori..
jimmy1, 28.06.2012 11:03:18
Treba da im se dade po edna golema pepeljara (so remen kako torbite) za da ima pusacite kade da gi frlaat dogorcinjata.
miki, 28.06.2012 12:37:24
Нешто како парамилитарна формација ли е????????? Господ знае што имаат намислено????????

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

Што прават денеска
 


Site Meter


 
Време
Скопје, 29°C

Делумно облачно

Понеделник
Сончево
Макс: 35°C, Мин: 16°C

Вторник
Ведро
Макс: 34°C, Мин: 17°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

(ИНТЕРВЈУ) Најприроден е патот во кој нема калкулација
„Состојбата во нашата кинематографија е таква што ги насочува младите автори да бидат конформисти“, вели режисерот и сце...
(ИНТЕРВЈУ) По Хрватска, ЕУ ќе се занимава со својот опстанок
„Македонија има проблем со економската стратегија“, оценува Алберт Маес, претседател на Европскиот центар за мир и разво...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |