27.06.2012, 17:02 Поглед
Среќно, Црна Горо
Љупчо Поповски
Кога денеска премиерот Никола Груевски ќе стигне во Брисел на состанокот на европските народни партии, две работи ќе му остават горчина во устата – првата е што најмалата република од поранешна СФРЈ, Црна Гора, доби датум за преговори со ЕУ; а втората дека не ќе може да се сретне со новиот грчки премиер Андонис Самарас со кого седат на иста маса на народниците за да се запознаат и може барем кусо да поразговараат за името. Двете работи беа очекувани, но и очекуваните работи знаат да бидат изненадувачки.
Не треба да имаме ни трошка завист или љубомора на успехот на Црногорците, ниту да ја прекоруваме Европската унија што им прогледала низ прсти за главниот проблем на нивната држава – криминалот. Кога ќе почнат преговорите, ќе видат Црногорците како е да бидеш притиснат до ѕид за да ги исполниш обврските (случајот на Иво Санадер е одлична поука). Ние никако да забележиме дека другите напредуваат, а ние стоиме. Не е само Грција виновна за нашето назадување. Видете ги извештаите на светскитe институции за страшното паѓање на слободата на медиумите и веднаш ќе ви стане јасно каква е перцепцијата за Македонија.
Молчаливиот амбасадор на Унијата во Скопје, Аиво Орав, во интервјуto за Радио Слободна Европа, како да не' смести три басамаци подолу на европските скали. „Има повеќе од 140 цели што Владата треба да ги исполни и одредени се многу јасни крајни рокови. Доколку Владата ги исполни, тогаш ќе биде речиси невозможно земјата да не добие препорака за започнување на преговорите“. Тоа, значи, ќе се оценува како голем успех. Па, ние три години едноподруго добиваме препорака за почнување на преговорите од Европската комисија. Сега треба херкуловски напори да вложиме за да го оствариме ланскиот успех. Ех, како времињата се менуваат. Затоа, среќно Црна Горо... |
|
Статијата е прочитана 1054 пати.
|
Испрати коментар
|
|
jovan, 28.06.2012 01:05:33 | Crna Gora duri e i *ponapred* od nekoj drzavi koj veke i se vo Evropskata Unija. Crna Gora go ima vovedeno Evroto kako platezno sredstvo na svojata teritorija, no toe e STROGO ZABRANETO od samata Unija. Po toa se gleda deka Crna Gora ne ispolnuva ama bas nikakvi uslovi i e daleku zad Makedonija vo mnogu sveri, no isto taka e jasno i po koj arsini raboti Unijata. na Crnogorcite ne im zaviduvam, neka im e so sreka, no ne sme ni nie do tolku za frlanje za da sega samite se obvinuvame deka ne cinime. Site na ovoj Balkan sme isti go..., no ete , nekoj ima poveke sreka ili naklonost, a nekoj pomalku. |
| dedo dimo, 28.06.2012 05:53:35 | Ako vie nemate sloboda vo Makedonija da pishuvate shto sakate jas ne znam koj ima poveke vo svetov .Vie kako shto pishuvate nekoj raboti da ste vo nekoja druga zapadna zemja siguren sumdeka mestoto ke vi bidi vo zatvor .Nikade vo zapadnite zemji ne smejsh da pisuvash nisto ako ne si 99% siguren ,a vie tresite gluposti bezdokazi.Drugo od ne razbrani luge kako vas ne mi e chudno shto Makedonija nemozi vo EU. |
| ПОШТЕНИ ГРАЃАНИ, 28.06.2012 07:06:28 | ТРЕБА ГОЛЕМА ЛИСТКА НА СИТЕ ИЗВАЛКАНИ ПОЛИТИЧАРИ,СПОМНАТИ ВО МЕДИУМИ,ПОД ИТНО.ДА СЕ ИЗВАДАТ ОД ФИОКИ СИТЕ ПРИКРИЕНИ КРИВИЧНИ ДЕЛА.РЕОРГАНИЗАЦИЈА ВО ОБВИНИТЕЛСТВАТА,НАРОЧИТО ВО ОСНОВНИТЕ КАДЕ Е НАЈГОЛЕМАТА КОЧНИЦА ВО БОРБАТА ПРОТИВ КРИМИНАЛОТ И КОРУПЦИЈАТА.САМО ТРЕБА ПОШТЕНИ И ЧЕСНИ ИСКУСНИ КАДРИ,А НЕ САМО МЛАДИ ПА МЛАДИ,ВО РЕД ТИЕ ДО ИСКУСНИТЕ.ИЗВАЛКАНИТЕ КАКО ЌЕ СЕ ПОЈАВАТ ПРЕД ГРАЃАНИТЕ? |
| Д.Бојчев, 28.06.2012 07:11:47 | до Јован: ајде момче олади... |
| pameten, 28.06.2012 08:06:50 | Кога комисијата Бадентер оцени дека само Македонија и Словенија ги исполнуваат критериумите за меѓународно признавање, тие беа единствените земји од поранешна Југославија, кои имаа граница со тогашната Европска економска заедница. Но само Словенија прва стана членка на ЕУ, Македонија заостанува зад Црна Гора, која тогаш дури не сакаше независност. Точно е дека во Централна Европа соседството значи пријателство и поддршка, на Балканот - значи непријателство. Но Македонија одамна ќе беше членка на ЕУ ако политичка елита беше излегола со jасна позиција: Никој не го негира фактот дека античкото Македонско царство било хеленизирано, а големото мнозинство од населението во Македонија за време на Средниот век и Преродбата се самоопределувало како Булгарско. Но ово е историја, а денешната самоопределба на нашиот народ како Македонски е реалност. Кога го признаеме тоа, проблемите ќе се решат. За жал ќе треба да чекаме. |
| Prijatel, 28.06.2012 10:19:47 | Dobro e da go vezhbate i slednovo: Srekno Srbijo, Srekno, Albanijo, Srekno Bosna i Srekno Kosovo. Vie samo napred, spasete se od Balkanskava bara! |
| Jован АН, 28.06.2012 10:23:14 | И во ЕУ (три пати едноподруго) и во НАТО потврдуваат дека е д и н с т в е н услов за почеток на преговори или прием е д о г о в о р со јужниве околу името.Тоа го знаеме сите,но сепак се правиме недоветни и се самооптужуваме!Очигледно дека ваквите пишувања се за домашна намена со други цели. |
|
|
|
|
|
„УТРИНСКИ ВЕСНИК“ ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE
|
|
|
|
Време
|
Скопје, 31°C
Ведро
|
Сабота
Сончево
Макс: 34°C, Мин: 17°C
|
Недела
Сончево
Макс: 35°C, Мин: 17°C
|
|
|
|
|
Полемика-Новинарството се дави во контејнер со смрдливо ѓубре Новинарките Мирка Велиновска и Билјана Секуловска по повод последните бранувања во медиумскиот простор предизвикани од потпишувањето на Договорот за декриминализација на клеветата, за „Утрински весник“ одговараат на шест прашања за состојбите во медиумите | |
|