Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Коментари
27.06.2012, 18:26

Мислења

Србија не разбира

Роберт Несими

Првите изјави на претседателот Николиќ покажаа дека дел од српската политичка елита се' уште ментално живее во времето на Милошевиќ

По својата поставеност и природата на режимите што ги почнаа, војните во бивша Југославија личат како минијатура на она што се случуваше во глобални рамки во Втората светска војна. Така германскиот национализам од 1930-тите години бескомпромисно водеше кон агресија кон неколку земји во Европа, а таа улога по распадот на Југославија ја одигра српскиот национализам. Во двата случаја се работи за автократски земји, предводени од диктатори кои во нивните умови водеа небески народи кон небесни иднини, со амбиции да го совладаат светот, односно Балканот, така што сите Германци, односно Срби да живеат во иста држава.

Паралелата меѓу двете земји и диктатури завршува со целосните порази што ги доживеа. По војната, германската јавност целосно се соочи со мрачното минато и ја прифати болната вистина дека главен виновник за војната и безбројните злосторства беше токму Германија. Иако војната заврши со големи одмазднички чинови и неправди кон невини Германци (се смета дека по војната, околу 12 милиони Германци насилно се иселени од своите огништа во соседните земји, од нив околу 3 милиони само од Чешка), за Германците тоа не значеше оправдување за злосторствата на нацистите во текот на војната. Време беше за чистење на општеството од нацизмот, искупување на гревовите од минатото и работа за Германија повторно да го заземе своето место меѓу цивилизираниот свет. Таа политика, тој менталитет, отелотворен во ликот на првиот повоен канцелар на Германија, Конрад Аденауер, ги даде вистински плодови за Германците, но и за целиот свет. Резултат на тоа е денешната Германија, за чија благосостојба и цивилизациски вредности е излишно да се каже нешто повеќе.

Мора��но и душевно, примерот на поствоена Германија требаше да биде јасен патоказ за Србија по паѓањето на режимот на Милошевиќ. Но, гледано од овој аспект 10 години потоа, Србија се наоѓа во жална состојба. Клучевите за состав на новата влада таму ги држи никој друг туку некогашниот портпарол на Милошевиќ. Србија штотуку избра претседател кој со години беше дел од режимот и беше потпретседател на партија чиј претседател е еден од најдивите српски националисти и затвореник во Хаг. По неговиот избор, тој како да побрза да докаже дека лажна била надежта оти тој е веќе реформиран политичар, изјавувајќи дека во Сребреница немало геноцид (да се потсетиме дека таму беа убиени околу 8.000 лица за три дена, што значи дека за времето додека го читате овој текст би биле убиени 18 Босанци!) и дека Вуковар, всушност, е српски град. Со тоа тој кратко и јасно стави до знаење дека дел од српската политичка елита се' уште ментално живее во времето на Милошевиќ, потсвесно гледајќи на неговиот режим како незавршено дело. И по овие скандалозни настапи, српската јавност се чуди и е револтирана зашто балканските колеги не дошле на инаугурација на овој новоизбран претседател. Со други зборови, таа очекува дека еден српски политичар може да кажува се' и сешто, а другите се должни да го голтнат тоа и да го прифатат. Таа изгледа не е помирена со фактот што Србија беше поразена воено и политички, дека не ја доби лекцијата за правецот во кој се движи модерниот свет, а секако не се чувствува одговорна и виновна за балканската голгота од 1990-тите години.

Генерално, се чини дека голем дел од српските политичари и јавноста во суштина не спровеле ментална проверка со реалноста по распадот на Југославија. Наместо тоа, тие се водат од едно крајно поедноставено, би рекле наивно да не беше злонамерно, резиме на војните, а тоа е дека „сите страни правеле злосторства“. Со тоа премногу лесно се става знак на равенство меѓу агресијата и злосторствата направени од режимот на Милошевиќ со тие направени над Србите во соседството. А тоа води кон серија други заблуди. Така, фактот дека во хашкиот затвор повеќетемина затвореници се Срби покажува дека меѓународната заедница е против Србија, а не дека навистина огромниот дел на злосторствата навистина ги правеле Србите. Фактот што Србија има најголем број бегалци и дека Србите изгубија дел од териториите каде што живееја се третира како доказ дека е направен геноцид врз Србите, а не како резултат на тоа што Србија ги изгуби сите војни што ги започна. Сета оваа извртена логика ги прави овие кругови да гледаат на Србија како жртва, а не како агресор, и како без нејзина вина да ја гледаат лошо на Западот.

Секако, не би било коректно ако генерализираме и ако не кажеме дека голем дел од српската јавност ги сфатила грешките направени во минатото и ја презела одговорноста за нив за да ги надмине. Голем број гласови за политичари како Николиќ сигурно се дадени и од други (пред се' економски) причини; не поради, туку наспроти неговите вакви ставови за минатото. Но, несреќата на Србија, сепак, лежи во нејзините политичари. Човекот кој требаше да биде српски Аденауер, Зоран Ѓинѓиќ, беше убиен (и тоа од српска рака), а неговиот наследник не се покажа рамен на него. Ваквиот вакуум го користат типови како што се Николиќ или Дачиќ, кои се преправат како жртви и го хранат својот народ со лажни илузии.

Најопасен предизвик за мирот во регионот отсекогаш бил српскиот национализам. Победен воено и политички, за доброто на самата Србија и на регионот, тој треба да се победи и кај самиот српски менталитет. А тоа може да се случи единствено преку искрена проверка на реалноста и искрено соочување со мрачното минато.

(Авторот е член на Институтот ИПЕСА)


Статијата е прочитана 1387 пати.

Испрати коментар



Парите од ММФ замрзнати
Вотергејт 40 години подоцна
Среќно, Црна Горо



jovan, 28.06.2012 00:57:07
Se slozuvam deka Srbite/Milosevic nalikuvase na nekoj nacin na Germancite so Hitler, no slicnosta e mnogu mnogu mala. Germancite/Nacistite ja okupiraa cela Evropa (kade sto i nemase Germanci), dodeka Srbite se sporea so teritorii kade sto imase ili nekogas imalo Srbi. Na genocidot vo Srebrenica mu predhodese genocid na Srpskoto naselenie vo toj reon. Vukovar bese mnozinstvo srpsko naselenie... i da ne nabrojuvam, da ne ispadne deka gi branam Srbite. Situacijata na Balkanov(pogotovo so Srbite) e malku pokomplicirana i ako se pogledne malku potemelno, ke se dojdi do zaklucok deka sekoj ima pravo, pa zatoa e i tesko da se najde nekoe konecno resenie. So Hitler bese lesno, zatoa i *lesno* sve se zavrsi, t.e Germancite lesno prifatija deka bea vo greska, se izvinija, i toj del od istorijata e zatvoren. Ima nekoj mali grupi na povampireni neonacisti, no tie nemaat nikakva mok. Toa se obicni*entuzijasti*, dodeka na Balkanov e malku*poseriozno*.
Ljubotan r Name, 28.06.2012 03:36:50
Ova se zborovite Na Robert Nesimi,,Најопасен предизвик за мирот во регионот отсекогаш бил српскиот национализам.Победен воено и политички,за доброто на саматаСрбија и на регионот,тој треба да се победи и кај самиот српски менталитет.А тоа може да се случи единствено преку искрена проверка на реалноста и искрено соочување со мра��ното минато.Vaka nisto poloso nemam procitano vrz Srpskiot Nacionalen,istoriski,kulturen i mentalen state.Novinarov so ovie optuzbi, mi se cini bara sojuznici naBalkanot protivSrbija. Moze bi ne slusnal Evreite 2000 godini Megju Sebe se pozdravuvale;Ce se vidime Vo Jerusalim.Srbite Cekaa500 god. za Kosovo.Sekoja ponova Imperija ima se,i se pokusVek.SrpskataTragedija e Rezultat na nejziniot mentalitetTugjo ne sakame a svoeto ne go davame,,Bolje Grob Nego RobAma,Nesime Sila Pradata ne ja Moli! Site BalkanskiZemji se Soblekoa Goli pred novata Imperija i ja izgubija Nevinosta.Srbija ostana Sama i posleTri meseci Bombardiranj.Eden Den Nekoj ce go pliva Adriatik.
Жигосан, 28.06.2012 08:55:18
Авторов на крајот шовинистички заклучува: „Најопасен предизвик за мирот во регионот отсекогаш бил српскиот национализам.“ Дали некогаш ќе дочекаме интелектуалец со албанско потекло да го критикува албанскиот национализам?
Јордан Јовановски, 28.06.2012 10:20:30
Многупочитаеми и многууважени Роберт Бесими, на Твоето писание и членство во тој,исто така,високо рангиран институт ИПЕСА, покрај другите небулози, недостасува уште и ова.На Србија и Србите да им накалемеш дека се европски лидери по криминал,проституција,трговија со жени и оружје, европски епицентар на ДРОГА... Многу ме изненади и тоа што заборави да додадеш дека и тие имале ЖОЛТИ КУЌИ, убивале заради трговија со човечки органи...
Milan Kumanovo, 28.06.2012 10:28:44
Komparacijata so Germancite ne drzi..Ako gi pogledneme rabotite od istorijski aspekt ke vidime deka seto toa vlece geneza od vtorata sv.vojna.Srbite bea narod koje desetkuvan od strana i na Bosnjacite,Hrvatite a da ne zboruvame za fasistite i tokmu toj strav gi natera da se organiziraat i da se branat.Ovaa vojna bese odbranbena.Znaeme dobro sto bese naumil Tudjman so Srbite,Alija Izetbegovic nastapi so negovata Islamska deklaracija,interesite na golemite sili se poklopija i dojdoa sekako vojnicki da ne miratVie kako pripadnik na narod koj krena vostanie na Kosmet protiv Srbite da ne se najde vo ista situacija toa najdobro go znaete.Popat takanareceniot genocidvo Srebrenica e razulktat na operaciite na Naser Oric i se raboti za borci koi drzele oruzje vo raka.Vo vojna pobeduva koj e pojak,a posle skoro 70god.Srbite vo ovaa vojna gi socuvaa glavite a dali toa na nekoi im se dopadja ili ne toa e sosem drugo prasanje.Na kraj remetilacki faktor na Balkanot vo poslednite godini se znae .
Ненад, 28.06.2012 12:22:23
Прекрасно, Генијално, Неповторливо објективно.... Ма може еден човек и член да почнува со „Роберт“, може и со „Патрик“, ма може и со „Џорџ“, па сепак „завршува со „Бесими“....
девичанецот, 28.06.2012 12:50:07
Mnogu ednostran napis. Duri i sramno e da se iskazuva vakvo mislenje, koga 200 000 srbi se proterani opd kosovo, a nivnite imoti se uzurpirani. Najopasen na balkanot e Albanskiot nacionalizam , iredentizam a najmnogu nivnoto zaostanuvanje vo svesta za zaedni;ko ziveenje i pocituvanje na sosedot so druga nacionalnost i vderoispoved.
Внимателен читател, 28.06.2012 13:14:02
Госп. Несими добра ви е анализата но не целосна. На Балканот има уште големинационачлистички јадра и државни политики за големи етнички држави. Голема Албанија сите албанци ведна држава, Голема Македонија, Мегло Елада. санстефанска Бугарија. Така што Србија не е осамена во својот национализм и шовенизам. Убаво би било ти како Албанец да напишеш за шовнистичкиот сон на големоалбанците. Или можеби таа тема не носи толку поени како за српскиот шовинизам кој на Алнабниците секогаш им изгледа поопасен од Албанскиот сон и така со ред кај сите Балкнаски народи.
maca, 28.06.2012 15:19:34
najopasen predizvik za mir vo regionot e son za golema albanija.albancite se tie koi sto go turkaat balkanot vo destabilizacija.so netrpenie ocekuvam da napisete nesto i na ovaa tema.
Greshka si gospodine!, 28.06.2012 20:55:50
Od kako za sebe znam, problem sme stalno imale so albanskiot nacionalizam i permanentno prefrlanje na taa vina vrz srbite, a ponekogash i vrz makedoncite. So srbite koga im pukne filmot, a so albancite non-stop, bez prekin. Na kraj od kraishtata, da vidime do shto dojdoa srbite, a do shto albancite. A gospodinot i ponatamou frla prashina vo ochi obvinuvajki gi povtorno srbite, ne znaejki i sam zoshto? Tipichno albanski. Patem, srbite se povtorno dobri so site sosedi (-albancite), dodeka albancite ama bash so nikogo. Tie mrazat se shto ne e nivno. Ne znam kakov e stavot kon i na albancite hristijani.

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

Што прават денеска
 


Site Meter


 
Време
Скопје, 31°C

Ведро

Сабота
Сончево
Макс: 34°C, Мин: 17°C

Недела
Сончево
Макс: 35°C, Мин: 17°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

Полемика-Новинарството се дави во контејнер со смрдливо ѓубре
Новинарките Мирка Велиновска и Билјана Секуловска по повод последните бранувања во медиумскиот простор предизвикани од потпишувањето на Договорот за декриминализација на клеветата, за „Утрински весник“ одговараат на шест прашања за состојбите во медиумите

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |