Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп Саботен магазин
Македонија
22.06.2012, 17:41

Николајчо Николов не сака политика, останува во бизнисот

Заменик-генералниот директор на рудникот „Бучим“ ги демантира сите шпекулации дека ќе биде градоначалник на Радовиш

Иван Бојаџиски



Радовиш – „Злобна шпекулација е дека ќе бидам кандидат за градоначалник на Радовиш. Зад оваа дезинформација не стои добра намера на оние што ја лансирале оваа приказна, која ни самиот не можам да ја разберам. Цел живот сум во стопанството и ме интересира само бизнисот, бидејќи на тоа поле се чувствувам свој и исполнет“.

Ова ни го изјави Николајчо Николов, заменик-генерален директор на рудникот за бакар „Бучим“, кога го прашавме колку се точни шпекулациите во одделни медиуми за неговата евентуална кандидатура за прв граѓанин на градот на бакарот и тутунот.

„Ниту една политичка партија не разговарала со мене, а и да посакал некој да отвори таков разговор, уште со првата реченица би му кажал дека таква тема не прифаќам. Од оваа позиција на која сум, заедно со Васил Борутскиј, генералниот директор на ’Бучим‘ и целиот стручен тим, целосно сум посветен на реализација на проекти од рударството. Идните пет години се клучни за рудникот, бидејќи активно работиме на отворање нови рудници за бакар што ќе значат наш придонес кон економската стабилизација на Македонија. Во Пехчево, на локалитетот Кадиица имаме вистинска офанзива во однос на геолошките истражувања каде што за најмногу три години планираме да отвориме нов рудник за бакар. Интензивно работиме и на рудното наоѓалиште ’Боров Дол‘ во општините Конче и Штип, каде што исто така се утврдени надежни резерви на бакар. Тоа е мојот живот, мојот предизвик, а не градоначалничката функција. Ценам дека партиите ќе им понудат добри кандидати на радовишани“, вели Николов.

Факт е дека околу еден месец во Радовиш многу се говори за евентуална кандидатура на Николов за градоначалник. Според граѓаните, тоа најверојатно е резултат на фактот дека рудникот ’Бучим‘ постојано вложува во разни сектори значајни за животот на радовишани, а за чија реализација најмногу се грижи токму Николајчо Николов. Реновирањето на два големи објекта како што се Домот на култура „Ацо Караманов“ и спортскиот центар „25 мај“, поддршката на културно-уметнички друштва и спортски клубови, на балетски групи, на Здравствениот дом и поголем број други донации кои доаѓаат од „Бучим“ кон градот, се доволна причина за граѓаните да почнат да говорат дека им е потребен градоначалник од калибарот на Николов.

Според Коста Поцков, магистер по геологија, радовишката економија во времето на транзицијата паднала на колена. Се затвориле некогаш неприкосновените капацитети како „Јака Табак“, „Јака 80“, „Декортекс“, рудникот „Дамјан“, ЗИК „Радовишко Поле“...

„Како економски столб на општината и надеж за иднината остана само рудникот и некои помали стопански капацитети. Од тој аспект, за сите нас во Радовиш најважно е актуелниот менаџерски тим да продолжи со успешното раководење, а градот ќе си најде добра личност за градоначалник“, вели Поцков.


Статијата е прочитана 855 пати.

Испрати коментар



Фоторетровизор
13 години со „Утрински весник“
Некои работат како п��д вршник
Нова опрема за поефикасна истрага
Забранети се скутери во Охридско Езеро
Почна уредувањето на коритото на Отиња
Тетово ќе нема семафори



pile, 23.06.2012 11:22:11
Redno e veke politickite partii pri predlaganje na gradonacalnici da gi promenat standardite odnosno da se otrgnat od tesnopartiskite interesi so predlozi na lugje koi se lojalni samo na partijata, a vsusnost za gradot kaj sto se predlagaat, nemaat nisto napraveno.Na vakov uspesen biznismen kako sto e opisano vo rubrikata i treba da mu se ponudi da bide Gradonacalnik,na Opstinite im treba pokraj infrastrukturnite ureduvanja na prostorot i ekonomski razvoj, a ne samo izgradba na igralista i parkovi ili spomenici koja investicija biznismenite kako G-dinot ja smetaat kako mrtov kapital koj samo bara finansii za tekovno oddrzjuvanje.Zatoa opozicijata dobro neka razmisli kogo ke predlaga i podrzji za gradonacalnici, posebno vo Kumanovo dali veke viden na sekoe pole staro nova licnost, ili ke ima sens, za da ne gi prokocka i lokalnite izbori.Na partiski neopredelenite kako nezaviski kandidati treba da im se dade sansa, a ne sobiranjeto na potpisite go realiziraat na bogu iza legja

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

Што прават денеска
 


Site Meter


 
Време
Скопје, 34°C

Делумно облачно

Сабота
Ведро
Макс: 34°C, Мин: 17°C

Недела
Сончево
Макс: 35°C, Мин: 17°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

(ИНТЕРВЈУ) Најприроден е патот во кој нема калкулација
„Состојбата во нашата кинематографија е таква што ги насочува младите автори да бидат конформисти“, вели режисерот и сце...
(ИНТЕРВЈУ) По Хрватска, ЕУ ќе се занимава со својот опстанок
„Македонија има проблем со економската стратегија“, оценува Алберт Маес, претседател на Европскиот центар за мир и разво...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп | Саботен магазин |