Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп Саботен магазин
Политика
29.06.2012, 17:54

Колку можат да бидат искрени еден кон друг Црвенковски и Георгиевски

Здружувањето меѓу некогашните лути политички ривали предизвика експлозија од реакции на политичката сцена

Наум Котевски


Подавањето рака меѓу некогаш најголемите политички противници Бранко Црвенковски и Љупчо Георгиевски во „Александар Палас“ предизвика експлозија од реакции на политичката сцена, за моралната нишка на непринципиелните коалиции, но и за тоа колку ваквиот потег на двајцата архетипски политички противници може да им донесе успех на претстојните локални избори.

Мислењата кај аналитичарите се спротивставени, и покрај фактот што во овдешната политичка арена одамна не се градат политички тимови според идеолошката блискост. Практично, само имињата и историското наследство се останати како репер за определување на некоја партија како лева или десна.

По тој модалитет, да речеме, и Љубисав Иванов Ѕинго е во коалиција со Груевски. А, да речеме и Васил Тупурковски своевремено беше во коалиција токму со Георгиевски. Во таа влада министер за надворешни работи беше Слободан Чашуле. Тој, иако најавите за сојузништво меѓу Црвенковски и Георгиевски изгледаат цврсто, сега вели дека не верува дека на крајот ќе дојде до тоа.

„Секое здружување во политиката е на некој начин легитимно. А, тест за тоа дали ќе има позитивен ефект пред граѓаните, или не, се изборите. Но јас не верувам дека ќе дојде до посериозна соработка. Разликите кај нив за одредени прашања се непремостливи. Овој потег нема да им помогне ниту на едниот ниту на другиот“, вели Чашуле, кој лично смета дека нема да се случи ниту кулминација во смисла на негативниот пристап во политичките кампањи.

„Пресметка��а одамна е бескрупулозна, така да не гледам дека нешто ќе се промени на полошо“, смета Чашуле.

Бившиот премиер за евроинтеграции во владата во Груевски Ивица Боцевски кој на почетокот на неговата политичка кариера соработуваше со Црвенковски, вели дека овие двајца политичари обележааа една цела декада, во која се издвоија две политички движења. Боцевски, сега тврди дека денешната соработка меѓу Црвенковски и Георгиевски претставува многу повеќе симболика, отколку суштина.

„Кај народот постои една поговорка. Во иста река два пати не се влегува. Од нивна визија тие сакаат да направат некакво стратешко помирување. Во политиката е познат моментот ’Никсон оди кај Мао’. Тоа го направи човекот кој беше радикално против црвената Кина. Тоа може во нашиот контескт да се случи ако општеството ни е на рамниште од 90-те години. Но, јас лично мислам дека се случува преобразба. Сменети се политичките услови, но се менуваат и генерациите“, посочува Боцевски.

Политикологот Никола Спасов од агенцијата за истражување на јавното мислење „Рејтинг“, смета дека соединувањето е добар потег, но дека е неизвесно каков ефект ќе предизвика кај гласачите.

„Ќе видиме како ќе реагираат гласачите. Но потегот е исправен ако е целта да се соединат гласовите на опозицијата, наместо како на последните избори да се настапува разединето“, смета Спасов.

Комуникологот Сеад Џидас, пак, вчера на својот фејсбук профил го иронизираше новиот политички моментум. „Вести од 2025 година - Груевски и Црвенковски договорија изборна коалиција против премиерот Никола Тодоров и владата составена од негови клонови“, цинично коментира Џидас.

Во насока на ваквите допадливи имагинации, како доказ дека во политиката се' е можно, одредени аналитичари сметаат дека непринципиелните коалиции никако не значат дека учесниците треба веднаш да се гледаат во пламенот на политичкото сено.

Аналитичарот Алберт Муслиу неодамна потсети на искуствата во албанскиот политички блок. „ПДП и ДПА беа лути противници, а во 2002 година влегоа во коалиција. Од она што досега сме го виделе, можно е дури и ДУИ да седне заедно со ДПА, колку тоа во овој момент да изгледа невозможно. Македонија е млада демократија, така што класичната европска поделба на идеологии не е толку изразена. Најдобар пример е што левоориентираната ДУИ и десната ВМРО-ДПМНЕ се заедно во Владата. Гласачите кај нас гласаат за личност, за лидерот на партијата, а не за идеолошката определба или, пак, за програмата на таа партија“, рече Муслиу.


Статијата е прочитана 2500 пати.

Испрати коментар



Груевски
Попоски
Клеветата наскоро пред пратениците
Сите членки на ЕУ се одговорни за Македонија
Опозицијата му го расипа мирот на Вељаноски
Интервју - Опозицијата манипулира со Законот за вработување
Грците ги криеле посредниците во поткупот на „Маѓар телеком“



jovan, 30.06.2012 00:14:10
Dali e ova prirodna ili neprirodna koalicija ne e voopsto bitno.Bitno e kako ke vladeat, dokolku bi dosle na vlast, sto bi ponudile, promenile, podobrile.I dvajcata imale prilika da ja vodat drzavava, i bogami, nisto posebno ne pokazaa. No, so obzir na toa sto vo momentov nov politicar/pravec ne se pojavuva na Mak.politicka scena, togas i ovoj tandem moze da se prifati kako*dobrodojden*.Uste ako i imaat nesto svateno od minatoto i greskite koj gi imaat napraveno, togas da se nadevame deka nesto ke se*razmrda*.Inaku vakva*neprirodna*koalicija napravija i Stalin-Chercil... so cel da go urnat zaednickiot neprijatel.Hitler dobro predvide deka toa e neprirodna koalicija i deka samite megu sebe ke se*stepaat*, no go promasi tajmingot.Mislese deka porano ke se sluci toa. Na VMRO mu ostanuva da se nadeva deka ovie predvreme ke se rasturat, vo sprotivno, gi ceka ogromna opasnost. Zatoa, sega ke*pukaat*od site oruzja.Vcera napisav deka toa ke bide*najinteresniot*del.Svasta ke pravat samo da se s
makedonoid, 30.06.2012 00:44:29
kolku mozat da bidat iskreni eden sprema drug crvenkovski i georgievski najdobro znatat gruevski i ahmeti koku se iskreni pomegju sebe, samo sto prvite dvajca (brankoi ljupco) se nasi lugje i se makedonci iako edniot srboman a drugiot bugarofil, dodeka vtorite dvajca (nikola i ali ) cii lugje se ?
Gjorgji, 30.06.2012 00:55:48
Site, ama site, do eden, politicki analiticari, se sto analiziraat im izleguva obratno. I seuste ne razbiraat deka narodot kristalno jasno ja prepoznava nivnata naklonetost kon levo ili kon desno. No TIE, ne razbiraat deka ne se tolku silni da so nivnite komentari vlijaat na javnoto mislenje kaj narodot. Narodot e dovolno politicki zrel za da sozdava sopstveno mislenje i ne dozvoluva veke da mu go perat mozokot. Za dvaeset... i taka nataka godini gi naucivme site trikcinja na politicarite i sobravme dovolno iskustvo. Mnogu dobro prepoznavame istroseni politicari so izliteni frazi i politicari so potencijal i iskrenost za odrabotuvanje na programa. Se drugo narodot ne go interesira.
ФЕЛИКС, 30.06.2012 06:35:14
Не би се рекло дека се работи за ,,пламен во политичко сено,,туку за ,,искра во политичкиот коров,,.Двајца изборно шашардисани губитници се здружуваат да направат некаков повраток на политичката сцена со нудење на едно големо политичко ништо,сем так нормално омразата кон оној кој постојано изборно ги ,,суредува,,.. Подтикнати од несносливоста на опозициското опстојување кое стана препознатлив стил за нив.Уште им фали оној од ДПА да оваа весела дружина го заокружи политичкиот никаков формат.Инаку ако се опишуваат недоследности би ми требало простор од едно неделен коментаторски простор.Но би се задржал само на два весели момента.Како ќе го објасни Шатевскиот илузионист здружувањето со благонадежник а во исто време владата ја перцепира како пробугарска.И второто како мисли да прави коалиција со ноторен конфедералист.Вероватно парафразирано како Митке од Коштана за младоста,,ах бре пуста је жал за власт,играј те бре Шатевци за мене,,
Бојан, 30.06.2012 08:29:00
Не знам само од кога Слободан Чашуле стана толкав голем експерт. Од бивш комунист, преку алтернативец на Тупурковски, стана вмровец, а сега е антички фалангист.
risto, 30.06.2012 10:05:57
Доказ дека поговорката И БУДАЛАТА БЕГА ОД ПИЈАНИОТ не важи.
девичанецот, 30.06.2012 10:36:46
Од пензионерот Б.Ц. се може да се очекув, т . е. ништо не е зачудувачки. После јавната изјава дека нема да се кандидира за претседател, се кандидира. После јавната изјава дека нема да прави коалиција со терористи, 2002 ја направи. А ете сега со Љ.Г..коалиција..јавно нека каже во кои програмски определби на двете партии имаат допирни точки? Се разбира ако не ја сметаме програмската определба за гола борба за власт....
raskalas, 30.06.2012 11:32:19
Za vlast i so crniot gjavol kje koaliciram, toa se zborovite na Ljubco Georgievski , koga go proglasija za pocesen pretsedatel vo DPMNE, odnosno dobi sut karta, pa formirase svoja partija NP.Toa izgleda, ai e se posigurno go prifakja i B.C. , sto e uste poloso i pocena da se otkaze i od Makedoncite vo R.M.(se otkaza od Egejcite), bidejki nvakva sloga so Lubco avtomatski znaci i soglasuvanje, a podocna i primena na ovie stavovi!
slave, 30.06.2012 11:34:39
Колку можат да бидат искрени еден кон друг Црвенковски и Георгиевски - николку.
pile, 30.06.2012 14:53:27
Ocekuvam za kratko vreme da splasne seta negativna euforija od vakvi i slicni sredbi kako vo makedonskiot taka i vo albanskiot politicki blok (site se nasi),so obedinuvanje na site politicki partii, koga se raboti za interesite na Drzjavata, i da se formira Vlada na nacionalna edinstvo-odgovornost, so sto ke se iskoristi periodot na zapocnuvanje na mandatot na novata Vlada vo Republika Grcija za nadminuvanje na najsustinskite prasanja koi go kocat razvojot pa duri i opstanokot na republika Makedonija.Vladeackoto mnozinstvo ima pravo i legitimet da izbere dali ke prestane da glumi deka ima kapacitet i begraund da obezbedi perspektiva na gragjanite ili da prodolzji so prepukuvanje nameneti za dnevno politicki poeni.Gruevski e na poteg, da gi zauzda glasnogovornicite i manipulatori na sopstvenoto glasacko telo ili da si dade OSTAVKA.A posebno posle denesniot natpis vo fokus vo kolumnata na G-din Stevce Jakimovski, a i da rascisti deka i niskogradba e del od gradezjnistvoto.DOBLEST e da
jon, 01.07.2012 10:18:38
kolku ke se iskreni pomegju sebe treba da pocekame no Branko kolku ke bide iskren prema pogolemiot del od glasackoto telo na SDSM koe nesaka promena na Ustavnoto ime na Drzavata a tokmu vecerva vo Prilep go ocekuvaat dolgo ocekuvaniot povik za edinstvo vo odbrana na ustavnoto ime na Makedonija, povik koj nosi sigurna pobeda na SDSM a so nadez deka nema da izostane ovaj pat vo Prilep
dedo dimo, 01.07.2012 11:05:23
Lugeto sve pravat za da dojdat do vlast ponovo ,ako treba i vo BRACHEN KREVET. No na zalost ni toa ne mozi da im pomogni. Krajot e dojden.Izgleda lugevo ne mozat da svatat deka nivnata ednosmerna ulica e dolga za da mozat da signat do celta, odnosno se vika BESKRAJNA. ZBOGUM zasekogash.

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

  


Site Meter


 
Време
Скопје, 24°C

Ведро

Понеделник
Сончево
Макс: 35°C, Мин: 16°C

Вторник
Ведро
Макс: 34°C, Мин: 17°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

(ИНТЕРВЈУ) Најприроден е патот во кој нема калкулација
„Состојбата во нашата кинематографија е таква што ги насочува младите автори да бидат конформисти“, вели режисерот и сце...
(ИНТЕРВЈУ) По Хрватска, ЕУ ќе се занимава со својот опстанок
„Македонија има проблем со економската стратегија“, оценува Алберт Маес, претседател на Европскиот центар за мир и разво...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп | Саботен магазин |