Хороскоп
ОВЕН
Не влегувајте во вербална расправија со вашиот шеф или претпоставен без оглед на тоа колку сте во право. Посебно не правете го тоа пред очите на колегите. Кога ќе сфатите дека правдата не победува секогаш? Вашиот шеф не игра чесно.
БИК
Нема одмор за вас. Денешниов ден е напорен, но среќа во несреќа е што одлично се носите со животните предизвици. Ако ви се случи да заглавите во некој проблем, немојте да се мачите, туку побарајте стручна помош. Макар да треба и да ја платите!
БЛИЗНАЦИ
Во принцип, работите ви одат добро. Единствениот проблем денеска би можел да биде една постара личност, која бара поголемо внимание, љубов, подароци, разговор... Штом е така, направете компромис. Разубавете и' го денот.
РАК
Ја завршивте работата на време, па сега заслужувате награда. Денеска почестете се со тоа што ќе изберете што сакате да работите. Направете се' што ќе ви падне на памет, зашто и онака пред вас е период кој по многу нешта ќе биде успешен.
ЛАВ
Ќе имате многу работа, а покрај тоа ќе треба да задоволите и дел од желбите на вашите најблиски. Проценете ја ситуацијата. Ако е навистина важно, сторете го тоа веднаш, а ако не е, ноншалантно одбијте ги. Сега имате приоритети.
ДЕВИЦА
Ќе почувствувате страшна потреба за трошење пари, така што ќе купувате разновидни ситници од кои воопшто немате потреба. Партнерот ќе ви забележи на однесувањето, но вие тврдоглаво ќе си терате по свое. На крајот на краиштата, тоа се ваши пари!
ТЕРЕЗИЈА
Што сакате? Работата ви оди релативно добро, финансиската ситуација е подобра, додека во емотивниот живот ви се случија некои значајни, но и позитивни промени. Затоа, не бидете неблагодарни и уживајте во она што го имате.
СКОРПИЈА
Бидете потрпеливи ако имате деца. Нив воопшто не ги интересираат вашите обврски, па од утро до мрак ќе успеат да направат илјада и една глупост. Не попуштајте им. А ако навистина претераат, дозволете им да се издуваат некаде надвор.
СТРЕЛЕЦ
Толку сте љубопитни што денеска ќе се најдете во многу непријатна ситуација. Ќе добиете неколку покани за вечерно дружење, а вие ќе се согласите на сите зашто многу ве интересира кого се' би можеле да сретнете. Единствен проблем е што не може да се клонирате.
ЈАРЕЦ
Посветете се на работата. Лесно ќе ги решавате тековните проблеми, а луѓето околу вас ќе ги прифаќаат идеите кои им ги нудите. Ќе имате одличен работен ден, а и вечерта нема да биде лоша. Веројатно ќе излезете и ќе се забавувате со друштвото.
ВОДОЛИЈА
Обидете се да се присетите кога последен пат сте разговарале со партнерот за својата врска. Не можете да се сетите? Е, па, тогаш е крајно време малку да поразговарате и на оваа тема. Немате некои големи проблеми, едноставно се оддалечивте еден од друг.
РИБИ
Искористете ги моменталните поволности кои нема да траат уште долго, посебно кога се работи за вашата кариера и напредок. Ви препорачуваме поголемо внимание во донесувањето на важните одлуки, кои би можеле да имаат релативно долготрајно влијание врз вас.
|