Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп Саботен магазин
Македонија
22.06.2012, 17:37

Некои работат како под вршник

Работници и средe пладне работат на градежен објект, иако според препораките треба да се избегнува работа на отворено од 11 до 17 часот

Јасмина Јовановска

Работници работат како под вршник бидејќи газдите не ги почитуваат препораките за заштита од тропските горештини. Најголеми отстапки има во градежните фирми, чии работници работат на отворено. Не ретки се сликите каде што работници и на сред пладне работат на изградбата на некоја зграда, или на поправка на патишта, иако владините препораки се да се избегнува работа на отворено во периодот од 11 до 17 часот или да се воведе двосменско работење. И земјоделците не се во ништо подобра состојба. Земјоделските фирми не ги ослободуваат од работа на нива и во најтоплиот период, ниту, пак, го скратуваат работното време дури ни за работниците кои работат во пластеници, каде што температурата се искачува и над 40 Целзиусови степени.

Но, не е мал бројот ни на претпријатијата кои за своите работници што работат во затворени простории и погони не обезбедиле соодветна вентилација и ладење и иако има клима-уреди, штедат и не ги вклучуваат. Работниците се жалат дека нема што да прават кога мора да заработат за плата, па бараат спас во шишето вода.

Од Здружението за заштита при работа велат дека и тие забележуваат непочитување на препораките речиси на секој чекор. „Веројатно зашто се препораки, газдите имаат можност за калкулирање и да поминат само со обезбедување минимални услови за заштита од топлото време“, велат од Здружението.

И од Министерството за труд и социјална политика потврдија дека мерките за заштита од тропските горештини најмногу не ги спроведуваат градежните фирми и некои текстилни погони. „Од досегашната контрола, констатирано е дека најголемите пропусти се во градежништвото“, рече на вчерашната прес-конференција министерот за труд и социјална политика, Спиро Ристовски, но не откри за какви пропусти зборува и кои се фирмите кои не ги почитуваат препораките.

„Засега само укажуваме на препораките, но не може да ги санкционираме фирмите. Санкции ќе следат доколку поради непочитување на препораките некој од работниците настрада“, рече Ристовски. Тој потенцира дека препораките важат за работодавците на целата територија на државата, без разлика дали регионот е во жолта или во портокалова фаза од топлотниот бран, бидејќи годинава овие температури се необично високи за овој период. „Исклучок не можат да бидат ни фирмите кои работат на објектите од ’Скопје 2014‘“, категоричен е Ристовски.

Министерството најави дека во наредниот период ќе има засилен инспекциски надзор за тоа колку работодавците ги заштитуваат работниците од топлото време. Доколку некој работник колабира, или има поголеми здравствени последици од работата под вршник, според министерот одговорноста ќе биде на фирмата.

Колку од фирмите кои лани не ги почитуваа мерките поради што настрадаа работници, беа санкционирани, Ристовски не знаеше и бараше новинарите да го потсетат за кои случаи станува збор. „Кажете ми ги случаите, па да ве информираме дополнително“, изјави Ристовски.

Казните за необезбедување безбедни услови за работа се движат од 5.000 до 8.000 евра за фирмата и од 500 до 1.000 евра за директорот или раководителот. Казна има и за работникот, и тоа 50 евра ако не ги почитува мерките за заштита при работа. (Ј.Ј.)

Работниците на отворено да носат капи

За да се заштитат работниците на отворено, Министерството порачува да се избегнува работа на отворено во најтоплиот период од денот од 11 до 17 часот, да се воведат две смени, да се обезбедат засолништа за разладување, како и да се практикуваат почести паузи во текот на денот со обезбедување доволно течности. „Работната облека треба да е од порозна ткаенина и работниците да носат очила и капи. Доколку работниците многу се потат, да им се обезбеди облека за преслекување“, порачува Ристовски.

Мерки и за градинките и за старечките домови

Децата на прошетка да се изнесуваат најдоцна до 10 часот наутро и да им се нуди лесна храна и повеќе течности, е препораката од Министерството до градинките.

На домовите за згрижување стари лица, пак, им се укажува да обезбедат климатизација на просториите, или да обезбедат барем една ладна просторија. На штитениците да им се дава да консумираат лесна храна и да земаат редовно терапија.


Статијата е прочитана 696 пати.

Испрати коментар



Фоторетровизор
13 години со „Утрински весник“
Николајчо Николов не сака политика, останува во бизнисот
Нова опрема за поефикасна истрага
Забранети се скутери во Охридско Езеро
Почна уредувањето на коритото на Отиња
Тетово ќе нема семафори



XXXXXX, 23.06.2012 08:48:55
Toa e Makedonija, Nikoj ne gi pocituva pravilata na rabotnicite, sekojpat rabotodavcite se vo pravo. Neka izlezat inspektoritei da vidat kako Stipskata firma za gradeznistvo vcera beja nateren vo 14 casot, zalno ama sepak treba da padne nekoj rabotnik od zeskiot bran pa togas da se aktivirat inspektorite.
od ostrijot, 23.06.2012 09:28:21
girot za pari neznaje za milost.zalosna vistina no taka e.
florida, 24.06.2012 20:53:11
Procitav dva komentari samo sakam da prasam kade vo zapadot a posebno ovde vo amerika postoi kompanija kade rabotnicite pladnuvaat.Takvo nesto nemam videno nitu pak opcekuvam da vidam.Jas mislam oti ovde vo florida e pozesko otkolku tamu pa nikoj ne pobaral pauza pomegju 11 i 17 casot .Edna zgrada se pocnuva i za 6 meseci lugeto se useluvat e pa sega moze da se vidi kade poaktivno se raboti.

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

Што прават денеска
 


Site Meter


 
Време
Скопје, 34°C

Делумно облачно

Сабота
Ведро
Макс: 34°C, Мин: 17°C

Недела
Сончево
Макс: 35°C, Мин: 17°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

(ИНТЕРВЈУ) Најприроден е патот во кој нема калкулација
„Состојбата во нашата кинематографија е таква што ги насочува младите автори да бидат конформисти“, вели режисерот и сце...
(ИНТЕРВЈУ) По Хрватска, ЕУ ќе се занимава со својот опстанок
„Македонија има проблем со економската стратегија“, оценува Алберт Маес, претседател на Европскиот центар за мир и разво...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп | Саботен магазин |