22.06.2012, 16:03 Тетово ќе нема семафори
Во Тетово во најскоро време ќе бидат отстранети сите семафори, а сообраќајот на раскрсниците ќе се регулира со кружни текови. Тоа е определбата на локалната самоуправа во Тетово. Низ градот веќе функционираат кружни текови на шест места, најмногу по булеварот „Илинденска“ како една од најпрометните сообраќајници. „Подготвителните работи за неколку нови кружни текови веќе почнаа. Таков е случајот со раскрсницата кај ’Тетекс‘, кај онаа во близина на Монополот, исто така работите ќе почнат во најскоро време. Планиран е кружен тек и кај трговскиот центар ’Рамстор‘ на излезот од Тетово кон Скопје. Сите три ќе бидат со дијаметар од по 20 метри, а инвестициите се по околу 5 милиони денари за секој кружен тек“, рече вчера на прес-конференција Фљакран Пустина, портпарол на Општина Тетово. (Г.Е.) |