Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп Саботен магазин
Македонија
29.06.2012, 17:38

Дванаесет македонски студенти на 100 најдобри универзитети

Дванаесетте македонски студенти кои беа примени на некои од стоте најдобри универзитети во светот вчера во просториите на Владата свечено ги примија договорите за стипендии што им ги врачи премиерот Груевски и министерот за образование и наука, Кралев.

„Пред половина година Владата даде јавно ветување дека ќе ги поддржи финансиски оние студенти што ќе ги исполнат условите за да студираат на некој од стоте најдобри универзитет во светот според Шангајската листа. Во тој момент не знаевме колку студенти ќе успеат да се запишат, но си зедовме обврска колкав и да биде нивниот број, да најдеме начини и средства да им се помогне да го остварат својот сон“, изјави премиерот.

Според првичната замисла, овие стипендирани студенти од страна на Министерството за образование и наука по завршувањето на образованието требаше да се вратат и да ја вршат својата дејност во Македонија, но подоцна замислата беше применета. Доколку по дипломирањето успеат да се вработат во некоја од 500 светски најдобри компании според ранг-листата на Форбс, стипендираните студенти, како што сега додаде премиерот, нема да бидат обврзани да се вратат дома, барем за неколку години.

И покрај тоа, повеќето од стипендистите во одделни изјави за медиумите претходно, искажувајќи благодарност за оваа иницијатива на Владата, потенцираа дека сакаат да се вратат во својата земја и стекнатите знаења да ги пренесат тука.

Академската 2012-2013, ќе биде првата година од спроведувањето на овој проект, а според ветувањата на министерот и на премиерот, ќе се практикува и во иднина. Министерството за образование и наука годишно само за школарина ќе издвојува различни суми, од кои најниската изнесува 500 евра годишно за студирање на еден од француските универзитети, а за највисоката школарина ќе издвојува 14.000 фунти годишно за студии на Кингс колеџот во Лондон. (Д.Л.)


Статијата е прочитана 726 пати.

Испрати коментар



Иселениците не мора да вадат македонски пасош
Тутунарите ќе ги добијат субвенциите до понеделник
Намалени новинарските плати во „Фокус“
Научноистражувачка конференција на НАТО во Струга
Штета од 10 милиони денари од невремето во Струмичко
Ѓорче Петров ќе добие споменик во родниот Прилеп
Охридското Езеро дадено под концесија
Фоторетровизор



jovan, 30.06.2012 00:37:52
Toa e vo red. No stom se obvrzani da se vratat ovde, toa znaci deka uste sega im e obezbedeno rabotno mesto, vo sprotivno, sto majka baraat da se vrakaat ako nemaat rabota. Sto rabotno mesto im e obekano, po koj kriteriumi se izbrani... toa e veke druga prikaska. Dokolku se zaposlat vo nekoja od tie 500 svetski firmi (sto iskreno cisto sumljam), togas sto? Ke mora pak da se vratat, ili ke treba da gi vratat parite duplo,troduplo...??? Ova deka bar nekolku godini ke imale moznost tamu da rabotat pa potoa da se vratat, e nelogicno. Koj bi se vratil ovde, ako tamu dobie rabotno mesto koe i za tamosnite standardi e top, a i kako bi go naterale da gi vrati parite ako poveke ne zivee ovde. Garantiraat li so imot roditelite deka deteto ke se vrati??? Kako i site nivni*proekti* i ovoj e okrugol pa na kose. Ne se znae sto e sto. Kolku da se prikaze pred narod deka nesto se raboti, i deka se grizat za mladite. Bez jasni kriteriumi i pravila, ispaga deka i ova e samo marketing.
Ljubotan Trade Name, 30.06.2012 05:06:39
Of Lele . A be dojde vreme na Bpot da mu se kazes; Bop,a na Popot Pop! Nasi 12 studenti na svetskite I V liga , pa kogo bre lazete. So Kings College, kade se;Brown, Columbija, Nyu,Cornel,Duke,Darthmounth, Oxfort,Standford,, A be Lugje, vece ima profesori , na ovie university sto se deca na lugje od makedonija-Diaspora,. Jas licno sum vo kontak so petmina! Daj propagandata na VMRO -ovci,neka Oladi! Pa internnet , nema privilegii za lazlivci! Internet, Utrinski treba da bide i kako onaa : Iskonska Latinska; Neka se slusne i Drugata Strana!
Јана, 30.06.2012 08:54:11
Од сликата што ја гледам, јасно е дека кога ќе се вратат ќе имаат работа, дечиња на ВМРО-вци.. се бре кај нас е мачкање очи, мизерија тешка!
Vineam Makedonski, 30.06.2012 12:31:41
Seto ova e za povalba namesto da se kritikuva treba da se pofali da bideme gordi na site onie sto zavrsija i ke zavrsat fakulten na eden od prestiznite univerziteti vo svetot procitajte malku sto pisuva vo tekstot a potoa kritikuvajte za sekoja povalba se zborovite ne zavisno kolku ke se prijvat za dobivanje stipendija valadata ke se pogrizi tie da dobijat stipendija, ako e tocno od toa sto sum zapoznaet se raboti za diplomci so prosek 9 sto sakaat da napravat magistraturi i doktorati pa decinja neka vi e so sreka magistraturata ili doktoratot so takvi studeniti ke se gordeem site i neka ima kritiki kolku sto sakaat so znaenje ke go osvoime svetot...
mj, 30.06.2012 23:53:35
a premierot i toj se broi vo niv ,deka mi se cini brzo bese i toj koga zavrsi..

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

  


Site Meter


 
Време
Скопје, 28°C

Ведро

Понеделник
Сончево
Макс: 35°C, Мин: 16°C

Вторник
Ведро
Макс: 34°C, Мин: 17°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

(ИНТЕРВЈУ) Најприроден е патот во кој нема калкулација
„Состојбата во нашата кинематографија е таква што ги насочува младите автори да бидат конформисти“, вели режисерот и сце...
(ИНТЕРВЈУ) По Хрватска, ЕУ ќе се занимава со својот опстанок
„Македонија има проблем со економската стратегија“, оценува Алберт Маес, претседател на Европскиот центар за мир и разво...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп | Саботен магазин |