Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп Саботен магазин
Македонија
29.06.2012, 17:39

Иселениците не мора да вадат македонски пасош

Печалбарите ќе треба само да пополнат формулар при влез во Македонија

Горан Адамовски


Нашинците што живеат во странство и имаат тамошен пасош, нема да мораат да вадат и македонска патна исправа за време на престојот во земјава. Штом дојдат во Македонија, ќе пополнат формулар, во кој ќе наведат каде живеат, каде ќе престојуваат и слично, што ќе ги спаси од непотребно малтретирање и трошење пари. Тие што сакаат, пак, и натаму ќе можат да добијат нов биометриски пасош, а да закажат термин можат и на интернет.

Оваа новина следува по големиот број поплаки на македонските иселеници за што неодамна прв пишуваше „Утрински весник“. Според досегашната пракса, за време на својот престој тука, иселенеците беа принудени да извадат нов македонски пасош за да можат да ја напуштат земјава што предизвика огромно незадоволство кај нив. Иницијативата е на тројцата парламентарци од дијаспората, кои, како што рече министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, најдобро ги знаеле маките на иселениците.

Како што објаснуваат надлежните, со пополнувањето формулар, иселениците автоматски се евидентираат на избирачкиот список и ќе можат да гласаат на следните парламентарни избори.

„Оваа евиденција е само за наша употреба и во никој случај не значи нивно губење право на македонско државјанство, македонски пасош или на некој од личните документи што ги имаат во земјата од која доаѓаат“, потенцира Јанкулоска.

Првата полицајка заедно со министерот за надворешни работи, Никола Попоски, и тројцата пратеници од дијаспората, Павле Саздов, Милорад Додевски и Ристо Манчев, вчера на скопскиот аеродром „Александар Велики“ на патниците што слетаа од Виена им делеа промотивен материјал за Македонија. Во нив се наведени основни податоци за нашата земја и за правилата на однесување, во смисла на пријавување престој, користење меѓународна возачка дозвола, местата што се препорачуваат за посета и слично.

„Доаѓам од Австралија и првпат ми се случува вакво нешто“, кусо ни изјави еден од патниците, кој беше збунет од „добредојдовте“ на министрите и претставниците на медиумите, кои го следеа настанот.

Додека македонската држава се обидува да им угоди на туристите, статистичкото биро на Европската унија, Еуростат, вчера ги објави најновите податоци околу бројот на патувања реализирани во 2011 година. Бројките од 1,2 милијарди патувања реализирани од државјани на земјите од ЕУ, барем во овој сектор, значат смирување на ситуацијата по периодот на криза. Од нив, повеќе од милијарда патувања биле за одмор, а остатокот е за службени посети. Најмногу патувале Германците (околу 260 милиони), Французите (225 млн.) и Британците (143 млн.) Најголемо намалување е забележано во Бугарија (-60 проценти во однос на 2008 година) и во Чешка (-51 отсто), а најголемо во Естонија (+50 проценти) и во Шведска (+25 отсто). На листата ја нема Македонија. (Г.А.)


Статијата е прочитана 4355 пати.

Испрати коментар



Дванаесет македонски студенти на 100 најдобри универзитети
Тутунарите ќе ги добијат субвенциите до понеделник
Намалени новинарските плати во „Фокус“
Научноистражувачка конференција на НАТО во Струга
Штета од 10 милиони денари од невремето во Струмичко
Ѓорче Петров ќе добие споменик во родниот Прилеп
Охридското Езеро дадено под концесија
Фоторетровизор



Krste, 30.06.2012 03:42:00
Gospodine Adamovski, posle akcijata pocnata od pocesniot konzul Zoran Kjoseski, radio 3ZZZ Melburn (I Najdovski) i makedonskite vesnici vo Avstralija Denes i Avstralisko Makedonski Nedelnik Utrinski vesnik - Nema Pasos nema nazad i poedinci od Avstralija, ubavoo se namestile za slikanje pratenicive od dijaporata, kako da e nivna zasluga. Zosto ne kazat kako reagiraa koga bea prvo kontaktirani za tie problemi. Cestitam na Utrinski i site drugi koi ja aktualiziraa ovaa sramota za da se prekine. A za slikanje stalno ke ima nekoj koj ke se isprci pred foto kamera.
Petre, 30.06.2012 07:45:05
За да се исфрли глупоста од вадење на македонски пасоши при услови нашинците веќе да имаат пасош од земјата каде п��естојуваат, сепак е на Утрински Весник. Ги разбуди заспаните бирократи за да увидат какви се глупости прават за малтретирање на сопствените граѓани.
Mise, 30.06.2012 08:31:31
Vetar vo magla Vo petokot navecer na 22ri juni procitav deka nekoi nasi od Avstralija imale golem problem na zaminuvanje od MK poradi toa sto nemale MK pasos. Iako se prijaviv vo policija vo Resen koga stignav i im kazav koga zaminuvam nazad za Kanada, pa mi dadoa edno livce, me kopase nesto, pa ne spav cela vecer, deka drugiot den se vrakav nazad za Kanada, a mi se sluci nesto sto ne ocekuvav. Povozrasen covek, vo potemna uniforma od drugite, sto bi znacelo ima pogolem cin od drugite, mi se zakanuvase deka mozel da mi zabrani da izlezam od MK,iako imam ispraven Kanadski pasos, pa da gi izgubam avionskite bileti i site posledeci ke bile poradi toa sto ne sum izvadil nov MK pasos. Koja adresa da stavam na mesto na ziveenje, koga ziveam poveke od 23 god. vo Kanada, kogo da go lazam? Tamu doagjam kako turist, da si gi vidam svoite i na odmor, kako sekoj eden holangjanec ili koj bilo drug. Za drug pat ke razmislam malku pojke, pred da idam tamu na odmor
zapad, 30.06.2012 10:28:36
koj vo 21.vek nosi kartonce vo dzep???sto ako go izgubis kartonceto?znaci te vracat nazad..pa toa go nemase ni vo yu komunizmot...se javi tuka vo mk ambasada i im kazav vo evropa samo da pokazes bilo kakov validen pasos a vo shengen zona 26 zemji nit toa nema ni pasos kontrola nit granica, mi odgovorija vo ambasada ama nie istoto go kazuvame vo mk ama sto mozeme nie vo mk nikogas nesme imale drzava pa neznaeme sto da pravime....by the way pa neli grujo vika sme bile imperija i sme osvoile se do indija????????
cobe, 30.06.2012 11:25:13
Ова се најобични ГЉУПОСТИ.........дечињава од министерствата приредуваат забава на Аеродромот во Скопје........... Замислете Хилари Клинтон на Њујоршкиот Ла Гвардија да дочекува патници и уште да дели флаери и да објаснува??
Roskill, 30.06.2012 12:17:38
Ubava, no zadocneta vest. Koshmarot zabrana-za-izlez bez mak pasos go doziveav vo 2010. Edna nedela pred moeto zaminuvanje zakonot pocna da se primenuva, mak pasos mi rekoa ke dobijam po brza postapka za tri nedeli a jas imav samo edna. Prijatelite od mojata mak mladost mi pomognaa da izbegam. Imanjeto na mak drzavjanstvo e rizik a ne privilegija. Posigurno mi e da gi pokanam na moj trosok site onie koi mi nedostasuvaat od mak, nivnite deca mozebi ke vidat alternativa.
Bob Marley, 30.06.2012 12:33:44
Bidete po precizni vo informiranjeto. Нашинците што живеат во странство и имаат тамошен пасош, нема да мораат да вадат и македонска патна исправа за време на престојот во земјава.... Obvrskite koi se navedeni vo vasiot napis se odnesuvaat samo za onie lica (nasinci) koi imaat dvojno drzavjanstvo(makedonsko i na zemjata vo koja sega ziveat). Licata koi imaat samo stransko drzavjanstvo se obvrzani samo da ,za vreme na poseta na RM, go prijavat svojot prestoj vo MVR. ve molam da go objavite ova pojasnuvanje, blagodaram,
С.Малински, 30.06.2012 13:01:59
Уште една глупост на актуелната власт,што би рекол нашиот народец,,кинат зелени,ама ептен зелени со можност да испровоцираат дипломатски конфликт. Кој е мотивот? да се изнуди долар повеќе или да се придобијат повеќе ВМРОвци со,,тапииза да следните избори бидат по ,,легитимни. Дали мислат дека ќе го симнат срамот од минатите избори кога за ,,представникот од Австралија, едвај успеаа да обезбедат неколку десетина гласови од стоиљадната заедница?!
bitolchanec za Makedonia, 30.06.2012 15:04:28
Sekoj pravi kolku mu delile i kolku mu sechi umot. I za da tie *sekoj* se tie koj shto sega se shetaat po aerodromite, nie sme krivi. I nie ke bidime pak krivi za tie drugite *sekoj* sho ke dojdat posle ovie. Ne e kriv toj sho ja jadi pitata, kriv e toj sho mu ja dade.
Edencovek, 30.06.2012 17:51:31
Koi ve uci i koi ve lazi.Sekoe edno lice koga patuva treba da ima patna isprava ili pasos od zemjata vo koja zivee so soodvetni rabotni dozvoli ili vo sprotivno da ima legalno drzavjanstvo od kanada,avstralija ili bilo koja druga zemja na ovoj bel svet.Mnogu zemji go zabranija dvojnoto derzavjanstvo zaradi mnogu polesna kriminalizacija koja se pojavi na vremeto so dvojnite drzavjanstvai zatoa e pozelno vo megunarodniot zakon stoi da se ima edna patna isprava zatova sto vo taa patna isprava od bilo koja druga zemja stoi ubavo kade si roden koe ti go dava i poznavanjetoi deka nikoj eden nemoze da go izgubi svoeto maticno drzavjanstvo vo kolku ne podnese samiot tgakvo baranje a koe e pozelno.Dovolno e da bides drzavjanion na edna zemja a mozes slobodno da patuvas i zivees kade sakas.Ta zatoa dosta so lazni izmisluvanja na Jankulovska a Poposki neka bide po aktiven da ja sredi nadvoresnata politika.
Главна цел-местење избори, 30.06.2012 18:13:56
Хахахахах, измислија нов начин за манипулации за изборите, кој ќе го среди сега списокот за гласање.
Од САД, 30.06.2012 18:36:35
Конечно добри вести од татковината... Многу се изненадив и израдував. Секоја ви чест министерке Јанкуловска на вашата проактивност. Итни промени беа неопходни во законот за пасоши. Промени направивте. Од името на сите (мнозинството) емигранти, Ви се заблагодарувам. Се надевам пополнуванјето на формуларите ќе може да се извршува на аеродром а не во полициските ст��ници. Сакам и да ја поздравам вашата порака до сите полициски органи од минатото лето, кога побаравте да има поголема толеранција за возачи на странски возила во МК. Со чест и гордост годинава ке го посетам Крушево за Илинден. А за сите други негативни коментари од читателите, сакам да и кажам дека потполно ги разбирам нивните маки и искушенија. Но потребно е објективно да разгледа ситуацијата и да се даде подршка на напорите на владата, особено кога има резултати. Ви Благодарам уште еднаш, и поздрав до сите.
od germanija, 30.06.2012 21:27:01
jas imam dvojno drzavjanstvo (germansko i makedonsko) koga bev lani vo mk mi baraa dali imam i makedonski pasos (makedonska licna karta imam) ne sakaa da me pustat da izlezam.
Sasho, 30.06.2012 23:39:17
A ke mi gi vrati li MVR parite zoshto pod prisila i ucena morav da izvadam makedonski pasosh? Ja so zadovolstvo ke im go vratam noviot makedonski pasosh.
Makedonija e fantasticna, 01.07.2012 00:09:45
Kako moze samo vie da imate problem jas imam dvojno drzavjanstvo i bev vo januari vo Mk i odma vidoa deka imam dvojno Drzavjanstvo imi rece da si poneses Mk pasos oti ke imas problem na izleguvanje jas izzlegov bez problemi i sega ke odam po novo i akoe potrebno ke izvadam nov Pasos zosto tolku prasina i plukajnje.................
Aco Kalanoski od Geteborg, 01.07.2012 00:20:17
Одлично! Посебно ме радува фактот што пратениците од дијаспората го иницираат ова. Со г/дин Ристо Манчев на оваа тема разговаравме во март оваа година. Одлично што сето тоа резултира со ваков корисен и конкретен чин. Политичкиот систем на овој начин покажува здрава пропулзивност и тоа е многу важно. Важно е инситуциите да покажат осетливост за корисните прашања и проблеми и да покажат способност за изнаоѓање на адекватни решенија. Со почит, Ацо Каланоски
mikan, 01.07.2012 01:05:31
Cestitki za site sto doprinele za vakva odluka, blagodarnost i do utrinski za objavata. Konecno internacionalniot zakon za moznost na koristenje edna patna isprava, za osobi so dvojno drzavjanstvo, ce dojde vo vaznost.
MajkinPerth, 01.07.2012 02:55:04
Namesto da napravat nesto poednostavno za da mozeme da dojdeme do Makedonski pasos a I drzavata da ima korist od toa,tie se slikaat i donesuvaat resenie da nema potreba od Makedonski pasos.Se prasuvam so ovaa vlast koja misli mnogu za Makedoncite samo koga im treba glasot Dali da place ili da lipa?
Makedonka, 01.07.2012 03:02:41
Nikako. Pasos mora da se vadi i tocka. I toa so zlatni konji na koricite,a na sekoja stranica da ima po eden spomenik po moznost so konj oti konjite ni se nacionalen simbol. Sto znaci pasosot makedonski treba da izgleda kako enciklopedija so zivotni. Posto ke bide tezok nad 8 kila ke mora da se cekira i eve plus pari za vladata. Ako vi cini arno, ako ne nema izlez od Makedonija, pa ke mora da si ostanete tamu i da si se voshituvate na konjskite ubavini. Ke si sedis po cel den u kafici pored Vardar i ke si gledas cirkuz so konji. Samo edno loso e sto ke mora i cador da nosis, vo slucaj da ne te mavne nekoe lajno od Fontanite od cistiot ni Vardar. A ne ovde vo stranstvo da se utepuvas od rabota i da plakas smetki. A bre rajot e vo Makedonija. Haahaaa. Pozdrav do site Makedonci : Fakajte dzade na vreme.
bezimena, 01.07.2012 10:37:58
taka treba da se ima pasos sto se za tie sto ziveat vo stranstvo ne mu se mnogu koga davaat po 200 dolari za pasos vo avstralija a mnogu mu se 50 evra i ne samo za niv i za site sto ziveat nadvor,jas bev vo mk 2010 nemav nikakov problem iako pasoso mi bese so pominat rok aj tuka vo australija dojdi so pominat pasos ostajte ja drzavata da si ja vrsi rabotata prvo da znaat koklku luge ziveat nadvor pozdrav do site vo makedonija ve molam objavete
do Makedonka od Tina, 01.07.2012 11:02:43
Makedonkata me nasmeja, mnogu blagodaram na nejniot uspesen humoristicki opis na situacijata. Ono sto se mora, mora se.
Bukefal, 01.07.2012 11:31:57
Ова одлука е против уставна и нема долго да трае! Не може различен арчин да се применува за лица што имаат двојно државјанство. На пример тука имаме многу лица со бугарски пасоши на кои им се бара македонски пасош за излез од земјата. Значи, ако за австралијците важи едно правило, тоа ќе треба да важи и за нашите овде со бугарски пасош! До душа штетата е веќе направена, австралијциве мислам слабо веќе ќе наминуваат по глупостиве што им ги приреди античкава влада! А терањето да се вадат пасоши имаше за цел само полнење на македонскиот буџет, ништо друго!
florida, 01.07.2012 15:20:43
2010 go imav istiot problem mi rekoa vo rok od 24 casa da se prijavis no bese sabota taka da vo ponedelnik bese 48 casa i bev zadocnet prava anarhija.Gospodinot go prasuvam kade da se prijavam mu rekov stignav vo sabota toj kako da ne e doruckuvan me ignorira i mi vika samo 500 evra kazna.Ne im plativ samo mu kazav oti ke se javam ega odma vo amerikanskata ambasada i deka toa e vistinsko izivuvanje i maltretiranje na narodot.Vo Makedonija sakat turisti investiranje od nasite iselenici a sto im nudime ? samo maltretiranje.
ALEKSANDAR, 01.07.2012 16:03:19
Dobro be narode makedonski koga ednas ce pocneme da razmisluvame pozitivno za nasata drzava.Sekoja edna drzava si ima svoi zakoni koi treba da se pocituvaat i da se sproveduvaat.Zosto samo nas Makedoncite sve nesto ni fali i fali i faliiiii...... a ako zamineme vo druga drzava na pecalba ili ziveenje mnogu brgu se priviknuvame na zakonite koi vladeat tamu ........Pozdrav do site i bidete malku optimisti i gledajte pozitivno na rabotitee......
Ne treba NOVI GLASACI nadvor!, 01.07.2012 17:43:14
Izleguva deka ovie pretenici od dijasporata se zadovolni od ISCISTENIOT glasacki spisok spored koj moze da glasaat samo clenovite na DPMNE, ta ete i promoviraat deka NE TREBA PASOS na onie koi se nadvor od Makedonija. Mobilnite ekipi na MVR odea nadvor da im izdavaat pasosi zamo na NIVNITE glasaci!? Ova go nemase ni vo nase maalo koga devojcinjata si igraa kume-mume...

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

  


Site Meter


 
Време
Скопје, 26°C

Делумно облачно

Среда
Локални грмотевици со дожд
Макс: 34°C, Мин: 17°C

Четврток
Ведро
Макс: 36°C, Мин: 17°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

(ИНТЕРВЈУ) Треба да ја следиме визијата на големите уметници
„Сакав да глумам во ’Соба со пијано‘, а сакав и повторно да го видам Скопје, откако пред три децении бев како турист“, в...
(ИНТЕРВЈУ) Најприроден е патот во кој нема калкулација
„Нашата кинематографија ги насочува младите автори да бидат конформисти“, вели Владимир Блажевски, режисер и сценарист...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп | Саботен магазин |