03.07.2012, 17:54 Интервју - Делчев и Александров не се споредуваат
Александров е експонент на бугарската политика, а Гоце Делчев е жесток противник на туѓите вооружени пропаганди кон Македонија, оценува академик Иван Катарџиев
Љупчо Поповски
Господине Катарџиев, што е ова што се случува со имињата на улиците во Скопје и никнувањето споменици како печурки. Дали Македонија ја преиспитува својата историја или е тоа е само каприц на оние што владеат?
Јас имам добро искуство со прашањето за промена на имињата на улиците. Како член на Градскиот совет на Скопје четири години бев претседател на Комисијата за промена на имињата на улиците. Но, тогаш методологијата не беше таква каква што е сега. Четири години низ еден демократски процес добивавме мислења на луѓето, особено за улици кои ги надживеало времето, а кои биле поврзани со Октомвриската револуција, времето на некои советски градови, некои личности кои се непознати. Добивме конкретни предлози од сите институции, Институтот за историја, Институтот за македонски јазик, Институтот за фолклор, од Академијата, од Универзитетот... од се' што е релевантно во областа на науката и од културата. Притоа, водевме сметка во списокот на предлози на имиња да бидат внесени и етничките заедници, имаше предлози и за албански, турски, влашки и српски личности. Имам документација од тој период, комплет од четири кутии со сите имиња што беа предложени. Нам ни остана обврската тој материјал да го селектираме, да го изанализираме и потоа да му го дадеме на Градскиот совет. Но, шест месеци пред локалните избори не смее да се работи на вакви промени и така работата остана незавршена. За тоа доживував пофалби дека е демократски и принципиелен предлог. Од ова сега што го гледам, мислам дека сегашните предлози се повеќе резултат на определена политика на актуелниот режим со оглед на потребата да наметне улици кои одговараат на неговата идеолошка ориентација.
Дел од имињата што беа променети се поврзани со градови и држави кои му помогнаа на Скопје по земјотресот да се рехабилитира, да се обнови. Дали е тоа отстапување од граѓанскиот пристап што го имаше Скопје?
Непродуктивно е и тешко е да коментирам кога не ја знам аргументацијата зошто се променети овие имиња на улици. Зошто е променета „Мексичка“, зошто е променет „Стив Наумов“, зошто се дадени имиња на улици на митологизирани личности. Не знам кој го одлучил тоа - дали Комисијата, дали Владата, дали идеологијата, политиката на актуелната власт. Меѓутоа, да смените улици како што се „Мексичка“ или „Циборовски“ е несфатливо и нелогично. Скопје по земјотресот беше прогласен како меѓународен град кој ја изразуваше светската солидарност. Реакциите на Слободан Унковски и Влатко Стефановски се логични. Тоа се реакции на изградена свест. Несфатливо е градска власт, која е повикана да води сметка за мислењето на граѓаните, на своја рака да ги менува улиците.
Тодор Александров со децении беше обојуван со црни бои. Сега врз него се насочени најсилните рефлектори. Ја знаеме ли целосната вистина за мистериозниот Александров?
Премногу се исполитизира проблемот за Тодор Александров. Чув дека се повикуваат на мое пишување. Тодор Александров е врзан со бугарската политика и е нејзин експонент. Името ВМРО нема врска со името ВМОРО. Или ако сакате точно да знаете (што овде тешко се прифаќа, а е документирано) првото име на организацијата е Блгаро-македоноодрински револуционерни комитети. И тоа е под влијание на движењето во Бугарија по Руско-турската војна во 1878 година. Подоцна, бидејќи тоа име не ги одразуваше потребите на овој народ, ниту неговата свест, беше променето во Тајна македоноодринска револуционерна организација (ТМОРО). Притоа, многу е значајно што стоеше името Одринско. Можеме сега да претпоставуваме дали тоа беше од причина за солидарност на Македонците и на Бугарите во Тракија во битката против османлискиот режим или имаше други причини, но тоа стоеше се' до 1920 година. Во 1920 година, по наредба на генералската лига во Бугарија (генерал Русев, генерал Бојков) е основана организацијата ВМРО.
До 1920 година и потоа Тодор Александров и' служи исклучиво на бугарската политика и е врзан за реализација на програмата на царот Фердинанд за освојување на Македонија во балканските војни и во Првата светска војна. Во еден момент, им помогна на оние што извршија пуч во Бугарија против Александар Стамболиски. Тој им вети логистичка поддршка заедно со Ванчо Михајлов. Договорот беше - ако не успеат пучистите, тој ќе им обезбеди помош во Пиринска Македонија, затоа што Србите го протераа одовде. Ако успее пучот, тој сакаше да биде раководител, односно да именува бугарски амбасадори, да биде кадровик во полицијата. Но, ниедна власт не е подготвена да се откаже од своите ингеренции во однос на некој друг. И пучистите го тргнаа настрана Александров.
Тој веднаш потоа разви теорија дека неговата ВМРО е блиска по сфаќање со Комунистичката партија на Советскиот Сојуз, бидејќи и комунистите се залагале за решавање на социјалните проблеми на луѓето. Есента 1923 година потпиша договор за соработка со Советскиот Сојуз. Потоа тој во Советскиот Сојуз ги прати зет му Михајло Монев и Димитар Влахов и тие оттаму му одговорија дека се многу добро примени и дека имаат поддршка од Москва. Влахов таму го напиша познатиот Мајски манифест од 6 мај 1924 година. Манифестот е најголемиот исчекор, без оглед на тоа дека Тодор Александров не е негов автор, затоа што во него се обвинуваат соседните земји за аспирации кон Македонија и се доведува до степен на признавање на македонскиот идентитет и јазик. Меѓутоа, потпишувањето на овој акт беше сфатено како директна соработка со Коминтерната и во Бугарија дојде специјално еден пратеник на францускиот Ке Дорсеј, руски емигрант, и изврши притисок по секоја цена да се раскине тој договор. Тодор Александров отиде во Лондон да објаснува и кога сфати дека се наоѓа во тешка ситуација, се откажа од потписот.
За Мајскиот манифест отишол во Лондон?
Да, отиде во Лондон да ја објаснува својата позиција и да каже дека тоа е манипулација. Александров е убиен по наредба на генералската лига, на чие чело беше генерал Русев, во договор со Ванчо Михајлов. Тие сфатија дека неговата постапка може да има непријатни последици за бугарската политика и го заменија со Ванчо Михајлов. И не само тоа, потоа бугарската политика се обиде да го искористи, да го изманипулира, па го прогласија дури и за светец, така што тоа добро говори за местото на Тодор Александров. Тоа не значи дека потпишувањето на Манифестот, кој е пишуван од Влахов и еден бугарски комунист Карлаков, значи апсолутно алиби за целокупната активност на Тодор Александров која е врзана од 1905 до 1920 година со бугарската политика. Александров и Александар Протуѓеров во 1917 година беа одликувани од Кајзерот на Германија за храброст.
Зошто Александров никогаш не кажал дека е Македонец, а се залагал за автономна Македонија како дел од една Бугарија?
Прашањето за автономна Македонија е посебен проблем. Тоа е во генетиката на македонското национално револуционерно движење. Особено во време на Илинденското востание. Ни Крушевската Република не беше замислена како самостојна независна македонска држава, туку како автономија во рамките на Отоманската Империја. Истото тоа му беше целта и на Јане Сандански 1908 година во време на Младотурската револуција. За Софија најприфатливо беше постоењето на две бугарски држави - едната Македонија во границите на етничка Македонија, а другата во Бугарија. На тој начин Бугарите во Македонија би биле во ситуација да им се спротивстават на Србите и на Грците.
Каде е местото на Тодор Александров на тој пиедестал, подолу или погоре?
Тоа е прашање на оценка. Како го цените до 1920 година - како го цените убиството на Ѓорче Петров, на Панчо Михајлов, на некои други Македонци во Бугарија, кои не сакаат да го прифатат на чело на ВМРО и бараа лидерот на организација да се избере по демократски пат на конгрес. Ѓорче Петров го ликвидираа токму поради таквото залагање. Александров е контроверзна личност која е конзистентна во поглед на извршување на задачите што му ги поставува бугарската политика, прво Фердинанд, а потоа цар Борис и која во еден момент по 1923 година, по државниот удар во Бугарија, кога беше тргнат од власта, побара контакт со комунистите како спротивставување на бугарската политика и се заложи за потпишување на Манифестот и за релативното издвојување на македонската самостојност.
Тој во еден момент побарал Вардарска Македонија, односно Македонија, да се обедини во рамките на Кралството СХС, како автономна држава со признавање на бугарскиот карактер на Македонците.
Зошто сега со подигањето на споменикот, именувањето на улицата, на мостот „Тодор Александров“ оваа владејачка гарнитура настојува да го издигне на исто рамниште како Гоце Делчев?
ВМРО кое е формирано 1920 година и нема врска со она ВМРО формирано од онаа група од шест души во која подоцна Гоце Делчев стана доминантна личност. Второ, не може да се прави никаква споредба меѓу Гоце Делчев и Тодор Александров. Александров е експонент на туѓа политика, со исклучок во 1923 и 1924 година, а Гоце Делчев е жесток противник на туѓите вооружени пропаганди кон Македонија. Тодор Александров формираше чети од македонската емиграција во Бугарија и ги вметнуваше преку границата во Вардарска Македонија, но не и во Егејска Македонија, за вршење тероризам. А Гоце Делчев изгради комплетна воена четничка структура покрај границата со Бугарија за да ја спречи инфилтрацијата на бугарски чети во Македонија за ширење на бугарската пропаганда. Тоа е доволно за да се сфати огромната разлика.
Гоце Делчев, покрај тоа што се чувствуваше Бугарин, во определен момент рече зошто нема некој човек да напише книга на македонски јазик. Се залагаше за формирање македонска држава, бидејќи беше свесен, и тој и неговите пријатели, дека ниту еден од соседите нема да прифати Македонија да биде приклучена кон Бугарија. Според тоа, тие тргнуваа од претпоставката дека Македонија има свои посебни политички и економски интереси и не може да биде приклучена кон ниту една од соседните држави. Тоа е многу значајно. Тоа не може да се споредува со Тодор Александров.
Сакате да кажете дека и Гоце Делчев се чувствувал како Бугарин?
Да. Но, во нашата историографија има еден шаблонски пристап за името Бугарин. За жал, ниту во историографијата ниту во политикологијата немаме напори за теоретско објаснување од каде, како и колку се одржува тоа бугарско име. Самото име не треба да служи како аргумент дека Македонците се Бугари. Тоа име е прифатено под влијанието на црквата во времето на покрстувањето на Македонците, државата е таа што им дала име. Денеска во Америка и Македонците и Грците се Американци. Така е и во Австралија. Државата е таа што им го дава името на своите поданици. Но, тоа не значи дека луѓето што го носат името на државата ја суспендираат националната свест. Најдобар доказ е Илинденското востание во Битолскиот округ. Луѓето никогаш не истакнаа програма за обединување со Бугарија, напротив, секогаш се залагаа за своја сопствена држава која е дел од процесот на постепено градење од недефинирана програмска цел – држава. Најголем придонес и најголем фактор во кој дефинитивно се расчисти тоа прашање е востанието против бугарската окупација за време на НОБ. Со тоа востание Македонците раскинаа со бугарската пропаганда и, дефинитивно, го афирмираа својот национален идентитет. Тоа востание е најзначајното во оформување на националната свест како Македонци.
Дали еден историчар треба прво да биде патриот, па потоа научник?
Историчарот, пред се', треба да биде научник. Патриотизмот е лична определба. Науката има свои критериуми, норми и ако сакаш да бидеш објективен и ако сакаш да му служиш на својот народ, на посреден начин да бидеш патриот, не треба да бегаш од табу-темите, туку да настојуваш објективно, аргументирано да ги објасниш пред сопствената јавност, пред себе си и пред меѓународната јавност. Нашата историографија во последно време е на опашката на актуелната политичка власт. Тоа оди на штета на историографијата. Нам ни треба историографија која ќе се издигне од обичната хроника и од политичките дискредитации и која ќе направи обид теориски да го објасни развојот. |
|
Статијата е прочитана 6372 пати.
|
Испрати коментар
|
|
Вистински патриот, 03.07.2012 21:58:08 | Тодор Александров - твоите дела живеат! |
| Glupav patriot, 04.07.2012 07:50:10 | Тодор Александров - крвник на Македонскиот народ !!? |
| Sydney, 04.07.2012 08:09:01 | G-ne Katargiev do kolky aleksandrov rabotel za bugarskata kazua togas zosto e naredeno od bugarskiot carski dvor i togasnite vlasti vo Bugarija da bide ubien i toa od Vanco Mihajlov.??
Za sto bugarite go ubija do kolky toj navistina rabotel za niv, ???
Mnogy prodto i mnogy jasno prasanje. |
| todor, 04.07.2012 08:16:20 | Гоце Делчев, покрај тоа што се чувствуваше Бугарин |
| citatel, 04.07.2012 08:43:54 | Гоце Делчев, покрај тоа што се чувствуваше Бугарин- mislam deka ovoj pasos dovolno kazuva deka nasata istorija krie mnogu fakti se so cel da gi otfrlime bugarskite koreni.Kade vo ucebnicite sto gi ucime go pisuva ova iako site istoricari znaat deka e vistina. |
| Stefan, 04.07.2012 09:20:42 | Каков Македонец е Делчев со татко бугарин?!?Он исто кажал сите сме бугари |
| Kharn, 04.07.2012 09:38:09 | Чудни нешто зборува академикот.Гоце бил патриот а Тодор, крвник.
Сакам да ги питам уважаемите МАНУ-вци, од овие дваjцата коj jе бил во бугарско офицерско училиште - Делчев или Александров?Кoj е бил егзархиjски учител?
Кога во Мakедониjа историчарите ке станат историци, а не како сега - романисти |
| perica, 04.07.2012 09:50:24 | Do Akademik Katardziev
Konacno bardot na makedonskata istoriska nauka kaza glasno i jasno deka Goce Delcev bil Bugarin. Istoto tvrdenje e prosledeno so zamackano pojasnuvanje vo odnos na definiranje na narodnosta i nacionalnosta.
Se ova ke bese potpolno vo red da ne postoese faktot deka Vie Akademiku nqapravivte karijera ne samo tvrdejki tuku i dokazuvajki go sprotivnoto poveke od 40 godini. |
| ФЕЛИКС, 04.07.2012 10:43:20 | Лесно е да ние се согласуваме со ставовите на почитуваниот академик г-дин Катарџиев.Но што правиме со несогласувањето на благонадежниот коалициски партнер.Човекот е спремен на дебата на која ќе му опонира на академикот и ,,нормалното,,пласирање тези кој одат во прилог на источниот сосед.Дури и ќе се налути можеби оти со тезите на академикот се расипуваат односите помеѓу два ,,братски народа,,. |
| bb, 04.07.2012 11:22:40 | koj gi slusha zivite svedoci, chesto vo komentarivte se pishuva deka tie ne postojat,i po kojznae koj pat se prashuvam zoshto se iskrivuva minatoto,vaka im koristi povekje na sosedite(bugari),vo sluchajov so todor aleksandrov |
| Stipe, 04.07.2012 12:22:51 | Znaci, g-ne Akademik, Gocevata rasa e Bugarska rasa? |
| jovan, vlada @, 04.07.2012 12:31:24 | Епа неможе да се споредат еден со друг затоа што двајцата делувале во различен период и двајцата не биле третирани во исто поранешната држава Југославија, од причини познати добри за историчарите, бидејќи Александров делувал против Српската окупација од Пиринскиот дел на Македонија, како што неможе да се споредат Колишевски и Ченто, иако се бореле и работеле во исто време биле на сосема различна по секое гледиште и иделогија за движењето на траекторијата на Македонија, едниот за држава која ќе биде приверзок на Тито а другиот за самостојна, независна и обединета Македонија, со што овој привот го пратил на Голи оток да одмори малку од посветеноста за Македонија. Г-динот историчар неможе да збори и да дава мислења бидејќи за Александров нема обемни истражувања на неговата личност од незавнисни историчари а не како вас приверзок на една партија која е наследник на партијата која 45 години го уништуваше секој здрав Македонски елемент кој беше за независна Македонија. Поздрав |
| srebre, 04.07.2012 13:19:51 | dobra izjava ama ne i kompletna..naveduva krusevsko vostanie vilo makedonsko ama zosto nese vikalo makedonska republika tuku krusevska?naveduva bugarite ne pokrstele zatoa sme stanale bugari sto nema logika pa neli kliment i naum ne pokrstele a tie dvajca poteknuvat od ohrid i strumica znaci i pred da ne pokrstat sebesi sme se narekuvale za bugari? |
| Pochituvach na Titovoto delo - Republika Makedonija!, 04.07.2012 14:27:52 | Ni Goce Ni Tosho, ni tate ni bate, ni jas ni ti, ma nikoj, bash nikoj! Na ovoj svet e postoel samo eden edinstven makedonec - Josip Broz Tito! Toj ne e bil ni za srbite ni za bugarite, ni za kralot ni za carot, i kaj nego e kristalno jasno, so vidliv istoriski rezultat - Makedonija i Makedonci! E toa se fakti! A ne shto nekoj neshto sakal, a da pri toa i samiot ne znael shto sakal, pa nie ke mu odreduvame shto zapravo sakal. Fikcija i demagofija! Sreca nasha shto e Joshka imal tolku golema moc i dobra namera kon nas, pa ni NREDIL (doslovce naredil, bidejki sme curuk narod) da imame svoj identitet i svoja drzava (kakva-takva, ama svoja). A idiotite se nafrlile na Goli Otok, pa Goli Otok, kako da ni e bez nego raj. Moreee! Neka mu e vechna slava i fala na Marshalot. |
| Неакадемик, 04.07.2012 14:52:09 | Господине Иван Катарџиев, време е вие академиците од МАНУ да излезете и да ја кажете вистината, како се чувствувале нашите револуционери и за што се залагале. Во Бугарија нема град во кој улиците не носат име на Гоце Делчев или Тодор Александров. Они овие двајца ги ставаат на исто равниште, а кај нас не. Исто и Миладиновци се изјаснувале како Бугари па не ги оцрнувате, на пример? Не ми е јасно, стварно. |
| Реален, 04.07.2012 16:03:31 | Леле што испадна сега Гоце бил татарин, значи и ние сме биле татари. Ма мајку му ние сите сме биле бугараши, а не антички хунзи леле леле да го прекрстиме „Воинот на коњ“ во „Татарин на кон“.
Е Кантарџиев, Кантарџиев видовте ли сега каков монструм направивте во 1945 година! Но секако браво на храброста да барем на стари години да кажете дел од вистината. Продолжете така да станете достојни во редот на Прличев, браќата Миладиновци... и да не ги редам, вие ги знаете подобро! |
| Шмекерот, 04.07.2012 16:36:51 | Според академикот и Гоце Делчев и Тодор Александров се нарекувале бугари, но Делчев кога викал дека е бугарин мисле�� на македонец а Александров кога викал дека е бугарин мислел на бугарин :)
Треба да си признаеме дека и порано како и сега имало Македонци што сметаат или сметале за време на целиот нивни политички живот или во дел од него, дека сме бугари, срби, грци ... но сите тие револуционери се бореле за автономна а поголемиот дел од нив и за независна Македонија.
Дури и Ванчо Михајлов кој е опишан како најголемиот крвник во историјата на Македонија се борел за независна Македонија и затоа бил протеран од Бугарија.
Нека се отвори дебата, нека се видат различните тумачења, аргументи и секој нека си заземе став бидејки права вистина НЕ ПОСТОИ. Откако сите ќе си заземеме став ќе треба да се согласиме и да го почитуваме ставот на останатите Македонци. Само со почитување на туѓото мислење но бранење на своето треба да се обединиме. Крај за табуата во Македонија. |
| do bugarofilite, 04.07.2012 16:48:22 | Nikola Karev,Cupovski,Satev,Sandanski,Dame Gruev,Pulevski,Misirkov...ovie makedonski dejci se cuvstvuvale etnicki Makedonci.Krusevskata republika se vikala taka zatoa sto centarot na vostanieto bilo Krusevo,a zosto na primer prizrenskata liga ne se vikala nekakva si albanska?Tito ne mozel na nikogo da mu nareduva kakov identitet da ima i kako da se cuvstvuva.Tito samo ja prifatil realnosta deka postoele Makedonci so makedonski jazik.I pred Tito da se rodil postoel makeodonskiot identitet i makedonskiot jazik.Dejcite sto gi nabrojav,a i Makedoncite od vremeto koga Tito ne bil roden ili koga bil bebe, se cuvstvuvale Makedonci.I vo dokumentite od 17 vek,18,19 vek pisuva za Makedoncite i makedonskiot jazik. |
| површно запознат, 04.07.2012 17:07:31 | Г-не Кантарџиев македонската нација и јазик се востановени и не постои опасност од нивно губење. Сепак мора да се знае дека нема само црни, и само бели. Шакир војвода на Колишевски пред смрта ќе му каже дека сите одевме во дворецот (освен Делчев)на Фердинад. Александров има многу црни петна, меѓутоа кој нема. Дали Ѓорче беше бугарски окупациски управник на Драма и Кавала во Првата Светска војна? Каде беше Влахов во тој период? За кого работеа и кои функции во администрацијата(бугарска) ги вршеја некои т.н. левичари за време на светската војна. Дали комунистите(кои имаат заслуги) ќе освоеа повеќе од 100 гласа на изборите во 1920г. ако Александров не го повикаше народот да гласа за нив. Дали Делчев беше венчан кум на Константин Ципушев(според нашата историографија крвник и бугарин) женет за сестрата на Александров? Кој се кани за кум, најголемиот душман или пријател? Кој ги почна братоубиствата во организацијата. Потребна е вистината за помирување и јакнење на македонскта свест и држава. |
| Zabegan, 04.07.2012 18:09:00 | E gospodine akademik ,a mi i vie neznaete sto ste, anas ni solite pamet koj sto bil!? Soberetese i site vakvi antimakedonski buvso jugo i densno siptaro-grcko-bigarski da si osite i stram da vi ena titulite sto vi go dale, samo lagi kazuvate! |
| Огорчен Петров, 04.07.2012 18:10:51 | Гоце Делчев се дефинирал како Бугарин. Од друга страна сакал Бугарите да не се Мешат на Македонците. Како стана така, академик Катарџиев? |
| Петре 1, 04.07.2012 19:20:07 | Самото име не треба да служи како аргумент дека Македонците са Бугари. Тоа име е прифатено под влиjанието на црквата во времето на покрстуваньето на Македонците ... Ха ! За Црквата и Бог сите Македонци се Бугари ...Зошто за Црквата не сме биле Грци или Срби ? Нели и тие се христиjaни ! |
|
|
|
|
|
„УТРИНСКИ ВЕСНИК“ ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE
|
|
|
|
Време
|
Скопје, 29°C
Ведро
|
Вторник
Ведро
Макс: 41°C, Мин: 19°C
|
Среда
Ведро
Макс: 38°C, Мин: 18°C
|
|
|
|
|
|