Хороскоп
Овен
Успешно ги остварувате идеите, а притоа не ви е гајле за никого. Во целата приказна, вие сте цел на разни трачеви и незгоди. Мора да бидете потрпеливи, да ги слушате туѓите потреби и да сфатите дека не сте сами на светов. Последново е најважно.
Бик
Погрешно ги толкувате туѓите постапки. Така и денеска ќе се случи со една молба од вашиот шеф која ќе ја протолкувате како злоупотреба. Во старт бидете сигурни дека не е така. И претпоставените се луѓе, па и на нив понекогаш им треба помош.
Близнаци
Вашата подобра половина е упорна во барањата и не сака да се откаже, а вие нормално, полудувате. Добрите вести се што бурните расправии ќе ги завршите со бакнежи и смирување. Секако, единствен услов тоа да се случи е да покажете барем трошка толеранција.
Рак
Ве очекуваат промени, како на работа, така и во емотивниот живот. Инаетот и пречувствителноста на луѓето од вашата околина ве збунуваат, па едноставно не знаете како да реагирате. Другите очекуваат од вас поголема попустливост, но вие не ни помислувате на тоа.
Лав
Ако ги одберете вистинските луѓе за соработници, половина од работата ќе биде завршена уште во самиот почеток. Остатокот ќе го завршите заедно и до крајот на денот ќе добиете и награда. Во приватниот живот можни се недоразбирања.
Девица
Запишете се на некој курс по јога или медитација. На вашето тело и ум им треба опуштање. Време е да ги исфрлите сите непотребни информации кои се насобраа во последно време. По кратко време ќе забележите огромна разлика.
Терезија
Замислете си дека сте некој друг и дека спрема вас се однесуваат како што се однесувате вие спрема другите луѓе. Како би се чувствувале? Можеби токму ова ќе ви помогне да се освестите и да ги поправите своите пропусти и грешки од минатото.
Скорпија
Ах, љубов, љубов. Конечно ја фативте во својата мрежа личноста која подолго време ја бркате. Искористете го периодов за уживање и не мачете се со прашањата што ви носи иднината и дали го имате вистинскиот човек покрај себе.
Стрелец
Се досадувате и се' ви изгледа бесмислено. Односите со подобрата половина и пријателите во принцип се лоши, но вам не ви паѓа на памет дека вие сте виновни. Не, нема шанси! Ајде бидете малку самокритични и ќе сфатите каде грешите.
Јарец
Вашите емоции одат од крајност во крајност. И што е најдобро, работите ги преживувате толку длабоко што реагирате со лутина, бес и гнев и на најмалата забелешка. Зошто сте толку чувствителни? Можеби е време конечно да се заљубите?
Водолија
Пак се враќате на старата рутина! Дали направивте се што се бараше од вас? Нема шанси, бегате од задачи и одговорности како од ѓавол! А што чекате тогаш? Уживајте додека можете и тешете се со тоа дека и утре е нов ден... Секако можете да почнете и од понеделник, уште да знаете од кој...
Риби
Со помош на шармот и врските може се' да добиете. Шарм дефинитивно имате, а ако немате врски, тогаш е време да побарате некој влијателен човек. Дотерајте се и почнете да одите на места каде што можете да сретнете некоја таква личност.
|