Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Политика
03.07.2012, 18:06

Се бара транспарентно финансирање на политичките партии

Македонија има рок до 30 септември 2013 да ги имплементира сите 13 препораки на ГРЕКО

Воведување јасни одредби кои ќе го утврдат почетокот на изборната кампања со оглед на обврската на водење посебно сметководство, како и за поднесување финансиски извештаи. Продолжување на референтниот период за прецизно евидентирање на партиските трошоците не само за време на кампањата, туку и пред почетокот и по завршувањето на изборите... Ова се дел од препораките содржани во најновиот Извештај на ГРЕКО за Македонија, кои допрва Министерството за правда треба да ги имплементира во законската регулатива.

Како што информираше на вчерашната прес-конференција министерот за правда, Блерим Беџети, на 54. пленарна седница на ГРЕКО што се одржала од 20 до 23 март во Стразбур, усвоен е Извештај за усогласеноста - трет круг за Македонија. Од вкупно 13 дадени препораки, во делот што се однесува на инкриминациите - од седум се имплементирани шест, а една е делумно спроведена. Во делот, пак, што се однесува на транспарентноста на финансирањето на партиите, од шест препораки, една е задоволително имплементирана, три делумно и две воопшто не се вградени. За таа цел се направени измени во Кривичниот законик во април 2011 година и во Законот за финансирање на политичките партии, како и обука на судии и јавни обвинители за кривични дела од областа на корупцијата.

Беџети се пофали дека досега се имплементирани сите 17 препораки од првиот круг евалуација, како и сите 14 од вториот круг. Тој вели дека, и покрај тоа што рокот даден од ГРЕКО за најновите препораки е 30 септември 2013 година, работни групи во ресорното министерство веќе работат на законски измени, кои до крајот на неделава ќе влезат во владина процедура.

Шефицата на македонската делегација во Комитетот ГРЕКО, директорката на Академијата за обука на судии и обвинители, Анета Арнаудовска, потенцираше дека Македонија со последните измени на Кривичниот законик претставува „пример за добра практика во правец на создавање целосна правна рамка“ во овој сегмент. Во поглед на законската регулатива околу финансирањето на политичките партии, таа нагласи дека постои вистинско шаренило во европската практика, бидејќи не постои единствен ефикасен модел.

Групата држави против корупцијата (ГРЕКО) е Комитет на Советот на Европа кој врши мониторирање на усогласеноста на државите со одредени антикорупциски стандарди. Македонија е членка на оваа група од 2000 година. Предмет на оцена на ГРЕКО се состојбите во 49 држави на Европа и на САД. (Г.Д.)


Статијата е прочитана 295 пати.

Испрати коментар



Агендата 2014 се' уште е во сила
Интервју - Делчев и Александров не се споредуваат
Убавото друштво на Чуповски
Градоначалникот на Старо Нагоричане никако да одговара за несреќата
ВМРО-НП



„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

Што прават денеска
 


Site Meter


Време
Скопје, 22°C

Ведро

Недела
Ведро
Макс: 36°C, Мин: 19°C

Понеделник
Ведро
Макс: 38°C, Мин: 19°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
(ФОТО ВЕСТ) Џамија - супермаркет
(ИНТЕРВЈУ) Кралицата е многу либерална
„Верувам во ослободувањето, тоа е дел од моето патување“, изјави британската актерка Хелен Мирен во интервјуто за „Утрин...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |