Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Политика
03.07.2012, 18:05

Агендата 2014 се' уште е во сила

Атина - Грција и покрај кризат�� планира да остане посветена на Агендата 2014 за помош на државите од Западен Балкан за побрз пристап во ЕУ. Новиот замени-министер за надворешни работи Димитрис Куркулас за време на неговото излагање на конференцијата на „Економист“ во Атина истакна дека Грција и во актуелните услови е одлучена да има важна и позитивна улога во Европа и соседството, споменувајќи дека Агенда 2014 е дел од тој план. Куркулас потенцираше дека економската криза не претставува пречка за Грција да води динамична надворешна политика која ги почитува националниот суверенитет и меѓународното право.

Според говорот на новиот заменик-министер, Грција планира за време на нејзиното претседателство со ЕУ да ги интензивира обидите за промовирање на идејата за проширување на ЕУ со државите од Западен Балкан. Овој бран проширување на ЕУ за Грција е најдобар начин да се постигне мир и стабилност во регионот.

Без конкретно да ја спомене Македонија, Куркулас во својот говор индиректно посочи дека Грција ги поддржува аспирациите за членство во европското семејство на сите балкански држави под услов да се задоволат критериумите за добрососедски односи. „Ќе продолжиме да ја поддржуваме европската перспектива на сите држави од Западен Балкан, дури и на оние со кои постојат значајни несогласувања, барајќи од нив имплементирање на реформите и придржување до критериумите за добрососедски односи“, истакна Куркулас. (М.П.)


Статијата е прочитана 539 пати.

Испрати коментар



Романот „Единаесет жени“ на Семинарот за македонски јазик
„Танец“ и „Мал драмски театар“ на „Скопско лето“
Изложба, концерт и монодрама на „Бит фест“
Неизвесно учеството на македонските музичари на „Охридско лето“
Кралицата е многу либерална



„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

Што прават денеска
 


Site Meter


Време
Скопје, 20°C

Ведро

Недела
Ведро
Макс: 36°C, Мин: 19°C

Понеделник
Ведро
Макс: 38°C, Мин: 19°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
(ФОТО ВЕСТ) Џамија - супермаркет
(ИНТЕРВЈУ) Кралицата е многу либерална
„Верувам во ослободувањето, тоа е дел од моето патување“, изјави британската актерка Хелен Мирен во интервјуто за „Утрин...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |