03.07.2012, 18:04 Изложба, концерт и монодрама на „Бит фест“
Во Културниот центар „Магаза“ во Битола во рамките на „Бит фест“, вечерва во 20 часот ќе биде отворена изложба на уметничка фотографија на Борис Трагиќ, под наслов „Корнатска једра“, а на платото на Домот на армијата еден час подоцна ќе почне концерт во изведба на 120 музичари од хорот, симфонискиот оркестар при ДМБУЦ „Илија Николовски-Луј“ и групата „Танг Лонг“, кои ќе изведат класична, рок и поп-музика.
Во Народниот театар во Битола во 21 часот ќе почне монодрамата „Сараевска свита“ од Хелен Лукас во изведба на актерката Дона Димовска-Кантаровска.
Монодрамата во режија на Багриана Попов, раскажува едноставни и живописни приказни на две жени, една Босанка и Србинка, кои споделуваат детали од своите животи и загуби доживеани за време на нивниот живот под опсадата на Сараево, завиткани во поезија и музика. Звучната обработка и ударачки инструменти се дело на Елиса Гудрич, а музичар во претставата е Ерни Грунер. Автор на сценографијата е Адиане Чишколм. (К.Б.) |