Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Политика
03.07.2012, 17:52

Мое ќоше

Убавото друштво на Чуповски

Ерол Ризаов

Како патриотизмот стана последно упориште на полтроните и на апологетите

Не знам Вам, ама мене во овие африкански денови многу ми се интересни оние убави дебатни дружења на истомисленици кои беседат на овие тропски жештини во независните научни и патриотски институти со звучни имиња „Димитрија Чуповски“ и „Павел Шатев“. Се собрало големото друштво, сите со мудри говори. Просто пленува нивната загриженост за состојбите во опозицијата и за лошата судбина на опозициските политички лидери. Овие остроумни луѓе ја разладуваат душата до восхит со своето ораторство, промисленост, толерантност, објективност и со својот конзистентен, кај некои од нив цели 40 години, непроменлив став постојано да се велича и воспева власта, која било, и храбро да се напаѓа опозицијата, која било. Се разбира, секогаш со благородна цел за добро на народот, за опозицијата да стане подобра, оти на државата и' требало здраво и цврсто политичко ривалство како што еден од доајените на жешките расправи некни на едноумната тркалезна маса на „Димитрија Чуповски“ толку чудесно и елоквентно ни објасни. Човек едноставно да симне капа пред ваквиот патриотизам кон татковината и за ваквата грижа за развој на демократијата.

Ги гледам овие мили и познати ликови, звучни имиња на македонската долга и мачна транзиција и им се воодушевувам и нив, а уште повеќе нам, и на оние како мене што ги гледаат и слушаат внимателно. Човеку, тоа е навистина еден вид садо-мазо, да ги слушаш, гледаш и читаш со децении многубројните варијанти како треба да се фали и глорифицира секој чекор на секоја власт во интерес на татковината. Тоа мора да е извонредна дарба и способност за врвно камелеонство со кое ги обдарила природата немоќните и страшливците за да преживеат. Еволуцијата кај животните го решила тоа едноставно, послабите попримаат иста боја со својата околина и не се гледаат. Со луѓето и политиката е слично само што тука камуфлажата со промена на бојата бара и други адаптации. Мора да имате и образ како ѓон. Или најдобро е ич да го немате, да бидете човек без образ.

Во таа галерија на ликови, секоја чест на исклучоци, ако ги има, камерата, за жал, нив не ги покажа, видов и такви капиталци кои навистина имаат легитимитет да даваат оцени за политичките и човечки дострели на опозициските лидери Бранко Црвенковски и Љупчо Георгиевски. Сегашни шатевци и чуповци, а поранешни комунисти, вмровци, либерали и демократи се квалификувани да даваат компетентни оцени и за Црвенковски и за Георгиевски, а најмногу за Груевски, бидејќи поминаа години и години во нивна близина. Некои од нив беа министри во владата на Георгиевски, некои беа во партискиот и државниот врв кај Црвенковски, а најмногу во неговиот премиерски и претседателски кабинет. Кога Црвенковски и Георгиевски беа премиери, истите тие водечки журналисти, политиколози, аналитичари и експерти водеа жестоки едномуни дебати за тоа кој е поголем државник. Еден период го воздигнаа Бранко Црвенковски како државник што се раѓа еднаш на сто, или илјада години, а потоа Љупчо Георгиевски го прогласија за светец и икона на ВМРО-ДПМНЕ пред која се крстеа бившите комунисти и новите патриоти. Дури, некои пуштија и бради и мустаќи налик на иконата, не можејќи да го попримат испосничкиот и страдалнички изглед на Љупчо.

Денес работат предано и макотрпно на ликот и делото на Никола Груевски. Широките историски димензии на сегаш��иот премиер се веќе точно одредени. Ако Црвенковски според овие апологети дојде на овој свет еднаш на илјада години, ако за нив Георгиевски беше втората икона по Христа и Дева Марија, Никола Груевски логично е да го прогласат за Месие и преродбеник кој го води својот народ во ветената земја. Сигурен сум дека истите овие ликови повторно ќе ги видиме пак со мудри расправи за големината на новиот премиер и за штетите што ги направиле сите поранешни власти. Нема да ме зачуди ако притоа обвинат повеќе луѓе дека создавале култ на личности. Ете тоа ти се вистински луѓе за сите времиња. Кога се во прашање интересите на државата и нивните кариери и интереси, за нив нема никакви пречки. Веројатно поради ова на некого му текнало да каже дека патриотизмот е последното скривалиште на полтроните.


Статијата е прочитана 3202 пати.

Испрати коментар



Се бара транспарентно финансирање на политичките партии
Агендата 2014 се' уште е во сила
Интервју - Делчев и Александров не се споредуваат
ВМРО-НП
Градоначалникот на Старо Нагоричане никако да одговара за несреќата



Bravo majstore!, 03.07.2012 23:53:11
Chista desetka!
demokrat, 04.07.2012 00:11:46
A Milenko tamu bese?
jovan, 04.07.2012 00:12:50
Mnogu prostor ste potrosile za edno LOSO DRUSTVO. Duri i naslovot e pogresen.
za konvertitstvoto, 04.07.2012 01:30:44
Tazhno beshe da se gleda taa jadna grupa na lugje so faustivska dusha. Tamu osven demaskiraniot Filip Petrovski nikoj ne e vmrovec. Site do eden se konvertiti koi partijata najdrsko gi pushta vo prvite redovi da i gi vrshat valkanite raboti. Na vakvi tribini do sega ne sme videle vistinski chelnovi na partijata. Samo dobro e shto sega ima tv snimki i ton kako dokaz koj shto zborel i zoshto. Sega konvertitite gi znaeme po ime i prezime!
USA, 04.07.2012 03:28:50
Crvenkovski-Georgievski, pogolemo poltronstvo.......zdravje. Ama NE, niv im e Makedonija vo srceto. Na ovie od Satev i Cupovski ne im e, iako se nade od predhodnite garnituri.
ФЕЛИКС, 04.07.2012 05:53:48
Поради ова Африканско лето и мојот коментар е толку рано насабајле напишан.Но да се вратиме на сончогледовите дружини кој во зависност од моменталната политичка користољубива политика егзистираат тука како трабанти на било која власт.Текстот би го проширил и со примерот на друга дружина која ептен научно се истопори со тужбата околу лустрацијата односно тужење пратеници оти донесуваат закони кој по нивно мислење се штетни ако се однесуваат кон нивно персонално опсервирање.Па така токму оној правен нелегалист кој добро знае да пратеник не може да одговара пред законот за изреченото и одлученото во собранието се нафати да утужува.Токму тој беше жесток заговорник за слободата на говорот и декриминализација за навреда на јавна личност а сега кога се работи за него и неговите сето тоа предходно изречено не важи.Оваа паралела на вакви весели дружини како примерот од авторот и мојот пример е поради избалансираност на нештата.
Itar Pejo, 04.07.2012 06:32:48
Odlicen komentar, Erole, ama mene me iteresiraat i faktite. Odvreme navreme se spomnuva toj institut no se znae li nesto za nego? Kade se naoga, ima li internet adresa, koi drugi aktivnosti gi ima? Ovaa diskusija bese li i kolku vreme odnapred najavan? Imase li publika? Po koj kriterium site mediumi konstatiraa deka ovaa diskusija e vazna pa zboruvaa za nea. Doduse toa ne e cudno vo zemja kade sto Predsedatelot se gordee sto se slikal so novinar pa fotografijata ja objavuvaat site mediumi.
Mark, 04.07.2012 07:21:30
Mala korekcija g.Rizaov - patriotizmot e poslednoto skrivaliste na NERANIMAJKOVCITE! Samo bi dodal deka opstanuvanjeto na lik kako Casule na opstestvenava scena ne zboruva za nego tuku za nas - kolku ni se niski etickite, moralnite, demokratskite standardi!..kolku kratko pametime!..kolku sekoja vlast e podgotvena da prifati *uslugi* duri i od vakva individua! Casule e arhetip na ona sto vo sekoj eticki kodeks bi klecelo najdolu, no ete - PROAGJA!!!
Blagoja, 04.07.2012 07:39:52
Erole aj malku pozanimavajse vo nekoe cose so tvojot bivs kolega, bivs komunista bivs diplomat , bivs povejke partiec, neznam sega vo koja partija e,a se gleda kade e,ama vo site vladetelski partii vleze od osamostojuvanjeto, ne go imenuvam.
Krste, 04.07.2012 07:47:27
O D L I C N O.
Dali postoi..., 04.07.2012 08:31:43
... vo Makedonija nekoj GRAGJANIN??? Dali znae nekoj, dali nekoj od luge vo MK ima vo glava ednostavna GRAGJANSKA svest i sovest?
delcevo, 04.07.2012 08:36:00
bravo erole
Stole, 04.07.2012 09:17:51
Tekstovite na E.Rizaov ne treba da se komentiraat , treba redovno da se citaat i od niv da se UCI. Bravo MAJSTORE !!!!!!!!!!!!!!!.
Uko, 04.07.2012 09:27:30
Do Citatelite: Pa ajde ligitimirajte gi da znameme za koi stanuva zbor. Za sekoj slucaj za idnite vreminja...
bedno i jadno!, 04.07.2012 09:42:42
I na selska cesma po seriozni i po uverlivi razgovori se vodat . Kako li samo jadno i uplavno izgledaa ovi faci koi nemaat ni dignitet ni moral da nekogo kritikuvaat za koalicii ,za sorabotki ,pa neka se vratat vo licnite arhivi na kolumni sto pisuvale vo minatoto .Kako li se penjavea da izgledaat seriozno !!jadno.jadno ccccccccccccccc,,,
vanco, 04.07.2012 10:17:09
Bravo Erole za napisot,ova e za poveke od chista desetka,kakvi politicki analiticari kakvi bakrachi,doktor si za site.Dosega tvojot roden grad Kocani nema dadeno poumen covek od Tebe.
лудебит, 04.07.2012 10:23:00
Голем човек и поголем политичар, син на Херој. Ајде бре Чашуле кажи веќе еднаш која чколија изучи кој факултет заврши, каде докторираше, да знае македончето кој го води, кој плука посе што немисли како него, ти се дивев на трибината, ате знам уште на времето кога ќе долеташе од Јужна Америка, на рачун на тате се шепуреше во МРТ, и кажуваше каде се ука учиш, за сега да блатиш и валкаш, во комунизмот помина комунистички, сега селепиш капиталистички, немаш образ ЧАШУЛЕ. оД ДВА ОБРАЗА ЛИЦЕ НЕБИДВИТ, Чашуле.
Marija, 04.07.2012 10:23:57
Велите „образ како ѓон„ - подобро лица без образ. Невидени камелеони и нив местото им во Шутка, а не да бидат амбасадори. Е жална Македонијо каде пловиш....
Oskar, 04.07.2012 11:40:16
Odlicna analiza na kameleonski likovi, koj od koj po iskompromitiran, od vakvi likovi covek moze samo da se srami i da gi izbegnuva, kako toa go kaza vo svojata pesna Molitva, golemiot Konevski stom tie levo ke fatat, jas desno da odam.
владо, 04.07.2012 11:53:05
Go pustam tv i gledam ,,Pavel Shatev,, drzi press, slusam ama ne veruvam, gi gledam lugeto na TV i ne mozam da veruvam kolku bedno izgledaa site tie ,,macenici,, Ako ovie se intelektualniot modalitet na Makedonija, togas sloodno ke kazam ,,e...i intelektualcite,, Bedotija od faci, isplaseni faci, Abe Chashule, abe neli ti na vremeto beshe opasen i strasen komunist, sto ti se stori pa ne znaes sto zboruvas. Uste vo vremeto na socijalizmot ti si bese meraklija za ambasador.... mnogu mi e krivo sto ne te storija ambasador, ama ajde ti si uste ,,mlad,, ke ima vreme i za toa... zasramete se, nemate ni trunka obraz...
jovan, vlada @, 04.07.2012 12:09:30
Почитуван Ризаов, никој тоа не го оспорува дека Чашуле, Латас и ред други перјаници на сегашното ВМРО-ДПМНЕ беа истите луѓе кој од 1998 до 2002 година највеќе го пердашеа тогашната влада која беше изложена на страшен медиумски пропаганден спин. Со измислувањето на афери од типот на „ОКТА ПРОДАДЕНА ЗА ЕДНА КОКТА“ и ред други да не ги бројам беа главни перјаници на Бранко во борбата против ЉуБчо благонадежниот тазе осознаен Блгарин па по победата на србофилот и корисник на стимуланси за одржување и подробрување на расположението и работата во раните и касните 90-години на минатиот век беа едноставно грозни. Епа драг Ероле, како што знам ти едно време кога ќе го спомнеше името на Блгаро-Макеодоснко делчевскиот Војвода(јаничар на бугарската кауза) се гадеше и блуеше искри на омраза кон тој човек каде ќе стигнеше, сега дојде време исто како овие прививе што ги спомна во твоето ќоше да го фалиш и глорифицираш човекот кој беше за тебе најголемот зло во историјата на модерна Македонија и сега
Од редовен читател, 04.07.2012 12:30:43
Одличен текст. За ваквите друштва нашиот народ има одличен назив: мивки. Само мивките обично се за еднократна употреба, после која се фрлаат. Ама овие мивки веќе се употребени повеќе пати, а кој знае, можеби и во догледно време пак ќе се јави потреба од нивна употреба. Знач��, не е до мивките, туку до властите во нашата државичка.
Rezzilov, 04.07.2012 12:44:23
Сите се менуваат,дури и Бранко и Љубчо,само господинот Ерол Ризаов е константен во своето величање на првоспомнатиот и неговите сопартијци.
Angel, 04.07.2012 14:05:25
Игноранција Ерол,игноранција.Тоа би било единствен спас од нив и таквите како нив.Воопшто не ја користите оваа можност. Што очекувате кога пред секоја ,,шуша,, ќе ставите десетина микрофони и камери и плус после ќе ги анализирате нивните добро платени ,,мудрувања,,.Запознавам се повеќе луге кои престанале да читаат весници и да гледаат вести на ТВ.Поздрав,
Босфор, 04.07.2012 20:55:10
Ерол полн погодок “у сриду “како несе засрамат “фаците“но тие да имаа образи немаше да ги покриваат со бради, шалови и слично. Да си жив и здрав Ерол и оогледај ги коментарите и сети е јасно. Ако имаа образ ќе се засрамеа но понудите несе за фрлање па ќе издржат и таква бламажа. Браво Ерол

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

Што прават денеска
 


Site Meter


Време
Скопје, 23°C

Делумно облачно

Петок
Ведро
Макс: 35°C, Мин: 18°C

Сабота
Сончево
Макс: 36°C, Мин: 21°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
(ФОТО ВЕСТ) Џамија - супермаркет
Од недела над 40 степени и многу висок УВ индекс
Во Македонија од недела под влијание на многу топла воздушна маса од северна Африка ќе биде претежно сончево и многу топ...
(ИНТЕРВЈУ) Кралицата е многу либерална
„Верувам во ослободувањето, тоа е дел од моето патување“, изјави британската актерка Хелен Мирен во интервјуто за „Утрин...
(ИНТЕРВЈУ) Треба да ја следиме визијата на големите уметници
„Сакав да глумам во ’Соба со пијано‘, а сакав и повторно да го видам Скопје, откако пред три децении бев како турист“, в...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |