Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Политика
05.07.2012, 17:22

Папуљас ја обвини македонската влада за „македонизам“

Каролос Папуљас ја обвини Македонија дека сама ги затвора вратите за НАТО и ЕУ

Од нашиот дописник
Миркица Поповиќ



Атина - Грчкиот претседател Каролос Папуљас испрати остра порака до македонската влада барајќи од неа „да престане со идеологијата на македонизмот“. Папуљас говореше за ситуацијата со Македонија на официјалната вечера со бугарскиот претседател Росен Плевнелиев во Атина.

Во суштина Папуљас само ја повтори познатата грчка црвена линија посочувајќи дека политиката на македонската влада ги држи вратите на НАТО и ЕУ затворени за нашата држава, но не спомена дали со неговиот бугарски колега разговарале за изјавата на премиерот Бојко Борисов дека за Софија не е прифатлив предлогот „Северна Македонија“, односно име со географска одредница. Бугарскиот претседател имаше средба со Папуљас во средата изутрината, меѓутоа на заедничката прес-конференција, освен согласност дека сакаат да ги видат државите од Западен Балкан во ЕУ, не проговорија за Македонија. Како што истакнал бугарскиот претседател на брифинг за бугарските новинари на утринската средба со Папуљас тие воопшто не зборувале за македонското прашање.

Но, за време на говорот на вечерата Папуљас со остар тон проговори за прашањето на името: „Се' додека Скопје инсистира на идеологијата на македонизмот, ја држат портата на НАТО затворена и нивниот пристапен процес во ЕУ замрзнат“, изјави Папуљас. Тој нагласи дека грчката позиција за Македонија била конструктивна, но и постојана, во исти рамки како и до сега. „Монополизирање на терминот Македонија и за името на државата, националноста и јазикот не е во согласност со реалноста на регионот. Поранешната југословенска република Македонија ја прифати обврската да преговара за да се најде заеднички прифатливо, конечно име. Во согласност со Советот за безбедност, името нема да биде само за меѓународна или за делумна употреба“, истакна грчкиот претседател.

Грчките аналитичари кои го следат спорот за името велат дека оваа порака може да се прочита како насока во која новата грчка влада ќе се движи за спорот за името, односно дека најверојатно ќе остане на познатите црвени линии. Сепак, се посочува дека треба да се почека и на официјалното претставување на програмата на новата влада за да се слушне официјалниот став на владата на Адонис Самарас во коалиција со ПАСОК и Демократска левица, која ќе почне денес во грчкото Собрание и ќе трае до недела вечер кога и ќе почне гласањето доверба за владата. Околу реакциите на Бугарија, аналитичарите сметаат дека ваквото мешање не ги олеснува преговорите, туку напротив само може повеќе да ги искомплицира. Се оценува дека обидот за мешање во спорот за името од страна на Бугарија нема да и' оди во прилог на грчката влада, која со Софија околу Македонија ги поврзува единствено незадоволството од политиката на споменици на премиерот Никола Груевски. Меѓутоа, аналитичарите посочуваат дека во новата грчка влада не се само десничарите Нова демократија, туку и ПАСОК и Демократска левица.

Весникот „Катимерини“ во анализа на политиките на Груевски оценува дека македонскиот премиер останува „верен на неговата тактика да руши мостови и да продолжи со систематската пропаганда против Грција“, со што укажувал дека не бил подготвен да се помести од позицијата која ја има на преговарачката маса. „Веднаш по формирањето на новата влада и пред да се знае нејзината позиција, премиерот Груевски предвиде дека нема перспектива за преговорите. Се повика на политичкото минато на премиерот Самарас и утврди дека не очекува многу од него“, се вели во анализата на весникот. Посочувајќи дека во изминатиот период македонскиот премиер постојано изјавувал дека Грција одбива да комуницира со македонската влада, обвинувањето дека Грција врши политички геноцид над Македонија со цел да се создаде негативно мислење меѓу народот за Грција, од „Катимерини“ коментираат дека Груевски создал правило во неговото политичко владеење дека Грција е главниот виновник за се' негативно што се случува.

Меѓутоа, според анализата на „Катимерини“, тактиката на Груевски да ја фрла вината за се' што се случува кон други, а никогаш кон себе, почнувала да се менува. Причината за намалената популарност на Груевски ја гледаат во зголемената изолација на Македонија и проблемите со економијата. Покрај ова, „Катимерини“ забележува дека почнува да се создава силен опозициски фронт со соработката на Бранко Црвенковски и Љупчо Георгиевски, посочувајќи ги и изјавите на Георгиевски дека владата на Груевски врши фалсификување на грчката историја. „Притисокот кон Груевски се зголемува. Останува да се види дали тоа ќе доведе до преиспитување и менување на тактиката или, пак, уште повеќе ќе ја зацврсти неговата непоместлива позиција“, оценува весникот.


Статијата е прочитана 1337 пати.

Испрати коментар



Премиерот и министрите под опозициска „истрага“
Трета среќа за лустрацијата во Уставен суд
Политичарите фрлаат чадни бомби, животот е на друго место
Борис Змејковски - „Љупчо е најголем проблем за Македонија“



Petre, 06.07.2012 04:43:09
Dobro e toa sto nekoj gi obvinuva makedoncite za Makedonizam. So toa ni priznava deka nie ne sakame Grcizam, Srbizam ili Bugarizam. Ednostavno nie si ja sakame nasata makedonska rasa. Ako nekomu mu smetaat zivite makedonci neka proba da ne unisti ili neka bara lek vo ludnica.
ФЕЛИКС, 06.07.2012 08:47:04
Значи експлицитно барање за откажување од Македонизмот,а тоа значи одкажување од името,јазикот и идентитетот.Дали сега се уверени оние кој правеја симулации,оние платформисти кој не убедуваа,,абе не е во прашање идентитетот и јазикот,тоа е масло на владата,,Дали сега се увери зеленко и неговата испошашардисана дружина што се бара од нас,или можеби ова е благопријатно за неговите уши,и преку потребно ако се сака влез во ЕУ,,рајот,,.
do Papuljas, 06.07.2012 15:12:05
Makedonija,Makedonci,makedonski jazik, se e toa realnost koja postoi od antikata do denes.Etnickoto ime Makedonija e samo nase i nikoj drug ne moze da go koristi.Pred 1990 g.juzniot sosed ne ni pomisluvase na imeto Makedonija i tamu nikade ne se koristese imeto Makedonija.Makedonstvoto nema dopirni tocki so juzniot sosed.Samo sto sme sosedi.Toa e realnosta.Realnost e i makedonskoto malcinstvo tamu koe si gi bara pravata.

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

Што прават денеска
 


Site Meter


Време
Скопје, 36°C

Делумно облачно

Среда
Ведро
Макс: 37°C, Мин: 19°C

Четврток
Ведро
Макс: 38°C, Мин: 17°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
(ФОТО) Кристина Арнаудова се разладува во Котор
Скопскиот асфалт го замени со морските бранови, а во песокот и водата најмногу ужива, кој друг ако не едноиполгодишното ...
(ФОТО) Кавадарчанец освои бронза на натпревар за генијалци
Ѓорѓи Шемов се натпреваруваше со научен труд од областа на заштитата на животната средина...
(ФОТО) „Вранец спешл селекшн“ на „Тиквеш“ влезе во светската винска елита
Ова е второ вино на „Тиквеш“, покрај „бела вода“, кое за помалку од една година добива висока оценка и можност за пробив...
Голема радост за враќањето на „Дед Кен Денс“
Со новиот албум „Анастасис“, австралиското култно дуо Лиса Жерар и Брендон Пери, уште еднаш ја докажа својата креативна ...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |