Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Коментари
10.07.2012, 17:13

Мислења

Лошо тримесечје за Груевски

Нано Ружин

Проектот на Груевски се истроши и веќе стана штетен за општеството, а недовербата на народот порасна

Кога Никола Груевски, неговите министри и портпароли почнаа да се појавуваат во јавноста со карирани кошули, тоа е знак дека ДПМНЕ се подготвува да се спушти меѓу широките народни маси. Разбирливо, по големите роуд-шоуа од кои повеќе аир ќе имаат светските авиокомпании и географските сознанија на премиерот и придружбата отколку македонското стопанство, дојде време партиската врхушка да му се врати на народот.

Прв потег е симнувањето на вратоврските и чудните сакоа на премиерот и обидот за мимикрија со гласачкото тело. Паралелно со „народниот“ израз потребно е да се продолжи со самофалбата и „историските“ дострели на власта и со постојаното окривување на опозицијата за сите несреќи и неуспеси. Тоа беше мошне успешен рецепт по 2006 година. Важно е дека толпата беше задоволна бидејќи се пронајде и институционализира лошиот транзициски ѓавол на СДСМ како дежурен виновник за сите македонски несреќи, сиромаштијата, приватизацијата, невработеноста, криминалот. За сметка на тоа современиот и невин ангел на ДПМНЕ од 2006 година, по страшниот пургаториум, требаше до 2012 година да создаде идеално општество, силна економија, намалување на невработеноста и сиромаштијата, искоренување на организираниот криминал и корупцијата, ефикасен модел на либерална демократија, членство во НАТО и ЕУ. Меѓу 2006 и 2008 се почувствува голема доверба и фасцинираност од менаџерскиот дух на премиерот. Дури и интелектуалците беа импресионирани. Никој не се обидуваше да испорача и минимум сомнежи и критика кон генијалното младо раководство. Делуваа како младата комунистичка постава на Фидел Кастро од 1960-те.

Шест и пол години подоцна, политичката и социоекономската конјуктура не му е повеќе наклонета на Груевски. Неговиот проект се истроши и веќе стана штетен за општеството, а недовербата на народот порасна. Освен неколку доброплатени интелектуалци и ислужени полуинтелектуалци, веќе никој не зборува со комплименти за ДПМНЕ. Низ кафулињата се негодува против распојасаните и моќни бодигарди на Владата, нивната агресивност, експресно богатење, монополски однос во сите дискотеки и позначајни сврталишта, насилното бркање гости од нивните места, бидејки доаѓал некој значаен тип од МВР.

Состојбата потсетува на 1998 кога Љупчо Николовски - Фуфо го предупредуваше вообразениот СДСМ дека повеќе никој не ги сака и се посомнева дека некој ќе гласа за СДСМ. Овој пат колата на вообразениот ДПМНЕ тргна наудолу. Доволно е да се набројат само неколку трендови во последниве три месеци за да стане јасна какви се состојбите. Второто тромесечје од 2012 помина во знакот на катастрофалната серија за власта. Најнапред и покрај најавуваната дипломатска офанзива во Чикаго, во мај се срушија лажните надежи во пресудата на Меѓународниот суд за правда. Немаме ниту дипломатија ниту луѓе од авторитет кои ќе се борат за интересите на Македонија. Партизираноста и неспособноста на дипломатскиот корпус доаѓаат до целосен израз. Ден пред самитот во Чикаго во нервозно интервју на Груевски ги нападна и Алијансата и САД и останатите сојузници за предавство.

Потоа доживеа непријатно кроше со одбивањето на ММФ да го одобри преостанатиот дел од кредитот заради немањето увид во трошењето пари од страна на Владата. Крајно време бешеда се плати цехот за злоупотребата на монетарните пари во изборната победа од минатата година. Тамам го заборавивме интервјуто кое од страна на сојузниците беше оценето како „емотивен набој на премиерот, кој е исто така човек од крв и месо“, се случи уште покатастрофално интервју на Канал 5 со Роберт Поповски. Тоа што требаше да биде наменето за внатрешна употреба и за нов емотивен потфат за хранење на незадоволните маси се претвори во фијаско. Наместо да му се остави простор да удри со тешката артилерија по повратникот Црвенковски, што е веќе стопати повторена приказна, новинарот настојуваше да го насочи премиерот кон аналитички одговори и конструктивизам за неговата влада. Меѓутоа, неподготвеноста и лошата стратегија на премиерот дојде до израз. Наместо да зборува за сопствената утопија, почна со излитената тема и навраќањето кон минатото и грешките на Црвенковски и на СДСМ. Заборави дека на власт е веќе седма година или три мандати и дека во политиката тоа е цела вечност.

Веќе станува депл��сирано неуспесите да се бараат во минатиот век и во опозицијата. Можеби на премиерот за момент му исчезнала инспирацијата или станал свесен за тежината на реалноста? Знаеме дека тешко се снаоѓа пред камерите затоа упорно ги избегнува сите ТВ-дуели со политичките ривали. Но, позначаен хендикеп е црниот серијал и неуспех на неговата политика на сите планови, освен во градењето непродуктивни споменици.

Македонската реалност не му е наклонета. Од Дојче банка одбија да му издадат кредит од 250 милиони и наместо тоа мораше да се задоволи со 75 милиони. Потоа се потврди драстичното смалување на извозот за една четвртина и заострување на социјалната напнатост. Набргу падна уште една утопија која ја промовира во Санкт Петербург, дека Македонија и Русија ги заобиколила кризата. Една недела подоцна за Си-Ен-Ен изјави дека Македонија е во рецесија. Експертите сметаат дека 2012 година ќе биде најлошата економска година со едвај 30 милиони евра странски директни инвестиции во првото полугодие и со огромен пад во текстилното производство и металургијата што ќе повлече зголемена невработеноста и сиромаштијата.

Потоа следеше студениот шприц со обединувањето на Бранко и Љупчо, а како капак на сето тоа беше неуспехот на кошаркашката репрезентација во кој успех се надеваше повторно да го подигне патриотскиот андреналин како и минатата година. По неуспехот веројатно ќе го премолчи напорот на кошаракрите како што го премолчи неуспехот на ракометарите. Но, на тие млади момци сега им треба поддршка кога им е најтешко бидејќи достојно ја преставуваа Македонија и со сето тоа што го постигнаа треба да сме сите горди.

И што сега? Нови фонтани и споменици, социјални станови, вработувања во администрација, новиот бран? Реторика станува инфантилна и ја губи сопствената логика. Незадоволните студентите по прекинот во исплатата на стипендиите веќе негодуваат. Други незадоволници ќе се појават со порастот на цената на парното и струјата. Трети со порастот на цените на мало и со отпуштањето од работа. Владата настојува да ги исплати и субвенциите за лозарите и винарниците. Политичките партии сфатија дека суштината е во масовното гласачко тело. Изборите од 2006 година наваму што ги доби ВМРО-ДПМНЕ покажаа дека селаните, работниците, невработените и најсиромашните слоеви ја добиваат изборната битка.

Искуствата од арапската пролет потврдија дека големите промени ги вршат средните слоеви, студентите, образовните луѓе во сојуз со селаните, работниците и целата сиромаштија. Засега Груевски се' уште ги контролира широките гласачки маси, меѓутоа има се' помалку пари за да ги анулира незадоволствата. Не е јасно како ќе ги неутрализира последиците од несупешната 2012 пред локалните избори во пролета 2013. Далеку се 2008 и 2009 година. Нервозата кон Б.Ц. и Љ.Г. е доведена до екстаза. Во недостаток на позитивни резултати се промовира супервалкана кампања со портпаролашка кафанска реторика. Се бараат теми за да се пренасочи јавното незадоволство. Реактивирање на лустрацијата ќе им дојде како Павловиќева маст на иритираното бебе. Можеби ќе го консултираат и Кустурица за да ги пронајдат црната мачка и белиот мачор од деведесеттите. Сега е 2012, според Нострадамус, Сибил и календарот на Маите, на 21.12.2012 ќе се случи апокалипсата - крајот на светот. Ако тоа не се случи, извесно е дека ќе заврши некој политички циклус во нашата Македонија?

(Авторот е универзитетски професор

и член на ЛДП)


Статијата е прочитана 2687 пати.

Испрати коментар



Пена како буниште
Поразени научници
Сенка на зеленилото на „Денот на дрвото“



Istocna Makedonija, 11.07.2012 08:27:14
Profesore,ubava retrospektivna analiza i dadeni nasoki kako ponatamu,NEKOI da postapuvaat. Ne e satisfakcija da ja imas vlasta i praktikuvas, gola i neperspektivna za svojot narod.Od ova, karat i se benefitni, raznorazni Casukinja,Mirki, Latasi,Milenkovci,Bureci i drugi soncogledi.Treba da zamines koga mislis deka si najsilen,ili koga ne mas solucii,ishodiste.Oti,karcinomot ne se leci.Ne mi dava satisfakcija,nitu opsesjata po rejtinzi,na racani,fingirani anketi,koga ne mozam da nate ram,barem,edna tretina od ovaa populacija da me saka i preferira.I toa so upotreba na site mozni i nemozni modusi.So pripadnost kon onie, koi ocekuvaa cudo,renesansa,ova zabegano,za zal,nase opstestvo i populacija da se spasat,e dadena doverbata vo bliskoto minato,a za vozvrat dobien samo cemer,maka,taga,patetika. Ne se placi za svojata sudbina,se oplakuva sudbi nata na nasite deca,mladi generacii,koi alcnite za vlast gi desetkuvaa,unistija,demoraliziraa i sega, edinstveno sakaat da ja zadrz
devicanecot, 11.07.2012 08:55:21
Почитуван Нано, Прошетај се низ плоштадот! Повози се со жичарницата на Водно. Погледни го левиот кеј на Вардар од мостот Гоце Делчев надолу по течението. Ајде, да не набројувам повеќе, знам дека нема ништо да видиш. Само човек кој не гледа ништо, може да состави ваква колумна, без разлика од која партиска определеност е. Работата си го дава својот резултат. Неработата, уште повеќе. Затоа, корисно е да пишуваш позитивни работи, пас макар и за спомениците на Б.Ц. изградени на релацијата Бељаковце-Руѓинце, во вид на висечки недоизградени столбови, или пак распаднати градежни кранови.
od ostrijot, 11.07.2012 09:35:31
greska si nano trimesecjeto za grujo i negovite najbliski voopste nee loso nego loso e za narodot i drzavata.
pile, 11.07.2012 11:17:02
..Немаме ниту дипломатија ниту луѓе од авторитет кои ќе се борат за интересите на Македонија...(N.R.) Gresite G-dine Ruzjin.Respektirajki ja edinstvenata realna izjava na G-din Zvonimir Jankulovski vo TV emisijata X/0 vo ponedelnikot,deka zborot na politicarite vredi onolku kolku sto e vrednuvan vo Vasinkton, togas izjavite dadeni od trotoar na aktuelniot Premier, zaradi podobroto eho i umetnicki vpecatok,podrzjano so izjavite od tipot deka vremenata spogodba e zjiva katastrofa, i so macninata vo stomakot od prijatelite i sojuznicite nema somnezj za kvalitetot i kapacitetot na najeksponiraniot vo nadvoresnata politika na Drzjavata.Podobruvanjeto sekojdnevno e evidentno na ovaa vladeacko mnozinstvo, kako primerite so nacinot ,kako mlekarot Dusko i drugi bese transparentno so mediumi, sega veke ne ni zabelezjuvame koj e priveden ili mozjebi e clen na partijata,toa G-gja Jankulovska najdobro znae,ke se naucat ako povezjbaat malku na sopstven sparing partner.OSTAVKA
jovan, 11.07.2012 11:21:47
Koga vo 1998ma Fufo ja dal taa izjave, deka SDSM nikoj ne go saka, togas na scenata bese ponudata na VMRO-DA/Georgievski-Tupurkovski, koj jasno ja prezentiraa nivnata ponuda.Dosta i ispolazaa so taa ponuda, no imase sto da slusne narodot kako zamena.Vo denesniov slucaj na sekogo mu e jasno deka VMRO, vakvo kakvo sto e, ne samo sto veke nikoj ne go saka, nego pocna megu narodot da se raga i omraza sprema taa partija i nivnite pajtasi. No ostanuva najgolemiot problem.Se uste nema jasno sto se nudi kako zamena, sto se nudi za da ova se ispravi, duri ne se imenuvani so ime i prezime ni klucnite problemite koj ne dovedoa vo edna vakva sostojba na ziveenje i izvrteni normi.Togas promenite na Georgievski bea deka ke prodaval fabriki za 1marka, ke go liberaliziral pazarot koj bese monopol pod kontrola na SDSM, miljardata na Cile, butik za sekogo...i uste mnogu ponudi i lagarii, pa narodot gi prifati tie promeni. Denes nema nisto sto da prifati, osven za inaet na Gruevski da glasaat protiv nego
itar pejo, 11.07.2012 11:27:33
Bravo za kolumnata, mnogu ke raste siromastijata vo drzavata ako produzi edna vakva diktatorska vlast.
ЕДЕН ОД ОПЕЛЕШЕНИТЕ, 11.07.2012 13:24:31
Нано,алал вера,не е ништо ново, да речеме дека си експерт. Тоа си бил одсекогаш,но има забегани кои никогаш не би го виделе тоа. Сосема е точно дека повеке пари однадвор нема,и затоа сега е борба да се пронајдат внатре безброј измислени извори на пари, а кои извори се самиот н��род и самите фирми кои ги опелешуваат на разни и бескрајни измислени начини. Е, нели во мода се ЛИЦЕНЦИТЕ? Нели треба за лиценци да полага докторската фела,адвокати, нотари,менаџери,сметководители,продавачи......Знаете ли колкава толпа се опфаќа со ова директно краденје на народецов. АБЕ ПАТРИОТИ,ВИЕ И СЕГА СЕ ДОКАЖУВАТЕ ПРОТИВ МАКЕДОНСКИОТ НАРОД. СЕ Е АПЛА, НО ВИЕ ТОА НИКОГАШ НЕМА ДА ГО ВИДИТЕ, И ПО ЦЕНА ДА ДОБИЕТЕ НАЈГОЛЕМА ДИОПТРИЈА ОД ПАРТИСКИТЕ НАОЧАРЧИНА. СЕ ИМА КРАЈ!!!
do devicanecot, 11.07.2012 13:34:42
Pocituvan devicanecot, eve mene me interesira sto ke vidi ako proseta po kejot i plostadot? Ke vidi isprani stotici milioni evra, ukradeni od narodot koj edvam prezivuva mesec za mesec, iscedeni od ekonomijata koja veke i ne vrzuva kraj so kraj, ke vidi neviden kic i samovolie koi ne nosat leb i rabota osven za dvajca-trojca, ke vidi sramota od najlosite diktatorski denovi na Severna Korea! Ete toa ke vidi! Sigurno nikade nema da vidi fabriki i novi rabotni mesta (verojatno 7 godini ne se dovolni) i barem malku posrekni lugje!
marjan, 11.07.2012 13:54:05
realno napisano
за убавите споменици, 11.07.2012 14:34:08
Тешко на нас ако чудни споменици во уште почудни димензии,барокни згради,неприродни плажи со одвратна музика која петок или сабота го прави кејот најодвратното место во Скопје се врв на достигнувањата на една влада.Не ве разбирам со кои очи и со каков ум ги перципирате работите околу Вас.А, паричникот како е?Полн или празен?Ако е полн,се е јасно,ама ако е празен,тогаш веќе пред нас имаме една страшна дилема.Додека се гордеете со спомениците,не е лошо да се прошетате меѓу народот,да видите како живее,од што и каде живее.Влезете во градски автобус и се ќе ви стане јасно.Беда и јад.Не ви пречи фактот што цените секој ден вртоглаво растат,а вашите месечни примања остануваат исти?Не ви пречи фактот што инвестирате во вашите деца,за утре да немаат каде да се вработат?Или можеби се надевате како добар партиски војник дека владата ќе ги смести во некое министерство,па ќе крпат ден за ден на товар на нашите предавнички грбови.Сакам подобра иднина за моите деца,а не споменици за перење мозоци.
Gevgelija, 11.07.2012 14:34:13
Na site ni e jasno sto ke se sluci so Gruevski samo se plasam da ne bide nogo kasno za nasata drzava.
do devicanecot, 11.07.2012 14:52:50
А кога ке се повозам со жичарата,под услов да имам да ја платам картата,па ги посетам спомениците и жалните врби,дали потоа во џебот ќе имам кеш да си ја платам сметката за комуналиите и разноразните давачки кон државата?Јас од дома не смеам да излезам за да не гледам на какви непродуктивни цели се трошат моите тешко спечалени пари.опстанокот е во прашање и треба да се вклучат сите црвени светла и аларми!
pretpriemach, 11.07.2012 18:24:53
G-ne Ruzin neznam so koe pravo mu gi dodelivte kosarkarite i rakometarite na Gruevski. Za Vasa informacija tie se makedonski kosarkari i makedonski rakometari i sekoja nivna pobeda ili poraz nie iskrenite makedonski fanovi gi cuvstvuvame kako svoi. Se zgrozuvam na pomislata deka nekoj gi posakuva porazite na makedonskata reprezentacija samo zatoa sto nekoj drug a ne tie se na vlast. Kolku kukavicki, malodusno,egoisticno, hipokriticno.... Ne gi zloupotrebuvajte gi sportistite za vasite prepukuvanja, zasto na kraj vasata tikva ke pukne....
odlicno, 11.07.2012 18:50:52
odlicno kazano nema poveke sto da se dodade nitu odzeme

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

Што прават денеска
 


Site Meter


Време
Скопје, 34°C

Ведро

Четврток
Делумно облачно
Макс: 38°C, Мин: 17°C

Петок
Сон��ево
Макс: 36°C, Мин: 18°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
(ИНТЕРВЈУ) Сузан Сарандон: Се уште сум хипи-девојка
Моите синови десет години не ги гледаат моите филмови и немаат интерес за тоа, ни изјави холивудската актерка во Карлови Вари
(ФОТО) Го истетовираа Тодор Александров
На околната ограда со црн спреј е напишано „Грујо носи си го“, а петметарската бронзена скулптура е испрскана со бела бо...
(ФОТО) Награден стрипот „Волшебното катче на Цане“ на Тхе Мичо
Еден од најдобрите македонски стрип цртачи, беше награден со специјалната награда во чест на Миодраг Величковиќ – Мивел,...
(ФОТО) Кавадарчанец освои бронза на натпревар за генијалци
Ѓорѓи Шемов се натпреваруваше со научен труд од областа на заштитата на животната средина...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |