-->
Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Хороскоп

Хороскоп

Овен

Функционирате според системот топло-ладно. На момент ви изгледа како се да е едноставно, како воопшто да не постои никаков проблем, а потоа за кусо време ве фаќа паника. Како да се надмине оваа кризна ситуација? Поставете си хипотетички прашања.



Бик

Под услов да не сте во материјална криза, ќе се чувствувате фантастично. Ќе ја гледате само поубавата страна на нештата. Ќе бидете склони кон уживање во ситници и максимално ќе им се посветите на другите. Ако ве фати беспарица, почнете да гледате како да ја надминете.



Близнаци

Не сте во топ-форма. Треба да бидете потрпеливи некое време и да не ја изразувате премногу вашата нервоза. Не претерувајте со консумирање слатки, алкохол и секс. Обидете се да ги скротите сите нагони.



Рак

Често ви се случува да ве обземе чувство на инфериорност придружено со голема несигурност. Ќе ја пикнете главата во песок и ќе потонете во очај. Обидете се да ги промените животните ставови. Не е време за очајување.



Лав

Тешко ќе ви падне да се приберете. Склоноста кон расправии е евидентна, па тие што не ве познаваат би можеле да се шокираат. Партнерот е рамнодушен, бидејќи веќе се навикна на вашето однесување. Обидете се да се релаксирате на сонце.



Девица

Од другите го барате невозможното, па затоа разочарувањата се неизбежни. Со партнерот не сте баш во добри односи, па затоа сакате да се повлечете настрана. Вашиот став е погрешен, па ви се советува да издржите докрај.



Терезија

Некои работи се кристално јасни иако подобро се чувствувавте кога не знаевте на што сте. Можете барем да се надевате и да фантазирате. Најважно е да извлечете корисна лекција за да можете да продолжите понатаму.



Скорпија

Смислата за убави работи е изразена. Ништо не си скратувате. Дружењето со Раковите и со Терезиите ќе влијае на вашето расположение. Ќе бидете премногу расположени, но не занемарувајте го и Стрелецот кој е тука за да ви помогне.



Стрелец

Повеќето припадници на овој знак ќе се интересираат само за книжевноста, па поголемиот дел од слободното време ќе го поминат со добра литература. Здрав интелект, идеи и многу планови ќе ви се моткаат денеска во главата. Само ако се повлечете во самотија, ќе ги најдете вистинските решенија.



Јарец

Нервниот систем ви е премногу раздразнет. Можеби тоа е и причината да се чувствувате напнато. Обидете се да бидете поодговорни за да можете и поактивно да функционирате. Оставете ја настрана мрзливоста.



Водолија

Моментално знаете што сакате. Иако сте превртливи со вашите ставови, ситуацијата не е толку лоша како што изгледа. Самотијата најмногу ќе ви годи, па затоа повлечете се. Можни се некои кожни инфекции, но ништо не е алармантно.



Риби

Пријателите веќе научија кои сте. Конечно сфатија дека сте користољубиви. Сепак, не треба другите да заклучуваат како се однесувате вие. Треба да ве прифатат или не. Тоа што сте такви е само ваш проблем и ничиј друг.



„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

Што прават денеска
 


Site Meter


Најнови вести
Време
Скопје, 20°C

Ведро

Понеделник
Ведро
Макс: 36°C, Мин: 12°C

Вторник
Сончево
Макс: 31°C, Мин: 12°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
ОДБРОЈУВАЊЕ ДО ОЛИМПИЈАДА
Остануваат уште 11 дена до почетокот на Олимписките игри во Лондон...
Првите олимпијци пристигнуваат денеска во Лондон
На аеродромот Хитроу пристигнуваат првите 335 спортисти и нивните тренери, меѓу кои се наоѓаат олимпијци од САД, Канада,...
Лондон ја почна борбата против допингот
Анти-допинг центарот на ОИ ќе тестира 6.000 спортисти плус сите освојувачи на медали, се' до деветти септември...
Киднапиран претседателот на „Олимпискиот комитет“
Креветите во Олимпиското село долги само 172 см
Игри со 5.000 допинг-тестови и 150.000 кондоми
Темната страна на Олимписките игри

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |