Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Политика
05.07.2012, 17:21

Политичарите фрлаат чадни бомби, животот е на друго место

„Граѓаните се длабоко навредени, незадоволни, депресивни поради егоистичните цели на политичарите“, вели социологот Илија Ацески

Наум Котевски


Политичарите го „хакираа“ умот на овдешната јавност со уште еден тест на нервите воден под името хигиенско вадење на валканата иблека од старите центрифуги. Иако, неодамна некој сакаше строго да го казни нашето гордо истакнување на алиштата на тераса, зашто тоа не било цивилизирано.

Имено, во моментите кога и на Словенија и' е потребна економска помош и е посочена како шестата црна овца во Европската унија (по Грција, Ирска, Португалија, Шпанија и Кипар), а се позадолжената Македонија, како што вели Владата, е на чекор до гасоводот „Јужен поток“, никој подлабоко не ги отвора овие теми од исклучително значење за земјата.

Вака се наоаѓаме во ситуација никој да не' прашува зошто постоечкиот гасовод со капацитет од 800 милиони м3 метри гас годишно е искористен само за стотина кубни метри. Ваквите прашања веднаш се губат (како што бргу ќе се изгуби од јавната сфера и „божјата честичка“) во лавината од озборувања и лични дисквалификации.

Психолошки гледано озборувањето, или дисквалификацијата на противникот, е еден облик на споредување со другиот. Во борбата за власт сите стануваат зависни и егоистични. Социологот Илија Ацески не е изненаден од мачниот момент во кој се наоѓаат граѓаните.

„Сега практично ги уживаме плодовите од тешката транзиција. Иднината секогаш ни била замаглена. Но сите се надевавме дека ќе биде подобро. Во практичната сфера беше обратно“, вели Ацески, кој додава дека перцепцијата на граѓаните никогаш не ги ставала политичарите во позитивна конотација. Според него, сега кога политичарите ја сфатија таа улога, почнаа доследно да го живеат својот капацитет.

„Граѓанскиот концепт во овој контекст, во недоволно развиени општества како нашето, се претвора во карикатура. Немаме невладини организации, а наместо да имаме гласни интелектуалци, тие се позиционираат во средиштето на партијата. Немаме контролни механизми за власта. Да се биде политичар тука значи максимално да се бориш за себе, за своите потреби или за потребите на групата. Тие егоистични цели го разоруваат општеството“, порачува Ацевски

Практично јавноста живее во еден простор во кој постојано се фрлаат чадни бомби, продолжува Ацески, а реалниот живот тече на сосема друга страна. Според него политичките елити не дозволуваат да се разговара за суштинските теми.

„Погледнете сега како и некои медиуми се занимаваат со шверцот на нафтата. Кој знае кој се' бил вмешан во тоа. Но, отворете ги весниците од 90-тите години и ќе видите дали кога требало воопшто некој ја асполвирал таа тема“, додава Ацески, кој не се сложува со впечатокот дека се случува своевиден садо-мазо ефект: дека политичарите притискаат со сочни приказни од минатото, а јавноста залегната пред ТВ-приемниците ужива во нив.

„Можеби на прв поглед изгледа така, но сметам дека работите стојат сосема поинаку. Граѓаните се длабоко навредени, потиштени, депресирани. Некому можеби оваа политичка реторика и однесување му претставува забава, или можеби некој од забавен аспект гледа на споменикот на Тодор Александров. Но, тоа се малкуте побогати луѓе. На огромниот број сиромашни дефинитивно не им е до ваков циркус“, потенцира Ацески.

И професорот Мерсел Биљали смета дека политичката култура е на запрепастувачко ниво.

„Апсолутно ни се неопходни дебати на темите за иднината. На пример, треба да има дообјаснување за јавноста за „Јужен поток“. Во првичните проекти за гасификација, Македонија фигурираше како транзитна држава. Тоа значи плус бизнис, бидејќи земјата не е само корисник. Но, несфатливо е зошто политичарите проценуваат дека тие теми не се продуктивни и намерно ги насочуваат граѓаните на теми кои не се суштински за државата“, потенцира Биљали.


Статијата е прочитана 771 пати.

Испрати коментар



Премиерот и министрите под опозициска „истрага“
Трета среќа за лустрацијата во Уставен суд
Папуљас ја обвини македонската влада за „македонизам“
Борис Змејковски - „Љупчо е најголем проблем за Македонија“



„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

Што прават денеска
 


Site Meter


Време
Скопје, 36°C

Делумно облачно

Среда
Ведро
Макс: 37°C, Мин: 19°C

Четврток
Ведро
Макс: 38°C, Мин: 17°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
(ФОТО) Кристина Арнаудова се разладува во Котор
Скопскиот асфалт го замени со морските бранови, а во песокот и водата најмногу ужива, кој друг ако не едноиполгодишното ...
(ФОТО) Кавадарчанец освои бронза на натпревар за генијалци
Ѓорѓи Шемов се натпреваруваше со научен труд од областа на заштитата на животната средина...
(ФОТО) „Вранец спешл селекшн“ на „Тиквеш“ влезе во светската винска елита
Ова е второ вино на „Тиквеш“, покрај „бела вода“, кое за помалку од една година добива висока оценка и можност за пробив...
Голема радост за враќањето на „Дед Кен Денс“
Со новиот албум „Анастасис“, австралиското култно дуо Лиса Жерар и Брендон Пери, уште еднаш ја докажа својата креативна ...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |