10.07.2012, 17:06 Заврши пријателството со солунскиот градоначалник
Крушевчанецот по раѓање Јанис Бутарис кој во Македонија е доживуван како умерен грчки политичар, ја напушти досегашната реторика
Од нашиот дописник Миркица Поповиќ
Атина - Солунскиот градоначалник Јанис Бутарис остро го критикуваше македонскиот премиер Никола Груевски обвинувајќи го дека неговата политика и тактиката на непопустливост не помагала за решавање на проблемот за името. Бутарис кој е прв солунски градоначалник кој подаде пријателска рака кон Скопје на расправа на советот во Солун истакнал дека се изгубени многу шанси за решение во минатото.
Солунскиот градоначалник посочил дека спорот за името ќе се решел доколку на власт се' уште биле покојниот претседател Киро Глигоров или поранешниот премиер Љупчо Георгиевски, повикувајќи се на познанството и искуство со нив. Бутарис го обвинил Груевски за фалсификување на историјата, а посочил и дека однесувањето на македонската влада е под директно влијание на американската политика и дека ставот на сегашната македонската влада е „резултат на кривогледата тактика на САД“.
Според Бутарис, и понатаму се губат шанси за решавање на спорот за името со тоа што не напредува дијалогот за предлози кои се веќе ставени на преговарачката маса за сложено име со географска одредница како Славомакедонија или Нова Македонија.
Бутарис, кој е родум од Крушево, неколку пати ја има посетено Македонија како бизнисмен и претставник на неговата винарница, а во следниот период се очекува да ја посети Македонија и во рамки на неговата официјална функција. Кон крајот на мај Бутарис оствари средба со неговиот битолски колега, градоначалникот Владимир Талевски. Двајцата градоначалници на средбата во Солун потпишаа Декларација за партнерски настап на двата града за проект за културни индустрии во програмата за прекугранична соработка Интерег. На тогашната средба Бутарис потенцираше дека ќе се развива заедничка стратегија со Битола, затоа што покрај политичките разлики меѓу двата народи постојат многу сличности и врски кои треба да се подобруваат.
По неговото доаѓање на функција Бутарис во интервју за „Утрински“ истакна дека планира да направи коренита промена во менталниот склоп на Солун и да го направи градот попријателски кон туристи и од Македонија, Турција, Балканот со цел да ги побие фобиите и лошото мислење кое постои во северна Грција за грчките соседи. Во интервјуто и многупати понатаму Бутарис спомена дека предлогот Славомакедонија според него е добра идеја за компромисно решение кое ќе ги задоволи барањата и на двете страни на преговарачката маса. Во интервјуто за „Утрински“ истакна дека смета оти политиката на Груевски со споменици е погрешен чекор за модерниот изглед на градот, оценувајќи дека ваквата политика само ќе ги влоши работите меѓу двете држави. Потенцирајќи дека споменикот Воин на коњ може да биде извор на нови македонско-грчки расправии, во тогашното интервју Бутарис предлагаше да се спуштат тоновите во спорот со името да се намалат фанатичните инциденти од една и друга страна.
Бутарис, иако држи цврст тон за политиката на македонскиот премиер, во Солун е честа цел на десничарите кои имаат порадикални ставови за спорот за името од него. Во еден момент имаше судир со пратеници на Нова демократија. Бутарис е и првиот солунски градоначалник кој беше во судир со солунскиот митрополит Антимос, кој има радикални позиции за спорот за името и воедно прв градски татко кој не се удира во гради со тврдењето дека Македонија е една и грчка. Пред една недела Бутарис истакна дека не се согласува со воскреснувањето на Министерството за Македонија и Тракија, коментирајќи дека не помага повторното оживување доколку ова министерство нема конкретна функција, што наиде на остри реакции од пратеникот на Нова демократија, Костас Јулекас. |
|
Статијата е прочитана 4667 пати.
|
Испрати коментар
|
|
Hari, 11.07.2012 00:23:58 | Znaci cel svet ni e vinoven samo nie sme ok. Zosto svetot go promeni stavot vo odnos na problemot so imeto posle 2006 godina??? Do togas cel svet velese deka baranjeto na Grcija e nerazbirlivi a od 2006 navamu deka mora da se dogovorime so Grcija za imeto i site tie 130 zemji koj ne priznaa pod Ustavnoto ime sega ne. |
| kole, 11.07.2012 00:26:07 | Какво договарање може да има со јужните ни соседи кога , ако седиме на иста маса (а и кога не сме на иста маса), не нарекуваат скопјанос. Што, од тука понатаму, може со нив да се дискутира? Најдете еден грк што ќе ни се обрати без навреда, па со него ќе може се веднаш да се реши. Проблем е што нема таков. А, и да има, не би “опстојал“ во Грција долго. Ајде, “Итар Пејо“ или некој сличен, интелигентен, да ми објасни? Или нему не би му пречело, бидејќи тој само ид инает живее и зборува? |
| Itar Pejo, 11.07.2012 00:28:22 | Ovoj epten izvetrean. Gruevski ja falsifikuval istorijata. Pa toj ne znae li deka Gruevski pobedi na izbori ili neznae deka pobednicite ja pisuvaat istorijata? Moze li da se rece deka Chak Noris ja falsifikuva istorijata koga toj ja pisuva? Toa ti e isto kako da reces deka parfemite sto gi pravi Dior se falsifikuvani, deka ne se Dior. Deka turskite Dior parfemi se original? |
| cd, 11.07.2012 04:58:41 | so vakvi prijateli nema potreba od neprijateli |
| Историчар, 11.07.2012 07:31:26 | Ова да го каже Грк и некако. Ама Влав? И тоа е некако. Тие се најголеми Грци поголеми и од нив. Но мора да се каже дека се лојални на секоја држава. Прашајте некој Влав од Србија или Македонија. А овој, што да прави сирома, ги брои годините и мирниот живот. Сиромаси се и бедни таквите. И ги разбирам. |
| patriot, 11.07.2012 08:45:00 | Makedonija ne e taja sto ja falsifikuva isoirijata tuku toa go cini negovata zemja Grcija.Zasto Makedonijga nee ni nova ni robska tuku e makedonska.Grcija bez Egejska Makedonija e nisto okupacijata na najgolemiot del na Makedonija trae od 1913 a doselenite maloaziski Grci i fanarioti ne se Makedoci tuku doslaci koi gi uzurpiraa i uzurpiraat imotite na Makedoncite starosedelci koi vo ,,lulkata na demokratijata ne gi uzuvaat ni osnovnite covecki prava. Pred ova ne smee noevski da se mizi i molci od strana na Evropa i OON.Ako Srbija ne se odkazuva od Kosovo i Metohija, zasto Makedonija da se odkazi od Egejska Makedonija kade Makedoncite omalovazuvacki se vikaat ,,skopjani |
| pile, 11.07.2012 10:33:16 | do Hari; Zosto svetot go promeni stavot vo odnos na problemot so imeto posle 2006 godina???Vistinsko prasanje Hari,odgovori mnogu.Zapocna so dokazjuvanje na patriotizmot kon Republika Makedonija od strana na aktuelniot Premier, so poklonenie na grobot na revolucionerot Goce Delcev i karta na golema Makedonija-mu bilo podmetnato, takvi izjavi davase,preku nok preimenuvanje na avtopatot i izgradba na spomenik sto sega veke ne smee da spomene drugo ime osven ,,voin na konj kako sto se proiznese vo emisijata X/0.Za proektite Skopje 2014 od beleskite objaveni na Vikiliks 2010 godina, Premierot na togasniot ambasador na SAD,mu priznava deka na narodot ne bi znael kako da mu objasni za izgradbata na spomenicite.Kako sto i nema potreba da objasnuva zosto na Samitot vo Bukurest prifati ime Republika Makedonija (Skopje),Veke se e vidlivo i jasno na site Hari pa i na Vas, a na slepite podrzjuvaci na vakviot kvazi patriotizam kako G-din Zvonimir Jankulovski, ke im se razjasni, koga nivnite farao |
| marika, 11.07.2012 10:37:16 | covekot e vo pravo po 2006g samo spomenici i toa grcki ne oddaleci grujo od eu pa sega sme podaleku od nego vo 1992g........ |
| Спартак, 11.07.2012 11:03:40 | Незнам како ги толкувате изјавите на грчките политичари, но никој во Грција не признава постоење на словенска нација која се нарекува Македонци и која е наследник на античките Македонци, тоа си беше така и пред 10 и пред 20 години. Министерство за Македонија и Тракија. Каде е Тракија и дали има посебна нација Тракијци? |
| jovan, 11.07.2012 11:07:51 | Nikogas i ne bil prijatel. Grcite imaat edna taktika da *ufrlaat prijateli* koj ke te testiraat do kade moze da odis. Ovojpat so Solunskiot gradonacalnik toa ne im uspea. Ne mu dozvolivme tolku mnogu da ni *bide prijatel*, pa sega normalno se nalutil. Nisto strasno. Nie da si ja terame nasata rabota, a oni neka si ja teraat nivnata. Sto ke bide i sto ke ispadni, ke vidime. Bitno treba da prestaneme da bideme naivni i da veruvame vo prijatelstva koga politika i drzavni interesi se vo prasanje. |
| Biljana, 11.07.2012 14:02:59 | Ovoj covek, a i site grci treba da znaat deka nie nemame problemi so naseto ime. A na kogo mu smeta naseto ime toa e nivni problem a ne nas.Podrska do site politicari koi se borat za nasata R. Makedonija. |
| do Hari i pile, 11.07.2012 16:40:27 | Tie 132 drzavi osven SAD sto ne priznaa so ustavnoto ime prodolzuvaat da ne podrzuvaat i priznavaat deka toa nase ime e vistinsko.Samo nekoi politicari od stranstvo za koi postoi somnevanje deka se potplateni od juzniot sosed baraat od nas da smenime ime.Duri i nekoi politicari od drzavite sto ne priznavaat so PJRM pocnaa da go koristat naseto ustavno ime.Ti pile kade zivees?Ne gi slusas li izjavite od politicarite od juzniot sosed,a poslednata takva izjava od Papuljas koi baraat osven na republikata,da se smeni imeto i na identitetot,imeto na jazikot.Ti pile sakas da se samozalazuvas samiot sebe.Ti treba PAMET. |
| Трпе, 11.07.2012 17:49:30 | Некому на ова мала напатена земјичка со крв створена му одговара народот да го држи затворен во резерват.Па грчиштава ке си одовлекуват,развлекуват до недоглед.Дали РМ има потреба да се ослободи од овој затвор или грците го имат овој проблем.Но некому кај нас му одговара народот да го злоупотребува како дивеч за отстрел.И ке го цица,цица се додека не се постави некој крај.Но по се излегува дека овој ваков таков народ сам си го заслужил. |
|
|
|
|
|
„УТРИНСКИ ВЕСНИК“ ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE
|
|
|
|
Време
|
Скопје, 37°C
Ведро
|
Четврток
Делумно облачно
Макс: 38°C, Мин: 17°C
|
Петок
Сончево
Макс: 36°C, Мин: 18°C
|
|
|
|
|
|