Хороскоп
Овен
За вашата популарност ќе придонесе познанството со една влијателна личност. Ѕвездите ви овозможуваат да завршите едно важно купување, или финансиска трансакција. Не претерувајте со сендвичите и пиците. Уживајте во ноќниот живот!
Бик
Ако сакате да го подобрите својот љубовен живот, преземете го првиот чекор. Одличен ден за писмена преписка и за договарање нови работи. Јадете полесна храна, избегнувајте црвено месо. Употребете го шармот.
Близнаци
Насобраните проблеми почнуваат да ве мачат и време е да тргнете во нивно разрешување. Не одете во крајност и однапред планирајте ги своите финансиски потфати. Можни се мали незгоди во сообраќајот. Внимавајте на пријателствата.
Рак
Ќе ги спознаете добрите страни на едно пријателство. Од пријателите очекувате премногу. Успешно ќе завршите еден важен разговор или ќе блеснете на состанокот со нови идеи. Негувајте ја кожата со кремови и масла. Погрижете се за постарите лица.
Лав
Немојте да наредувате зашто партнерот би можел да ви ја тресне вратата пред нос. Не залажувајте се со туѓите забелешки, но немојте ниту тврдоглаво да инсистирате на своето. Чувајте се од сонцето. Послушајте ги постарите од себе.
Девица
Ќе ве мачат сомневања што не се реални. Фантазијата ви се оттргна од контрола, па зауздајте ја. Работните активности се секаде околу вас. Ќе работите прекувремено. Внимавајте на варењето. Нервите ви се чувствителни. Искористете го доброто паметење.
Терезија
Некои разговори можат да придвижат нови интереси. Бидете поактивни во општествениот живот. Наметнете се, не чекајте да ве поканат или да ви понудат нешто. Чувајте се од плускавци. Не премислувајте се долго време.
Скорпија
Вашите ставови за љубовта и бракот ќе се сменат. Некој или нешто ви го одвлекува вниманието. Ќе биде доволно само некаде да се појавите и да го решите проблемот што долго ве мачи. Ќе почувствувате зголемен апетит. Играјте со отворени карти.
Стрелец
Едно познанство со странец или личност што живее во друг град ќе ви остави впечаток повеќе отколку што ќе признаете. Внимавајте како ракувате со парите. Можна е грешка. Средете ги ноктите на рацете и нозете. Не поставувајте непотребни прашања.
Јарец
Контролирајте го својот однос и однесување кон партнерот, зашто ќе ве мачи љубомора. Ќе ви се разнишаат некои деловни поставки. Проверете ја способноста на соработниците. Кажете им „не“ на пороците и лошите навики. Свртете се кон себе.
Водолија
Обидете се малку повеќе да мислите на себе, а помалку да се заморувате со ставовите на другите луѓе. Можно е минливо незадоволство со моменталниот работен статус. Ослободете се од негативните мисли и бидете поопуштени. Внимавајте на заштедата.
Риби
Зборовите, километарската раздвоеност или работата ќе се најдат меѓу вас и саканата личност. Ситуацијата на работа ќе ве присили на приспособување на нови луѓе и ситуации. Несмасните движења ќе предизвикаат помали незгоди. Бидете умерени.
|