Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Политика
05.07.2012, 17:24

Трета среќа за лустрацијата во Уставен суд

Новиот закон не е стапен во сила, а веќе има најави за негово оспорување. Хелсиншки комитет ќе атакува на лустрацијата

Гордана Дувњак


Новиот Закон за лустрација се' уште не е објавен во „Службен весник“, а уште сега има најави дека повторно ќе биде оспорен пред Уставниот суд. Трет пат по ред. Меѓу првите се јави Хелсиншкиот комитет, кој веќе подготвува иницијатива во која ќе ги стави на повторна проверка на уставноста и законитоста одредбите по кои судот веќе два пати интервенираше со поништувачка одлука, но и новите решенија кои одат чекор подалеку во дефинирањето на оваа област. Ако беше извесно дека и пред официјалното стапување во сила на контроверзниот закон ќе се појават голем број оспорувачи, она што со внимание се очекува е како ќе се однесува Уставниот суд во новата ситуација. Доколку се водат од правната логика, пресудувањето на уставните судии би требало да биде предвидливо и во континуитет на нивните досегашни интервенции. Но, дали ќе биде така?

Црвот на сомневањето влезе од собраниската говорница, кога опозицијата изнесе грст обвинувања дека со последниот избор на тројца уставни судии, е направено рекомпонирање на Судот. Новите уставни судии беа посочени со прст како послушници на владејачката гарнитура и се искажа стравувањето дека со новиот распоред на политичките сили би можело да дојде до промена на курсот. Прашање е колкава ќе биде „црвената линија“ на уставните судии и дали тие ќе можат така лесно со надгласување, партискиот интерес да го стават пред професионалниот, поточно - правниот?

Извршната директорка на Хелсиншкиот комитет на Македонија, Уранија Пировска, вели дека има многу аргументи зошто новиот Закон за лустрација мора да биде оспорен. „Законодавецот во потполност не ги почитува стандардите на Советот на Европа, кој препорачува дека овој закон има смисла само доколку успее да се справи со минатото, за да се заштити иднината, а не да служи за одмазда“, потенцира Пировска.

Според неа, вака како што е поставен новиот закон, излегува дека со процесот на лустрација се пресметуваме како држава не само со претходниот комунистички период, туку сакаме да го уништиме и новиот поредок воспоставен по 1991 година. За оваа невладина организација е посебно проблематично и тоа што законодавецот никаде не ги третира жртвите, а од друга страна, пак, го проширува опсегот на дејствување на категории граѓани за кои е бесмислено да се спроведе лустрацијата. Како спорни прашања се нотирани и надлежностите на Комисијата за лустрација, како и отсуството на ефикасна правна заштита за лицата што ќе бидат прогласени за соработници.

Пензионираниот правник и познат рушител на закони пред Уставниот суд, Стамен Филипов, не крие дека е крајно разочаран од новиот Закон за лустрација. „Овој закон е катастрофа и не може да опстане во правниот поредок. Со него се негира не само Уставот, туку и се изигрува работата на Уставниот суд“, категоричен е Филипов. Тој вели дека ако Уставниот суд веќе два пати интервенирал во исти делови на законот, законодавецот прави кривично дело со тоа што повторно предлага идентични решенија, па дури и оди чекор подалеку во ограничувањата.

Може ли да се случи со новите прегрупирања (пет наспроти четири судии избрани од актуелната владина коалиција), крајниот исход во гласањето да биде поинаков? „Доколку се случи политиката да се стави пред правото, тоа ќе значи капитулација на Уставниот суд, но и на правната држава“, револтирано изјавува Филипов. Тој вели дека иако лично не е засегнат од процесот за лустрација, сепак, би му било криво да живее во држава во која така лесно се гази Уставот и не се почитуваат институциите.


Статијата е прочитана 291 пати.

Испрати коментар



Премиерот и министрите под опозициска „истрага“
Папуљас ја обвини македонската влада за „македонизам“
Политичарите фрлаат чадни бомби, животот е на друго место
Борис Змејковски - „Љупчо е најголем проблем за Македонија“



„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

Што прават денеска
 


Site Meter


Време
Скопје, 36°C

Делумно облачно

Среда
Ведро
Макс: 37°C, Мин: 19°C

Четврток
Ведро
Макс: 38°C, Мин: 17°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
(ФОТО) Кристина Арнаудова се разладува во Котор
Скопскиот асфалт го замени со морските бранови, а во песокот и водата најмногу ужива, кој друг ако не едноиполгодишното ...
(ФОТО) Кавадарчанец освои бронза на натпревар за генијалци
Ѓорѓи Шемов се натпреваруваше со научен труд од областа на заштитата на животната средина...
(ФОТО) „Вранец спешл селекшн“ на „Тиквеш“ влезе во светската винска елита
Ова е второ вино на „Тиквеш“, покрај „бела вода“, кое за помалку од една година добива висока оценка и можност за пробив...
Голема радост за враќањето на „Дед Кен Денс“
Со новиот албум „Анастасис“, австралиското култно дуо Лиса Жерар и Брендон Пери, уште еднаш ја докажа својата креативна ...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |