05.07.2012, 18:49 Си велам
Банкрот бенд
Ерол Ризаов
Како се вика ситуацијата кога државата не може да си ги плати долговите
Владиниот бенд свири банкрот блуз. Таа комеморативна симфонија многу тажно ечи кога подолго време касата е празна. Тоа е време кога државата уредно ги наплатува побарувањата од престрашените должници, а не може да си ги плати своите долгови. Тоа значи дека владата ги испружила многу повеќе нозете отколку што може да покрие чергичето. Нешто слично како кога ви доаѓаат сметките дома, а немате никакви примања. До неодамна одредени дупки се покриваа со задолжувања во странските и домашни банки, со молкот и стравот на компаниите и нивните менаџери што склучиле работа со Валдата. Меѓутоа чешмите за задолжување станаа се помалку издашни, а некои и пресушија . Дојде време на тешка беспарица и големи лаги.
Ептен се натрупаа неплатените сметки од вознесот со потрагата по пославно минато. Тоа раскошно барокно неимарство е секогаш скапа работа, дури и за богати царства и империи. Компаниите што ги градеа големите зданија по нарачка на Владата сега отпуштаат работници и земаат кредити да поделат плата. Нивните пак помали партнери ставаат катанец на врата. Државните фондови не ги исполнуваат на време своите обврски. Особено е ризичен фактор Фондот за здравство каде обврските кон болните и трудниците доцнат со месеци. Јавните државни компании одамна не исплаќаат ни денар од преземените обврски, освен ако немаш пусулче од фиљан место . Колку должи државата на тие што одработиле уредно за неа во Македонија е најголема државна тајна. Тука не помага никакво истражување. Во недостиг на официлална бројка од меродавен извор се спомнуваат најразлични бројки од стотици милиони евра до милијарди. Па како тогаш се вика ваквата ситуација кога државата не може да ги сервисира своите долгови и кога крие како змија нозе колку должи. Тоа се вика банкрот. Фалименто. Добро, може да има и други имиња како доцнење, тешкотии, неликвидност, дрн дрн јариња, ама се се сведува на крајот на исто. Државата бара финансиска дисциплина за сите учесници во финасиските текови, освен за себе. Тоа е тежок фаул за економските реформи. Црвен картон. Секаде во светот е добро да ти е партнер државата. Тоа се сигурни пари. Може малку да биде бавна администрацијата при исплата, но сигурно е сигурно. Во Македонија стана мошне опасно да работиш по нарачка на Владата. А уште поопасно да одбиеш работа со Владата. Во двата случаја можеш да банкротираш, само што ако бадијала работиш можеш да умираш на рати.
Има и други знаци кои кажуваат дека Македонија влегува во сериозна економска криза. Не е тоа само големата должничка криза и празната државна каса. Покрај мегаломанските објекти и нови буџетски потрошувачи многу пари од државните чешми се одлеаја во анонимни сомнителни компании со понеколку вработени во разни агенции, во коруптивни медиумски кампањи, за постојана шест годишна предизборна агитација за редовни и вонредни избори. И драматичниот пад на индустриското производсво чија графика во последната година изгледа како скијачка стаза на Попова Шапка многу кажува на кое дереџе се наоѓаме.. Она што во моментот се исчекува со најголема загриженост е податокот дали е запрен падот на бруто домашниот производ по изминатите шест месеци. По првите три месеци Македонија по долги години забележа пад од минус - 1.4 проценти. Ако и по шест месеци е негативна стапката на падот на БДП тогаш тоа е веќе сигурен аларм дека Македонија е влезена во рецес��ја. За жал, и овој податок кога ке биде готов, бидејќи не може да биде државна тајна, ке се соопшти по неколку месеци, во момент кога погледите на јавноста ке бидат свртени на друга страна. А, зошто пак толку би се секирале за некакво БДП, дали растело, или паѓало. Нашиот премиер и министри ни ветуваа раст од 4.5 проценти, па потоа откако сите видоа дека таа работа не бива, како на акшам пазар спуштија на 2.5, па мудро рекоа во ваква голема светска криза добар е секој позитивен резултат. На крајот кога треснавме од земја не утешија со тоа дека насекаде паѓал бруто домашниот прозвод повеќе отколку кај нас. Се откри бргу лагата. Егзактни и официјални подтоци кажуваат дека во целиот регион падот во Макеонија е најголем. По тоа обелоденување на вистината премиерот и валадата мудро молчат.
Ако е добро и сигурно да ти должи државата како сегде во нормалниот свет, можеби банките со интерес и ке ги преземат долговите на владата кон компаниите со цврсти гаранции и одреден бенефит. Се разбира, тоа како идеја и може да помине ама само таму каде што има сигурност дека должникот ке го врати долгот во одреден период. Вака предлогот за покривање на јавниот долг банките го дочекаа многу студено, а и компаниите не се многу одушевени од условите кои се наслушнуваат. Владата уште молчи иако е веројатно дека би прифатила таква зделка ако не се откријат во јавноста вкупните долгови што ги направила во реализација на својата политика и партиски програми.
Додека економските експерти полемизираат и укажуваат на последиците од рецесијата, или од кризата, во зависност од дијагнозата, за падот на индустриското производство и на БДП, за големината на јавниот долг, за влијанието на светската економска криза и за штетата што ја нанеле сите претходни власти, во секојдневниот живот на граѓаните се случува една сосема поинаква драма, која нема врска со тркалезните маси, меѓупартсики дебати, препукувања и надмудрувања. Македонија тоне во темен вилает. Сиромшатија, беда, безработица и беспеспективност ја прави нашата земја безнадежија. Ако не верувате можете лесно да проверите. Ако имате можност качете се на еден автобус во било која насока во Македонија. Сакате појдете до Делчево, Берово, или до Кочани, или тргнете накај Прилеп и Крушево, можте да одите и на југ накај Боданци и Валандово, појдете, сами гледајте и разговарајте лично малку со луѓето. Не ви требаат ни митинзи, ниту идилични ТВ репортажи. Уверете се на самото место, никој да не ве лаже. Последиците од големиот напредок се трагични. Најценети и најхрабри се пензионерите кои издржуваат со бедна пензија цели смејства. Работат со редовна плата само полицијаците и неколку општинари, наставниците, амбулантите и судот. Се друго дреме во тешка летаргија како во „Сто години самотија“. Се разбира, ова слика што ја гледам јас не е единствена. Таа може да биде и поинаква ако имате розеви наочари и партиска книшка. Сепак, вистинската слика за квалитетот на живеење во Македонија го има најмеродавниот извештај на светот, оној на ОН. Таму сме последни во Европа. |
|
Статијата е прочитана 3138 пати.
|
Испрати коментар
|
|
македонец, 06.07.2012 00:26:42 | овие работи за кои што зборуваш ги гледам веќе дваесет години... ништо ново не си кажал... овој текст е добар за оние луѓе чија меморија и сеќавање за овие проблеми трае максимум три до пет години... да се потсетат малце на нашите побратими, политичарите... па нека лајат те СДСМ, те ВМРО, итн, итн.... |
| jovan, 06.07.2012 00:27:50 | Za zal za ova se znaese poodamna. Sega moze da bideme samo posmatraci na ona sto doprva ke dojde. Ke trpime udari od site strani, pa koj izdrzi, pricace. Vistinskiot ekonomski slom, se uste ne zapocnal. Vistinata e deka vistinskite podatoci se daleku pokatastrofalni od ona sto se servira. Dolgovite se veke dramaticni. Graganite se veke bankrotirani. Ogromen del od naselenieto ne e sposobno da si plati struja, voda, hrana. Firmite se zaglaveni za slednite 10 godini. Ostanuva uste zvanicno celiot sistem da pukne, a ke pukni preku gradeznistvoto, pa bankite, i na kraj drzavata ke mora da objavi ili bankrot, ili hiperinflacija(kako vo SFRJ). So bankrotirano naselenie, prezadolzena drzava, neobrazovana Vlada koja ne zivee vo realnosta, so mediumi koj go zaglupavuvaat i lazat temelno opljackaniot narod, nema nadez za nikakva svetlina vo tunelot vo koj sme. I da se pojavi nekoja svetlost, toa ke bide ogin koj ke ne zapali site. |
| bitola troa skolovan, 06.07.2012 00:29:04 | Dovolno na x/0 go izvadija premierceto od cevli,Erole nemoj i ti sega da go nerviras. Znaes koga ke go procita tekstov od kade znaeme na sto ke go udri frustracijata sekako ne na arno za narodov no mozebi nekoj nov spomenik........ |
| oceski, 06.07.2012 00:34:02 | koga go citav tekstot g-ine erol se pocustvuvav kako da citam nekoja kniga so tragicno-komicna sodrzina, koi gi citav uste vo sredno obrazovanie a se odnesuvaa t.e se opisuvase opstestveno-ekonomskiot i socijalniot sistem na feudalnite ili ranokapitalisticki opstestva ili drzavi. Realno i ednostavno-razbirlivo ja otslikavte momentalnata sostojba vo drzavava. Zalno, no vistinito |
| perica, 06.07.2012 00:41:32 | Imama pogolem pad zatoa sto imavme mnogu golm rast a toa ni go ovozmozi prerodbata , i so ovie decki nema sansa za mediokritetski rezultati sve mora da e naj, pa i padot. |
| Коста Стоименовски, 06.07.2012 01:00:33 | Најдобронамерно во повеќе наврати предупредував дека Владата води катастрофална лоша економска политика и дека државата ја води во погрешна насока. Имајќи предвид дека од блиско и внимателно ја следев транзицијата во Полска, најуспешната транзициска земја мислев дека можам да помогнам во моделирањето на економскиот модел во Македонија, се понижив и се јавив на конкурсот што пред околу 4 години го распиша потпретседателот на Владата З. Ставревски за ангажирање на економисти со подолго искуство, но, од него, за жал, не добив одговор макар од два збора, благодарам, но...!? (Не)култура или отсуство на домашно воспитување? Укажував дека во владата има финансиери кои знаат само да собират и да бројат пари и истите расипнички да ги трошат, но во неа нема економисти за структурни реформи, кои треба да имаат клучно место во дефинирањето на економската стратегија и политика. |
| Mapkoc, 06.07.2012 01:35:13 | Македонија ашиќаре тоне, па е применлива крилатицата „денес е подобро од утре„! Тоа трае со години, али на граѓаните нема кој тоа да им го каже. А тие самите нејќат тоа да го видат, а камоли јавно да посочат на одговорните за разорување на државата, и за газење на основните човешки права. Почитувам ова што од ден на ден го пишува г. Ризаов. Али посакувам научна анализа која ќе каже како, поред се’ победниот живот, една сосема однародена гарнитура со години добива поддршка на мнозинството. Верувам дека таа анализа би покажала колку е голем број граѓани потонат во разновидна корупција. Жален пример е овозможување на пензионерите бесплатно да користат автобус. Наместо благодарност за оваа милост, тие од власта треба да бараат пристојни пензии! A пари би било да не се фрлаат на споменици и друг кичерај. Анализата би покажала и како изразитото малцинство му ја пие крвта на мнозинството. |
| Leviot, 06.07.2012 02:01:34 | Vreme e naocarite da se smenat vaka ne biva povekje. Grujo premnogu populizam ni propovedase ovie 6 godini , a od ekonomskata prerodba ni traga ni glas , samo brisenje nevraboteni i partiski kniski se iznaslusavme. Od pusta zelba da napravi nesto se ke zapusti. |
| za zal, 06.07.2012 03:13:47 | za zal vo pravo si Erole pred nekolku meseci koga dobivavme dobri komentari od finansiskite institucii so brzina na svetlinata gjujo i kompanija pocnaa da se falat a sega otkako istite tie institucii pocnaa da ne kritikuvaat deka sme otisle mnogu vo negativa e sega gotovo ne gi priznavaat niv ne znam do kade ke doterame vaka ama loso i se pise na drzavata |
| Edi, 06.07.2012 03:33:41 | Erolce,pa ti gi imas pomesano loncinjata,
da ne ti kolumnata opis na tvojtata omilena Elada... |
| Mark, 06.07.2012 07:04:12 | Pa dobro g.Rizaov, dosta so taa Evropa!? Sme bile posledni, pa sto? A znaete li vo kolku Afrikanski zemji se zivee poloso od kaj nas? Ste bile mozebi vo Bocvana, vo Svazilend? Ami Azija, Sevena Korea? Pa tamu duri sega im dozvolija mobilni i pomfrit, a nie toa go imame vo sekoj grad pa i selo tolku odamna??? Vaka - od crncite poteknuva covestvoto, a od Makedoncite belata rasa, pismoto, demokratijata, se sto e vazno na svetot - i normalno deka site ne mrazat i zatoa sme najbedni, ima li nekoj sto ne go razbira toa??? |
| Mirko, 06.07.2012 07:08:09 | Odlicno kazano milimetarski tocno,sega ocekuvam da se javi USA FELIKS DEDO DIMO DEVICANECOT pa da vidam sto ke kazat ili pak po staro nekoj drug e kriv. |
| Путин, 06.07.2012 07:52:22 | На која планета живееш, Ероле? Погледни што се случува во Србија, Хрватска, Грција, Италија, Шпанија, Франција..... |
| Istocna Makedonija, 06.07.2012 07:55:48 | Koga ne mozat da se vratat dolgovi,neli e toa totalen
bankrot,finansiski kolaps,ili ponatamu ke se odi vo
zadolzuvanje vo nedogled.Ama,eden den ke nema od kade da se zajmi,a najgolem paradoks e sto ke vrakame site gragani,iako ne sme nie dusmanski i
nekontrolirano zadolzile.Totalna konfuzija,agonija,
ima li izlez. |
| nato-jato, 06.07.2012 08:06:02 | Prerodbata zavrsi! Se ispoisprerodivme , neka ni e na zdravje... |
| ФЕЛИКС, 06.07.2012 09:09:23 | Се согласуваме скоро сите да ситуацијата е ваква како што ја опишува авторот,и околу финансиски непродуктивното и крајно иритирачко споменичарство,и околу кризата дома но во најголем дел поради светската криза(авторот дури на крај ја споменува скоро ,,низ заби,,)падот БДП кој предходно беше тотално неважен за авторот а стана важен по падот 1,4%,зголемената безработицата која се должи најповеќе поради намалениот извоз и т.н Но што е решението,авторот не споменува алтернатива или можен излез од сето ова.Дали авторот е убеден да политичката алтернатива на оваа власт е бетер и да во неја никој не гледа ,,спасоносна сламка,, |
| no coment, coment, 06.07.2012 09:16:49 | Kako se vika novinar koj po politicka direktiva mora da pisuva tekstovi i gjoamiti kolumni ?
|
| Fenix, 06.07.2012 10:43:31 | Plemeto si ostana pleme. Pojmot DRZAVA za plemeto e apstraktna kategorija, Stomakot e nesto konkretno i opiplivo. Dijagnozata ni e odamna definirana. |
| miki, 06.07.2012 14:33:31 | bravo! uste da ne e erol nema sto da se cita vo nieden vesnik vo mk |
| respekt, 06.07.2012 15:33:37 | Очигледно е дека и на коментаторите ДПМНЕ-вци им е конечно јасно, дека состојбата во државата е катастрофална. Очигледно е и тоа дека тие имаат и уплав од алтернативата, т.е.од решението со СДСМ. Народе, единствена АЛТЕРНАТИВА е ОВАА ВЛАДА на Груевски час поскоро да си оди а потоа кој сака нека дојде, не може да биде полошо од ова. |
| Трпе, 06.07.2012 17:56:40 | Банкрот за РМ е непознат поим.Нема шанси кога нема каде да се оди подолу.Ние сме земја со мала задолженност спрема БДП.За жалење се грците.Кој не бил таму може да си купи викенд карта за автобус и да ја посети.За жалење се Шпанија,Италија па и Словенија.А најмногу за жалење се јапонците кои се задолжени и до 210% од БДП.Кај нас се живее прекрасно,квалитетот на живот е на високо ниво.Штом во вакво кризно време се има пари за барок и бронза.Дел од народот со полни гепеци домати,компир и млеко си дозволуват луксузен одмор во грчка.А стопанствениците кои работат за владата се многу среќни и рекет им дават.Народот е толку весел што и кога го тепат нема право да плаче. |
|
|
|
|
|
„УТРИНСКИ ВЕСНИК“ ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE
|
|
|
|
Време
|
Скопје, 35°C
Делумно облачно
|
Вторник
Ведро
Макс: 37°C, Мин: 18°C
|
Среда
Сончево
Макс: 38°C, Мин: 19°C
|
|
|
|
|
|