Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Коментари
05.07.2012, 17:25

Поглед

Кај Саркози ѕвонат првпат

Димитар Чулев

И не е важно каков резултат ќе покаже истрагата по инспекцискиот упад во домот на Саркозиеви и во канцелариите на „довчерашниот“ француски претседател. Значајна е пораката дека државните институции во Француската Република се суверени, а променливи се само вршителите на функции. И дека тие не се над законот и ништо поразлични од неговото величество граѓанинот, како што Франција ги почитува своите „поданици“.

Тешко е дека некој ќе се осмели судскиот налог за претрес да го третира како политички реваншизам кон експретседателот околу кој се вртеа афери за црни фондови од кои се финансирала неговата кампања во 2007 година или дека „му сместил секс-скандал“ на неговиот најсериозен ривал Строс-Кан. Афери што ги начнаа француските медиуми кои, наводно, исто така, биле прислушувани од „кабинетот во сенка“ на Саркози. Тој истиот за кого се вели дека бил во „финансиска“ врска со Гадафи, кој прв побара дисциплинирање на Либија од позиција на „втор“ во тандемот Меркози, иако некои викаат дека тој е понежната половина. За справување со еврокризата, де...

За се' ќе кажат фактите пред кои јавноста замолчува дури и кога се случува преседан во историјата на Франција, поштарот да заѕвони првпат на приватна претседателска врата. А Никола не ни беше дома. Тој од Канада каде што е на одмор со својата сопруга Карла Бруни ги демфуваше нападите и упадот дома. Интересен е спинот пуштен по медиумите дека Карла Бруни не е трудна со второ дете кое веројатно требаше да го дефокусира вниманието на јавноста од скандалот кој се чини допрва ќе се отвора.


Статијата е прочитана 587 пати.

Испрати коментар



Социјални прашања наместо музика
Банкрот бенд
Политичка перверзија
Отчет на опозицијата



demokratija, 06.07.2012 03:15:24
e toa se vika demokratija a kaj nas ne smee ni da pomisli nekoj od instituciite da pomine malku da proveri kaj ovie od vlasta a da ne spomenuvam pak kaj grujo da zatropa na vrata :)

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

Што прават денеска
 


Site Meter


Време
Скопје, 36°C

Делумно облачно

Среда
Ведро
Макс: 37°C, Мин: 19°C

Четврток
Ведро
Макс: 38°C, Мин: 17°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
(ФОТО) Кристина Арнаудова се разладува во Котор
Скопскиот асфалт го замени со морските бранови, а во песокот и водата најмногу ужива, кој друг ако не едноиполгодишното ...
(ФОТО) Кавадарчанец освои бронза на натпревар за генијалци
Ѓорѓи Шемов се натпреваруваше со научен труд од областа на заштитата на животната средина...
(ФОТО) „Вранец спешл селекшн“ на „Тиквеш“ влезе во светската винска елита
Ова е второ вино на „Тиквеш“, покрај „бела вода“, кое за помалку од една година добива висока оценка и можност за пробив...
Голема радост за враќањето на „Дед Кен Денс“
Со новиот албум „Анастасис“, австралиското култно дуо Лиса Жерар и Брендон Пери, уште еднаш ја докажа својата креативна ...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |