03.07.2012, 13:56 Емануела доживеа мозочен удар
Холандската актерка Силвија Кристал, позната во светот по својата улога во еротскиот филм „Емануела“, доживеала мозочен удар и е хоспитализирана во Амстердам, објавила во понеделникот нејзината агентка
„Пред три седмици Силвија имаше мозочен удар“, рекла Анриет Угенбозем, агентка на актерката. „За сега не знаеме какви последици ќе останат“, додавајќи дека сите се загрижени за животот на актерката.
Силвија Кристал (59) се лечела од рак на грлото, а потоа добила мозочен удар.
Силвија Кристал, најпозната холандска актерка, станала славна по својот прв филм „Емануела“ од 1974 година. Филмот доживела голем меѓународен успех, а говорел за сексуалните авантури на млада девојка во Азија. Филмот 13 години е прикажуван во кината во Париз. Една година подоцна, Силвија Кристал ја снимила „Емануела 2“, а потоа уште две продолженија, последното во 1984 година.
|