27.06.2012, 17:49 Интервју - Коцев нека се подготви за нов пораз
„Почнатите проекти треба да ги доведе до крај истата општинска гарнитура. Јас работам на програмата за наредните четири години“, вели градоначалникот на Штип, Зоран Алексов
Иван Бојаџиски
Штип – Се развива ли Штип во согласност со својот статус на регионален центар? Колку урбано напредува, дали градот може да живее само од текстилот и колку новата индустриска зона е нова штипска економска надеж? Ќе бара ли актуелниот градоначалник нов мандат? На штипските актуелни теми разговараме со градоначалникот Зоран Алексов.
Има мислење дека во Штип се води отворена војна меѓу локалната власт предводена од Вас и опозицијата која го критикува секој Ваш проект. Оттука, се развива ли градот во согласност со својот статус на регионален центар, или опозицијата, сепак, има право?
Ова е едно од поважните прашања кога станува збор за политичката клима во градот. Јас велам вака: тие нека говорат што сакаат, а ние цврсто газиме по зацртаниот пат. Опозицијата нема друга работа освен да критикува, таа не кажала ниту еден добар збор за кој било проект, не поддржала ништо што е од значење за градот, ама ние упорно, макотрпно и одговорно си ја туркаме нашата агенда во чија основа е еден поурбан град. Она што можам со сигурност да го кажам е тоа дека сме во силна градежна експанзија не само во центарот, туку и во урбаните заедници, а тоа силно ја нервира опозицијата. Ние на најдобар начин го правиме она што им го ветивме на штипјани.
Што конкретно?
Долги години ништо не се менуваше на подобро. Градот беше каков што го знаеме од пред 30-40 години. Денес Штип е големо градилиште. Од корен го реновиравме плоштадот, почнавме со чистење на коритото на реката Отиња на кое ќе бидат изградени пет паркинг-платформи со што ќе го решиме проблемот со недостиг од паркинг-простор. Во сите населби се уредија детски забавни паркови, зелени пространства со клупи за одмор, асфалтиравме многу улици, изградивме тротоари, пробивме нова улица со која ги поврзавме населбите Дузлак и Баби. Во исто време, со брзо администрирање им овозможивме на приватните инвеститори да градат станбени објекти, па сега во Штип во тек на изградба се над 300 станбени единици.
Опозицијата критикува дека сте спиеле три години за да почнете да работите десетина месеци пред изборите. Дали и вие се водите од новата мудрост дека овој народ ги памети само последните три дена од нечија власт, а заборава се' што било пред тоа?
Точно е тоа дека во првите три години од мандатот немавме поголеми активности околу уредувањето на градот. Од тоа и јас лично не бев задоволен. Но, сето ова што го правиме сега не е резултат на тоа што сме во предизборна година, туку на потребата да се уреди градот по долг период на тотална апатија и незаинтересираност на властите да сработат нешто добро. Поранешните власти покажаа тотална неодговорност кон собирање на данокот. Според едни, таквата политика била за да се додворат на граѓаните, според други, од незнаење.
Оттука, логично ни звучат нивните изговори дека немале пари како што имаме ние сега за градот да заличи на нешто. Ние денес, според законите, ги собираме сите даноци, па во вкупна маса на пари тоа значи дека во општинската каса имаме за 250 проценти повеќе пари кои им ги враќаме на граѓаните преку реализација на проекти со кои тие ќе бидат горди.
Значи, земате многу повеќе од буџетот на штипските семејства кои живеат со по 200 евра, за потоа земеното да им го вратите преку нови градби во градот?
Ние не им земаме на штипјани ништо повеќе од тоа што е предвидено со закон. Таква тема врти опозицијата, која постојано говори за зголемени даноци. А, вистината е дека само ја спроведуваме даночната политика. Ако не го правиме тоа, ние треба да одговараме, бидејќи сме власт избрана од народот да ги почитува законите и да прави нешто добро за градот. Одговорност има, ама кај претходните локални власти, кои, од за мене неразбирливи причини, покажале крајна неодговорност кон парите кои морале да си ги соберат.
Сепак, за одделни проекти посегнавте и по кредити. Добивте два милиона евра кредит од Светска банка за проектот „Отиња“. Опозицијата критикува дека едно паркинг-место ќе го чини градот 18.000 евра и дека на крајот, цехот ќе го платат граѓаните?
Светска банка ни го одобри кредитот бидејќи ние аргументирано докажавме дека тој ќе се враќа од наплатата за паркирање во централното градско подрачје. Тоа е најголемиот проект во Штип во последните две децении. Ако СБ не беше убедена во таков исход, немаше да го добиеме кредитот. Штипјани нема да плаќаат за овој проект ниту денар, а од опозицијата не очекував некое поинакво однесување освен критика само колку да покаже дека е тука и дека се' уште постои.
Штип живее од текстилот, помалку од чевларската индустрија и најмалку од се' останато. Текстилот се смета за стопанска гранка со најмала акумулација. Зошто нема промена во трудоинтензивноста на локалната економија?
Штип е меѓу економски и социјално подобро стоечките градови. За таквата позиција најголема заслуга има токму текстилот во кој работат 7.700 лица. Ние сме меѓу градовите со најниска стапка на невработеност, имаме 17.800 вработени наспроти 5.800 невработени лица. Со индустриската зона „Три Чешми“ Владата го отвори и тој економски проект. Таму веќе се гради фабриката на „Џонсон контролс“ во која ќе има близу 1.500 вработени. Штип пак ќе биде град кој ќе „увезува“ работна сила од соседните општини. За изградба на фабрики во зоната има и други заинтересирани компании кои не се од сферата на текстилот. Значи, и во оваа насока работите одат напред.
Наголемо се зборува дека повторно ќе се кандидирате за градоначалник на Штип. Точно ли е тоа?
Моја задача е до крајот на мандатот да работам посветено на сите проекти, а на граѓаните е да дадат оцена за сработеното. Сепак, конечниот збор за кандидатура го има раководството на мојата партија ВМРО-ДПМНЕ.
Нешто не сте конкретен?
Конкретно, добар дел од проектите почнати во време на мојот мандат бараат повеќе време. Нив треба да ги доведе до крај истата општинска гарнитура. Јас работам на програмата за наредните четири години. Тоа е мојот конкретен одговор, а Вие сфатете како сакате.
Значи, пак ќе одите на избори и повторно, како и во 2009 година ќе се соочите со Здравко Коцев од СДСМ? Како ги оценувате Вашите шанси?
На претходните избори зад мојата кандидатура застанаа 2.648 граѓани на Штип повеќе од Коцев. Би рекол: Здравко нека се подготви за нов изборен дебакл. Без оглед дали јас или некој друг од мојата партија ќе му биде противкандидат. |
|
Статијата е прочитана 3774 пати.
|
Испрати коментар
|
|
gigo, 28.06.2012 10:53:37 | sega 3.000 ke se protiv vas i vaseto vmro bideki izgleda ne ja pratis situacijata cela istocna makedonija se iseli i zamina vo zapadno evro-skite zemji od takvi kako tebe i ne se nadaj mil gradonacalnik na pobeda izlezi nadvor da si go vidis narodot napaten i ne sedi vo kancalarija tuku slezi i bidi so graganite da te vidat. |
| Трпе, 28.06.2012 12:28:42 | Да градоначалниче на туг грб и 300 стапа да удрат се малку.Види мајката Штип бил град со најмала стапка на невработеност.А колкава плата земат вработените ?Затоа градоначалниче под итно ке си заминете а за последиците направени и за нив ке разговараме. |
| ИЗАБЕЛА, 28.06.2012 15:49:57 | Еден и единствен Градоначалник кој се труди гардот да блеска.А сите останати конетари се безвредни бидејќи повторно доагаат од мегафоните на СДСМ-партија која се уште не може да го прифати фактот дека за неколку мандати нивна власт не направија ништо за градот,додека пак овој Градоначалник докажа дека токму ВМРО-ДПМНЕ работи на страната на народот и за само еден мандат ништото на СДСМ многу значи за граѓаните на Штип. |
| Marija, 28.06.2012 16:24:59 | Bravo za gradonacalnikot !
Kolku sto ima toj napraveno za Stip nema nikoj do sega.
Samo prodolzete taka.
Stipjani se so vas, a toa ke go dokazat i na slednite izbori, koga povtorno ke go podrzat VMRO DPMNE ! |
| Фереџе, 28.06.2012 16:54:01 | Да се раководи со општина наследена со минус денари не е мала работа. Уште поголема е ако се продолжи, и да се доведе општината на ниво на кое сите би биле задоволни. И гласачите од позицијата и од опозицијата. Затоа што, колку гласно и постојано да говорат членовите на СДСМ во Штип за некои си клупички и дрвени мостови, изоставувајќи ги големите проекти кои во моментот се во тек во Штип и кои бодат очи, сепак со драга волја би ги користеле...би шетале по новите тротоари, летово би се освежувале на новите градски чешми, би купувале нови станови, би ги паркирале автомобилите на новите паркинг платформи. Штип ќе заличи на тоа што заслужува, бидејќи сите граѓани тоа го заслужуваат (без разлика на партиска определеност) !!!! |
| Штипјанка, 28.06.2012 16:54:24 | Да направите една мала прошетка низ град Штип, ќе видите и ќе се уверите колку Градоначалникот Алексов и ВМРО-ДПМНЕ имаат направено за овој град, а воедно и колку проекти се во изградба и се привршуваат! Опозицијата може колку сака да критикува, народот не е слеп!!! |
| Штипјанче, 28.06.2012 17:49:57 | Иако граежната експанзија во Штип е на повидок и капитланите проекти се во процес на реализација повеќе од очигледно е дека се што направи локалната власта на ВМРО-ДПМНЕ во Штип до денес е многу повеќе од сработеното во девет годишниот мандат на сдсм. А кандидатурата на г.Коцев јасно говори за диктатурата во сдсм пресликана од нивниот лидер Б.Ц. |
| Dejan, 28.06.2012 18:57:05 | Не ме интерсира политика и не сум партиски определен но мора да се признае дека центарот на Штип не е истиот како што беше во изминатите 30 години. Јас живејам во самиот центар на градот и можам да потврдам дека тука се прават тротоари, се реконструира водоводната мрежа, се поставуваат клупи, се направи нов плоштад, се реконструира коритото на река Отиња и сакам да дадам подршка за овој градоначалник,
поздрав |
| Г-ца, Штип, 28.06.2012 19:15:42 | Колку сакате зборувајте и плукајте напразно, делата направени од Зоран Алексов кажуваат се. Од неблагодарни души и од луѓе што не знаат да ценат не ни ја бидува државата. Штипјани се многу задоволни, а тоа ќе го покажат на изборите кога повторно ќе гласаат за Зоран Алексов. Само напред! |
| Граѓани, 28.06.2012 19:21:34 | Штип добива нов лик.. средени тротоари, нов плоштад, се работи во коритото на р. Отиња, наскоро нови платформи за паркирање и уреден кеј, реконструирани водоводи, канализации, улици, нови детски игралишта, се реконструира ул.Ванчо Прке. Зар ова заслужува критика?!
|
| Дан од Штип, 28.06.2012 19:36:41 | да разгледаме што начека градоначалникот кога ја презема функцијата од неговиот претходник:
- раскопани улици
- руинирани објекти
- урбанистички хаос
- античка апаратура во здравството
- долгови на сметката на ЈП Исар
- емиграција на жителите
- застарени проценки на имоти
- ненаплатени даноци
- закржлавени населби
...
ајде сега да видиме што градоначалникот остава зад себе „за само една година“
- современи улици
- современи станбени објекти
- исцртани населби и легализирани домови
- модернизација и надгрдба на здравството
- инсталирање на нови водоводни мрежи и намалување на долговите
- ИМИГРАЦИЈА
- обновени и дигитализирани бази на податоци
- полнење на општинската каса
- спортски и активни населби
...
па драги опозиционери, ако сето ова е направено „само во последната година“, дали можете да замислите што истиот човек може да направи за наредните 4 години? :D
лесно е да се зборува со празни обвинувања, но фактите и делата зборуваат сами за себе. |
| Sara, 29.06.2012 09:08:15 | Jas licno se iseliv so mojata familija veke 1 godina od stip... i da vi kazam pravo duri sega gledam koja e razlikata .. koja beda se slucuva vo mk a ne ja gledame za zal.. ne vodat lideri koi imat samo dobar govor i izgled, za nisto drugo ne slusat makedonija ode vo propast so vakvi vladeteli |
|
|
|
|
|
„УТРИНСКИ ВЕСНИК“ ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE
|
|
|
|
Време
|
Скопје, 17°C
Ведро
|
Среда
Ведро
Макс: 33°C, Мин: 13°C
|
Четврток
Сончево
Макс: 34°C, Мин: 14°C
|
|
|
|
|
Ако Кина пропадне?! На крајот и Кина почнува да „шлајфува“ - балонот во сферата на недвижностите почнува да напукнува, извозот се намалува, ... | |
Канабисот е штетен за мозокот Пушењето канабис за време на младоста штетно влијае врз мозокот, е заклучок на студијата на научници од Нов Зеланд, која... | |
Покриени пред и зад камерите Веќе еден месец Египќаните можат да ја гледаат телевизиска станица Мариа ТВ. Нејзината програма ја водат целосно покриен... | |
|