27.06.2012, 17:56 Прием на Суверениот воен ред на Малта
Во скопскиот хотел „Континентал“ вчера напладне беше организиран прием во слава на св. Јован Крстител што го организира Суверениот воен ред на Малта. Овој малтешки витешки ред е најстариот од овој вид во светот. Тој има и свој амбасадор во Македонија. На приемот му беше доделен орден на министерот за труд и социјала, Спиро Ристевски.
|