Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Политика
27.06.2012, 17:52

Самарас му пиша на Брисел

Грција подготвува терен за преговарање на условите за заемот

Од нашиот дописник
Миркица Поповиќ



Атина - Грчкиот премиер преку писмо и' порача на ЕУ дека Грција ќе си ги исполни обврските. Здравствените проблеми ги изместија плановите на новиот грчки премиер за Самитот на ЕУ, па наместо самиот Адонис Самарас во Брисел пристигна негово писмо до европските лидери преку претседателот Каролос Папуљас како лидер на грчката делегација. До лидерите на самитот, кој се одржува денес и утре во Брисел, Самарас истакна дека Грција ќе остане верна на нејзините цели и обврските договорени со ЕУ. Весникот „Катимерини“ пренесува дека писмото на Самарас ќе биде прочитано во почетокот на работната сесија на самитот, меѓутоа дека во неа нема да биде спомнато грчкото барање за продолжување на рокот за исполнување на реформите. Во писмото се очекува сепак новиот грчки премиер да го спомене неговото главно предизборно ветување, односно дека Грција ќе бара промена на условите на договорот за штедење поради тоа што сегашните мерки водат кон длабоката рецесија и голем процент на невработеност. Самитот на ЕУ е второто големо тет-а-тет соочување на новата грчка влада која беше формирана пред една недела, со ЕУ партнерите по состанокот на Еврогрупата минатата недела.

Грција сака да го подготви теренот за почнување на разговорите за промена на условите за нејзиниот заем. Како ќе одат овие преговори е неизвесно поради изјавите на ЕУ-лидерите дека договорените услови запечатени со потписи од претходната грчка влада нема да може да се променат. Разговорите ќе одат отежнато ако се земе предвид и објавата на весникот „То вима“ дека претставниците на тројката ЕУ, ММФ и ЕЦБ во својот извештај посочиле дека во изминатите две години во грчката државна администрација биле вработени нови 70.000 вработени. Како што пренесе „Вима“ во извештајот стои дека постојано или привремено пензионираните работници биле заменети со 70.000 нови вработени во периодот 2010 и 2011 во здравствениот сектор, полицијата и министерството и префектури, иако со новите мерки се предвидуваа десетици илјади отпуштања од превработената јавна администрација. На текстот на „Вима“ реаг��раа поранешните министри од споменатите министерства со коментар дека се работи за пренадуена бројка, посочувајќи дека во секое од споменатите министерства биле вработени од 500 до 1.000 нови државни службеници, но не повеќе од тоа.

Поради отсуството на Самарас, грчкиот премиер, лидерите на партиите, новиот министер за финансии и ред други советници изминатите денови го подготвуваа претседателот Папуљас за сите можни изненадувања и проблеми со кои би можел да се соочи на самитот. Папуљас, кој иако ќе замине со грчка делегација во која ќе биде и министерот за надворешни Димитрис Аврамопулос, на работните сесии на самитот ќе биде сам со преостанатите ЕУ-лидери и поради тоа мора да биде спремен за секакво блиц-прашање во врска со грчките финансии и економската криза.

Подготовките на претседателот за испитот наречен ЕУ-самит и содржината на писмото на Самарас се дебатираше на средбата на премиерот со лидерите на двете партии со кои соработува, Евангелос Венизелос од ПАСОК и Фотис Кувелис од Демократска левица, но и по консултации со новиот министер за финансии Јанис Стурнарас. Стурнарас кој се оценува како добар избор за нов „цар“ на Министерството за финансии на свои плеќи ќе мора да го понесе товарот наречен справување со грчката финансиска криза, спроведување на мерките и реформите договорени со ЕУ како приватизацијата на државни компании за што Стурнарас пред да биде поставен за министер го поздрави како позитивен чекор, но и да ја преземе во свои раце обврската за преговарање и ублажување на условите за грчкиот долг. Самарас, кој пред два дена се врати дома по операцијата на окото, освен оставката од Василис Рапанос кој требаше да биде нов министер за финансии, во вторникот се соочи со уште една дупка во патот на новата влада поради оставка на заменик-министерот за поморски прашања Јоргос Верникос. Верникос се повлече поради тоа што има удел во офшор-компанија, што е законски забрането за член на влада.


Статијата е прочитана 473 пати.

Испрати коментар



Трајанов побара да се ревидираат трошоците за спомениците
Горан Бошевски - в.д. претседател на Кривичен суд
Опозиционерството ги зближи Бранко и Љупчо
Господин Ѕвезда!
Европа како Америка
Прием на Суверениот воен ред на Малта
Грција бара да престанат нападите од македонските политичари
Интервју - Коцев нека се подготви за нов пораз
По кој критериум ќе се избираат новите полицајци?
Карл Билд се заложил и Македонија да почне преговори

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

Што прават денеска
 


Site Meter


 
Време
Скопје, 29°C

Делумно облачно

Понеделник
Сончево
Макс: 35°C, Мин: 16°C

Вторник
Ведро
Макс: 34°C, Мин: 17°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

(ИНТЕРВЈУ) Најприроден е патот во кој нема калкулација
„Состојбата во нашата кинематографија е таква што ги насочува младите автори да бидат конформисти“, вели режисерот и сце...
(ИНТЕРВЈУ) По Хрватска, ЕУ ќе се занимава со својот опстанок
„Македонија има проблем со економската стратегија“, оценува Алберт Маес, претседател на Европскиот центар за мир и разво...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |