Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Политика
27.06.2012, 18:16

Горан Бошевски - в.д. претседател на Кривичен суд


Судскиот совет вчера го назначи досегашниот заменик-претседател на Кривичниот суд, Горан Бошевски, за вршител на должноста претседател во овој суд. Тој ќе раководи со Судот до изборот на нов претседател откако во неделата на 57-годишна возраст почина в.д. претседателот Марјан Колишевски.

Судијата Бошевски е роден во 1963 година, а прв пат е избран за судија на 1 јуни 1996 година. Моментно работи на кривична материја - на предмети од организиран криминал.

Големи се шансите Бошевски да се задржи на новата функција многу кусо време, бидејќи веќе е завршен огласот за избор на претседател. На него беа пријавени тројца кандидати, од кои еден беше токму сега починатиот Колишевски, кому му се даваа и најголеми шанси да биде избран. Бошевски не е меѓу пријавените на огласот.

Деновиве, претседателката на Судскиот совет, Александра Зафировска, во изјава за нашиот весник, рече дека ќе се направат напори да се обезбеди присуство на членовите до крајот на оваа недела или евентуално идната. На дневен ред на веќе еднаш одложената седница се избор на судии во повеќе судови, меѓу кои и на тројца врховни судии, како и на раководители во неколку суда.

На листата на судови што треба да добијат нов раководител се наоѓа и Кривичниот суд, каде што од почетокот на оваа година се сменија тројца претседатели, од кои двајца вршители на должноста. По унапредувањето на дотогашната шефица на скопска „единица“, Лидија Неделкова, во Врховниот суд, во март оваа година беше назначен за вршител на должноста Марјан Колишевски, сега покоен. Три месеци по неговото именување, сега Судскиот совет е принуден по втор пат да назначува в.д. претседател. (Г.Д.)


Статијата е прочитана 280 пати.

Испрати коментар



Трајанов побара да се ревидираат трошоците за спомениците
Опозиционерството ги зближи Бранко и Љупчо
Господин Ѕвезда!
Европа како Америка
Прием на Суверениот воен ред на Малта
Грција бара да престанат нападите од македонските политичари
Самарас му пиша на Брисел
Интервју - Коцев нека се подготви за нов пораз
По кој критериум ќе се избираат новите полицајци?
Карл Билд се заложил и Македонија да почне преговори

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

Што прават денеска
 


Site Meter


 
Време
Скопје, 29°C

Делумно облачно

Понеделник
Сончево
Макс: 35°C, Мин: 16°C

Вторник
Ведро
Макс: 34°C, Мин: 17°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

(ИНТЕРВЈУ) Најприроден е патот во кој нема калкулација
„Состојбата во нашата кинематографија е таква што ги насочува младите автори да бидат конформисти“, вели режисерот и сце...
(ИНТЕРВЈУ) По Хрватска, ЕУ ќе се занимава со својот опстанок
„Македонија има проблем со економската стратегија“, оценува Алберт Маес, претседател на Европскиот центар за мир и разво...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |