Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Хороскоп Забава
Политика
17.06.2012, 16:42

(ИНТЕРВЈУ) Да се преиспитаат казнените мерки за лекарите

Кочо Чакалароски, претседател на Лекарската комора

Јасмина Јовановска


Зошто Ви беше предизвик да бидете претседател на Лекарската комора?

По 40 години работа како професор и нефролог, јас сум на залезот на стручната работа и сакав да се позанимавам и со проблемите на лекарите. Посебно поради тоа што во последно време сме сведоци на се' почеста примена на кривичните закони на западните земји во македонското здравство, па нашата земја треба да биде усогласена со нив. А, се знае што значи стручна грешка во здравството. Помина времето кога стручната грешка ја покриваше државата, сега ја покрива затворот.



Кои се приоритетите со кои ќе се зафатите и дали меѓу нив е и континуираната медицинска едукација?

Првиот предизвик е токму тоа лекарите да сфатат дека треба перманентно да се усовршуваат во своја област. Тие мора да бидат фах во својата област, како на теоретски така и на практичен план, со што ќе им помогнат на пациентите, но и за да не бидат изложени на удар на законот. Со тоа ќе се превенираат медицинските грешки.

Друг приоритет е да се донесе што побрзо закон за доктори. Законот за пациенти е одамна на сила. Не може да имаат права само пациентите, туку треба и да се чуе и страната на лекарите. Не значи дека тие се обесправени, но во практичната работа често сме изложени на навреди и на физички напади од пациентите или од членови на семејството, од типот, како нема место да го примите болниот или сопругот реагира дека не може да и' се мери пулс на сопругата. Не ги обвинувам пациентите, особено поради тоа што на клиниките доаѓаат најтешките пациенти, но ние не можеме секогаш да им помогнеме. Со законот ова ќе се поправи, зошто и граѓаните треба да бидат свесни дека медицината не е семоќна особено ако болниот дојде во краен стадиум, и дека лекарите не се богови. Посебно што здравствените установи во Скопје лекуваат две третини од популацијата. Не сакам да ги навредам лекарите од внатрешноста, можеби така се поставени работите. Но, секако треба да се почитуваат и филтрите во здравството, така што 85 отсто од случаите треба да се решаваат на примарно и на секундарно ниво.



Колку лекарите од примарното и секундарното ниво се подготвени за таква работа?

Како Комора мора да вложиме максимум за тие лекари да се чувствуваат способни да покријат 85 отсто од потребите. Не треба да бидат само обични тријажери и да даваат само упати. Тоа ќе го сториме со континуираната медицинска едукација (КМЕ).



Што би поправиле во работата на Лекарската комора?

Лично, не ми пречи како работела Комората досега. Во претходниот период, Комората направи големи исчекори да се подобри едукацијата на лекарите, доби ингеренции од Министерството за здравство, односно од Владата, ги спроведува стручните испити, ги нострифицира дипломите. Со новиот Закон за здравствена заштита ќе има многу повеќе задачи и околу КМЕ, односно оцената на резултатите од КМЕ и' се препушта на Комората. Македонско лекарско друштво е овластено да ја врши обуката, доусовршувањето на лекарите, ќе организира курсеви, предавања, но оцената на квалитетот е во рацете на Комората. Еден ќе едуцира, друг ќе испитува и така ќе се постигне повисок степен на објективност на резултатите од едукацијата.



Како ја оценувате соработката на Лекарската комора со Министерството за здравство ?

Не можам да кажам зашто е кратко времето. Но, самото тоа што голем број од ингеренциите на Министерството за здравство и' се препуштаат на Комората, значи дека Министерството има слух.



А дали Министерството за здравство го слуша гласот на лекарите за другите нивни проблеми или за здравствените реформи кои ги носи?

Рано е да дадам одговор. Но, како лекар знам дека за секој закон има период на расправа. Преку Медицинскиот факултет, на пример, ја добивме работната верзија на Законот за здравство, го разгледувавме и дадовме забелешки. Колку од тоа е прифатено не знам, бидејќи конечната верзија ја подготвува Владата, а ја усвојува парламентот. Во парламентот има комисија која ги добива сите забелешки, дел ги прифаќа, дел не ги прифаќа. Еве забелешката за плата според оствареното, со која основната плата требаше да биде 70 отсто од сегашната, не влезе во законот. Но, ако директорот е задоволен од лекарот, да може да го награди со 10, 20, 30 отсто плус, но ако лекарот не покажува резултати, да биде казнет.



Како ги оценувате здравствените реформи кои ги презема Министерството и воведувањето казнени мерки?

Сведоци сме дека личните приходи беа во два наврати зголемувани за 10 отсто, на потоа дојде до стагнација. Сега се' оди на опција лекарите кои повеќе вредат и придонесуваат повеќе да се наградат, да се оценува индивидуалниот придонес. Но, сложен процес е да се изработат мерилата за наградување. Кога ќе се мери работата на лекарот треба да се видат сите негови ангажмани и колку тие зависат од наредбата на директорот.

А за казните веќе е завршена работата, законот е изгласан. Би можело, само да се покрене јавното мислење и уште еднаш да се преиспитаат казнените мерки и да се види дека се несоодветни со реалноста кај нас. Несфатливо е ако директорот има плата од 60.000 денари, да плати казна од 5.000 евра. Тоа се негови пет лични приходи. Тука се и паричните отштети кои ги побаруваат пациентите од 500.000 до милион евра, тие се астрономски. Казни треба да има, но инсистирам на индивидуален пристап при казнувањето, а не лекарот автоматски да биде казнет бидејќи се направил пропуст, а самото лице не е директно инволвирано во грешката. Тука се и паричните отштети кои ги побаруваат пациентите од 500.000 до милион евра. Во државата каде што универзитетски професор има плата од 53.000 денари, да платат толку пари е тешко затоа треба да се реши осигурувањето, кој е еден од приоритети и на Комората.



Дали врз Комората има политичко влијание?

Како што сега се поставени лекарите во општеството, како може да имаат политичко влијание? Ние немаме таква моќ како „Збор љечника Хрватске“, кои се повеќе сплотени. Лекарите во Македонија се премногу партиски и на друг план разединети. Како и во светот, така и кај нас, иако сме во време на парламентарна демократија, сега се' се прави од интерес. Интересот владее со луѓето. А, во комората нема материјални интереси, членовите добиваат толку колку за да ги покријат трошоците за доаѓање.



Со оглед дека сте наставник на Медицинскиот факултет, но и раководител на одделот за интензивна нега на Клиниката за нефрологија, колку ќе може да се посветите на работата во Комората?

Издвоив еден дел во неделата да бидам во Комората и мислам дека тоа ќе биде доволно.


Статијата е прочитана 827 пати.

Испрати коментар



ВМРО-ДПМНЕ наполни 22 години
Митингашки викенд на СДСМ во Штип
Судовите ги казнуваат новинарите, Стразбур ги ослободува
По дваесетмина конкурираат за едно место во полиција
Груевски во Москва, но нема да го види Путин
Стив се врати на погрешна адреса
Две лоши економски вести и една добра во најава
Индискиот милијардер ја одолжи посетата во Македонија
Александар Петрески не ги видел ниту Рој ниту Слим!
Обвинителите ќе „возат“ по старо уште две години



„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

Што прават денеска
 


Site Meter


 
Време
Скопје, 29°C

Делумно облачно

Сабота
Ведро
Макс: 34°C, Мин: 17°C

Недела
Локални грмотевици
Макс: 33°C, Мин: 16°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

„Погледнете и слушнете ги моите јунаци, вели големиот српски режисер Желимир Жилник, кој гостува на „Македокс“

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Хороскоп | Забава |