Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Хороскоп Забава
Политика
17.06.2012, 17:50

Судовите ги казнуваат новинарите, Стразбур ги ослободува

За разлика од европската практика, во Македонија речиси и не може да се види пресуда во чие образложение се цитираат ставови на Европскиот суд

Даниела Трпчевска


Домашните судови ги осудуваат новинарите за клевета или навреда, Судот во Стразбур ги поништува пресудите и им наложува на државите да исплатат огромни суми поради повреда на слободата на изразување. Во досегашната практика на Европскиот суд за човекови права во Стразбур има голем број случаи каде што новинари, уредници и медиуми ги добиле судските спорови, кои со години упорно ги губеле во домашните судски институции. За разлика од европската практика, во Македонија речиси и не може да се види пресуда во чие образложение се цитираат ставови на Европскиот суд во Стразбур. Иако адвокатите и новинарите инсистираат, судовите, се чини, се' почесто ја игнорираат ваквата практика. Но, нејзината примена е неопходна, пред се', бидејќи земјава ја има потпишано и ратификувано Европската конвенција за човекови права, но и поради евроатлантските аспирации. За да стане дел од европското семејство, земјава ќе треба да изгради правосуден систем кој ќе функционира по европските критериуми.

Две пресуди се особено важно од практиката на Судот во Стразбур, во кои тој има заземено битни ставови во врска со слободата на изразување од член 10 од Европската конвенција за човекови права. Карактеристично за овие пресуди е што во двата случаја апликантите биле осудени од националните судови за кривично дело клевета, за потоа судот да најде дека со ваквата осуда е повредена слободата на изразување.

Случај „Лингенс против Австрија“

Случајот на австрискиот новинар Лингенс, кој бил уредник на магазинот „Профил“, е еден од покарактеристичните случаи кои поминале низ лавиринтите на австриското судство за своја разрешница да добијат и пред Судот во Стразбур. Од тужен, тој на крајот од процесот не само што го добил судскиот спор во своја корист, туку и му била исплатена висока парична отштета, бидејќи му била повредена слободата на изразување.

Се' започнало во октомври 1975 година, по парламентарните избори во Австрија, кога Симон Визентал, претседател на Еврејскиот документациски центар, го обвинил Фридрих Петер, претседател на Австриската либералната партија, дека служел во СС–дивизијата за времето на Втората светска војна. Станува збор за единица која била озлогласена по тоа што неколкупати има извршено масакр над цивили во Русија. Новинарот Лингенс објавил два написа за „случајот Питер“, во кои, меѓу другото, го критикувал Бруно Крајски, пензиониран претседател на Австриската социјалистичка партија, кој во телевизиско интервју му дал поддршка на Петер.

Еден месец по објавените текстови, новинарот Лингенс добил две приватни кривични тужби. Крајски, кој во меѓувреме станал премиер на Австрија, сметал дека написите се штетни за неговата чест и угледот. Домашните судови во неколку наврати донеле пресуда со која новинарот бил казнет да плати 20 илјади шилинзи поради употреба на изразите „неосновен опортунизам“ „неморален“ и „недостоинствен“. Откако ги исцрпил сите жалби во судовите во Виена, новинарот се обратил до Судот во Стразбур. Во 1986 година судот донел одлука во корист на новинарот и ја задолжил Австрија да му исплати над 280 илјади шилинзи, оценувајќи дека неговата осуда е упад во слободата на изразување.

Судот утврдил дека сите факти во написите се вистинити, но и дека слободата на изразување е една од основните слободи во демократското општество и еден од главните предуслови за негов прогрес. Дури и кога се објавуваат информации кои можат да навредат, шокираат или вознемират.

Случајот Бладет Тромсо и Стенсас против Норвешка

Станува збор за серија написи кои ги објавил новинарот Линдберг за прекршувањата на прописите при лов на фоки. Тој дури бил назначен и за инспектор на бродот „Хармони“, специјализиран за лов на фоки, каде што одблиску ја следел целата постапка. Екипажот на бродот повел постапка за клевета против новинарот, по што бил осуден и обврзан да плати 10 илјади круни. Тужен бил и весникот каде бил објавен серијалот написи, по што следела жалба до Судот во Стразбур. Европскиот суд и во овој случај донел пресуда во корист на тужените, утврдувајќи дека постои повреда на слободата на изразување и ја задолжил Норвешка да им исплати над 300 илјади куни како ��адомест на штета на новинарот и на медиумот.

Судот одлучил дека функцијата на медиумите е да изнесуваат информации и идеи кои се од интерес за јавноста, како и тоа дека новинарската слобода подразбира можност во некои случаи да се прибегне и кон предимензионирање, па дури и провокација.

 

 


Статијата е прочитана 700 пати.

Испрати коментар



ВМРО-ДПМНЕ наполни 22 години
Митингашки викенд на СДСМ во Штип
По дваесетмина конкурираат за едно место во полиција
Груевски во Москва, но нема да го види Путин
Стив се врати на погрешна адреса
Интервју Да се преиспитаат казнените мерки за лекарите
Две лоши економски вести и една добра во најава
Александар Петрески не ги видел ниту Рој ниту Слим!
Индискиот милијардер ја одолжи посетата во Македонија
Обвинителите ќе „возат“ по старо уште две години



„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

Што прават денеска
 


Site Meter


 
Време
Скопје, 29°C

Делумно облачно

Сабота
Ведро
Макс: 34°C, Мин: 17°C

Недела
Локални грмотевици
Макс: 33°C, Мин: 16°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

„Погледнете и слушнете ги моите јунаци, вели големиот српски режисер Желимир Жилник, кој гостува на „Македокс“

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Хороскоп | Забава |