Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Хороскоп Забава
Политика
17.06.2012, 16:27

Обвинителите ќе „возат“ по старо уште две години

Специјалното обвинителство доби сопствен простор во зградата на Државниот архив

Гордана Дувњак



Обвинителите ќе продолжат да работат по старо и во наредните две години, а главниот збор во истрагата и натаму ќе го водат истражните судии, бидејќи се планира одлагање на примената на новиот Закон за кривична постапка. Единствено, ова нема да важи за Обвинителството за организиран криминал и корупција, кое наесен, сепак, ќе стартува со новите надлежности, кои му даваат одврзани раце во водењето на истрагата. За експертите, ваквата селективна примена е изнудена и повеќе претставува политичка одлука, која само ќе внесе конфузија во праксата и нема да ги даде потребните резултати.

Новиот Закон за кривична постапка требаше да почне да се применува од 10 ноември оваа година, иако е донесен во 2010 година. Но, поради ребалансот на буџетот и владините антикризни мерки, Министерството за правда побара одлагање од две години на новиот ЗКП, што веќе доби виза од собраниската Комисија за политички систем. Сепак, конечниот збор ќе треба да го кажат народните избраници на пленарна седница, бидејќи за да може да се верификува пролонгирањето, ќе мора да се обезбеди двотретинско мнозинство во парламентот, затоа што станува збор за системски закон.

За државниот јавен обвинител Љупчо Шврговски ова е логично решение, бидејќи Обвинителството и досега бараше пролонгирање на примената на новите надлежности. Тој во неколку наврати предупредуваше дека доколку не се обезбедат потребните услови во материјална и кадровска смисла, неопходно е да се бара одложување од најмалку две години.

„Ќе почнеме етапно како пилот-фаза, прво со обвинителството за организиран криминал, а кога ќе се создадат услови и со останатите обвинителства. За почеток, добро е што ова обвинителство ќе добие своја зграда. Владата веќе ни го додели со одлука објектот на Државниот архив, кој по нивната преселба во новата зграда на Уставниот суд ќе може да се користи за наши потреби.

Првиот човек на Обвинителството за организиран криминал и корупција, Јово Илиевски, вели дека ги прават сите подготовки за старт и не крие дека е задоволен што ќе добијат сопствени простории.

„Обвинителите и судиите веќе ги поминаа базичните обуки околу новиот Закон за кривична постапка, а тројца од нас се едукатори“, додава Илиевски.

Смета дека зградата на Државниот архив е сосема соодветна за нивните потреби, но ќе треба само да се реновира и преадаптира просторот. Блиску е до судскиот комплекс, а има пристап и до паркинг.

„Според нашите проекции, тој простор треба да биде доволен за 67-те вработени, од кои во моментов 21 се обвинители. Во иднина ќе треба да се изберат уште седум нови обвинители и 16 советници“, нагласува првиот човек на посебното обвинителство за организиран криминал.

Тој се надева дека веќе од оваа есен, во рамките на обвинителството ќе профункционира и истражниот центар, кој ќе го сочинуваат 15 правосудни полицајци, од кои 13 ќе бидат од МВР, еден од финансиска полиција и еден од Царина.

Професорот по кривично право, д-р Гордан Калајџиев, е скептичен околу селективната примена на Законот.

„Донесена е политичка одлука да почне селективно да се применува новиот ЗКП за потешките дела од организиран криминал. Но, верувам дека во праксата многу брзо ќе се покажат проблеми од правно-техничка природа. Во прв ред, истрагите ќе се водат на два колосека, бидејќи ќе се применуваат и двата закона, а не е направено приспособување и со Законот за полиција“, подвлекува Калајџиев. Тој потсетува дека стручната јавност повеќепати укажувала на можните штети што може да ги предизвикаат ваквите половични решенија, но нивните аргументи не биле земени предвид.


Статијата е прочитана 652 пати.

Испрати коментар



ВМРО-ДПМНЕ наполни 22 години
Митингашки викенд на СДСМ во Штип
Судовите ги казнуваат новинарите, Стразбур ги ослободува
По дваесетмина конкурираат за едно место во полиција
Груевски во Москва, но нема да го види Путин
Стив се врати на погрешна адреса
Интервју Да се преиспитаат казнените мерки за лекарите
Две лоши економски вести и една добра во најава
Индискиот милијардер ја одолжи посетата во Македонија
Александар Петрески не ги видел ниту Рој ниту Слим!



„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

Што прават денеска
 


Site Meter


 
Време
Скопје, 29°C

Делумно облачно

Сабота
Ведро
Макс: 34°C, Мин: 17°C

Недела
Локални грмотевици
Макс: 33°C, Мин: 16°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

„Погледнете и слушнете ги моите јунаци, вели големиот српски режисер Желимир Жилник, кој гостува на „Македокс“

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Хороскоп | Забава |