Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Хороскоп Забава
Политика
17.06.2012, 16:40

Две лоши економски вести и една добра во најава

Посетата на индискиот милијардер ги засени информациите за падот на БДП и за намалувањето на кредитот од Дојче банк

Соња Маџовска



Две лоши економски вести стигнаа минатата недела, и една добра, но во најава. Иако меѓу новинарите се шушкаше, сепак, во јавноста како гром од ведро небо одекна информацијата дека наместо 250 милиони евра, Дојче банк ќе ни одобри кредит од само 75 милиони евра. Веројатно не му беше лесно на министерот за финансии, Зоран Ставрески, да ја соопшти оваа информација. Особено, ако се има предвид дека пред само два месеца објави дека реномираната банка Дојче банк ни доделува кредит од 250 милиони евра со камата од 6,8 проценти, под поволни услови што е потврда за големиот углед кој го ужива државава кај меѓународните кредитори.

Втората лоша вест, иако сите ја очекуваа, е информацијата за падот на македонската економија во првиот квартал од годинава од 1,4 отсто.

Овие две лоши економски вести, сепак, ги засени посетата на индискиот милијардер Субрата Рој, кој по средбите во Владата изјави дека е дојден во Македонија за голем бизнис, бидејќи друго и не му прилега на бизнисмен од неговиот калибар, кој само во Индија вработува два милиона луѓе.

Засега неговите планови за инвестирање во земјава се во најава. Тој минатиот викенд ги разгледа можностите за вложувања, а изрази најголем интерес за инвестиции во агробизнисот, особено за производство на месо за извоз, како и за изградба на туристички комплекси, поточно хотели и казина.

Колку од сето ова ќе се реализира, рано е да се предвиди, а во меѓувреме и Владата и бизнисот треба да најдат начин како да се преживее кризата која се' повеќе зема замав.

Од објавените податоци за падот на економијата во првото тромесечје, особено загрижува падот на градежништвото, индустријата и снабдувањето со електрична енергија од близу 10 проценти, секоја гранка одделно. Позитивни резултати има само кај финалната потрошувачка на домаќинствата, која забележала раст од 2 отсто.

Немаше дилеми дека во првото тромесечје економијата ќе заврши во минус, тоа веќе отворено го признаа и владините министри, но главниот проблем е што бизнисмените не се оптимисти ниту за вториот квартал.

„Кај градежништвото падот во првиот квартал е очекуван, бидејќи станува збор за месеци кога градежниците најмалку работат, а и временските услови беа лоши. Но, проблем е што овој тренд продолжува. Владее општа беспарица, не може да се гради без средства, компаниите се дават во неликвидност поради тоа што им должи државата и се' уште не им враќа, а банките се многу претпазливи. Тоа е синџир ефект, што повлече огромна неликвидност“, вели Мендерес Кучи, претседател на Комората на северозападна Македонија.

Според него, нема да бидат оптимистички бројките и во вториот квартал, со оглед на тоа што тој завршува за некој ден, а првичните сознанија бизнисот веќе ги има.

„Треба да се санира тоа што може, бидејќи извозот паѓа, а има проблеми и на домашниот пазар. Земјоделците не можат да ги пласираат производите, а од друга страна, пак, пазарите се преплавени со странски производи. Во тој дел немаме стратегија, иако се тоа наши ресурси“, додава Кучи.

Тој вели дека тоа што деновиве меѓународните финансиски институции го порачаа, тие одамна веќе и' го кажувале на Владата. Дека треба да се раздолжи кон фирмите и да се насочи кон инвестирање. Кучи смета дека нема волшебни мерки за излез од кризата и дека она што може да го стори Владата е да вложува во инфраструктурата. Да најде средства од меѓународните кредитори, а не да оди на роуд шоуа дури до Кина и Русија. Овој бизнисмен советува дека треба да се најде начин да се стимулираат и печалбарите да инвестираат во земјава.

Не само бизнисмените, туку и Владата воопшто не беше изненадена од податокот за падот на економијата. Премиерот Никола Груевски изјави дека не смеат да не' изненадат податоците од Државниот завод за статистика, имајќи предвид што се случува во Европа која е на највисоко ниво на нејзината должничка криза и наместо работите да се подобруваат, како што предвидуваат многу аналитичари минатата година, тие се влошија дополнително. Груевски потсети дека Македонија успешно се справи со првата глобална светска економска криза во 2009 и 2010 година и изрази цврсто уверување оти земјава успешно ќе се справи и со европската должничка криза, која, како што рече, во моментот е во нејзината најдлабока фаза.

„Никогаш откако почна кризата, некаде од вториот квартал на минатата година, не била во подлабока фаза од тоа што е сега. Јас се надевам дека наскоро работите во ЕУ ќе почнат да се средуваат и негативните ефекти од таму ќе почнат да се намалуваат. А, од друга страна, ние ќе продолжиме со преземање мерки со кои ќе ја ублажуваме кризата од овој надворешен шок што ни се случува последователно неколку пати, светската економска криза, пред неа шок на цените на нафтата во светот, на храната, а сега и европската должничка криза“, истакна премиерот Груевски.




Статијата е прочитана 650 пати.

Испрати коментар



ВМРО-ДПМНЕ наполни 22 години
Митингашки викенд на СДСМ во Штип
Судовите ги казнуваат новинарите, Стразбур ги ослободува
По дваесетмина конкурираат за едно место во полиција
Груевски во Москва, но нема да го види Путин
Стив се врати на погрешна адреса
Интервју Да се преиспитаат казнените мерки за лекарите
Индискиот милијардер ја одолжи посетата во Македонија
Александар Петрески не ги видел ниту Рој ниту Слим!
Обвинителите ќе „возат“ по старо уште две години



„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

Што прават денеска
 


Site Meter


 
Време
Скопје, 29°C

Делумно облачно

Сабота
Ведро
Макс: 34°C, Мин: 17°C

Недела
Локални грмотевици
Макс: 33°C, Мин: 16°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

„Погледнете и слушнете ги моите јунаци, вели големиот српски режисер Желимир Жилник, кој гостува на „Македокс“

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Хороскоп | Забава |