17.06.2012, 17:48 По дваесетмина конкурираат за едно место во полиција
Вкупно 6.166 пријави стигнале во МВР до 15 јуни на конкурсот за прием на 300 полицајци. Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска изјави вчера дека да се биде полициски службеник е одговорна работа и затоа се инсистира на квалитет. Очекувано е, рече таа, меѓу кандидатите да има припадници од сите етнички заедници, бидејќи составот на вработените во МВР во целост го рефлектира мултиетничкиот карактер на државата.
„И Уставот и законот предвидуваат систем на кариера што значи дека за да биде некој ангажиран во која било институција вклучително и во МВР неопходно е да бидат исполнети одредени критериуми предвидени со закон. Ако го гледаме правниот систем на една држава како комплет, не може да го исклучиме начелото за правична застапеност на етничките заедници кои живеат во Македонија“, рече Јанкулоска. (П.Р.) |