17.06.2012, 17:53 Тројца загинати во сообраќајна несреќа
На патниот правец Крива Паланка – Куманово, на местото викано Тополки, во атарот на село Конопница, вчераутро во два часот, се случила сообраќајна незгода во која тројца млади ги загубија животите. Имено, автомобилот „тојота корола“ кој го управувал Дејан Н.(30) излетал од патот и паднал во бездна длабока 10 метри. На самото место загинале сопатниците Ивица С. (25) и Новица С. (29), двајцата од село Конопница, а возачот починал во Ургентниот центар во Скопје. (Љ.С.) |