12.06.2012, 17:59 Mомчиња повредени кај „Мавровка“
Две момчиња се повреди при тепачка пред интернет-кафе во трговскиот центар „Мавровка“ во Скопје. Инцидентот се случил кога две групи момчиња од селото Батинци и од Арачиново се скарале околу тоа кој да ги користи компјутерите во интернет-кафето. Двете групи најпрво почнале да се расправаат и да се навредуваат, а потоа излегле надвор од објектот и почнале и физички да се пресметуваат. Во еден момент извадиле и ножеви.
Во пресметката меѓу тројца жители на скопското Батинци и четворица арачиновци, едно момче било избодено со остар предмет во градите, додека друго било повредено по главата. Според полицијата, повреден е 22-годишниот Ј.М. од Батинци, кој со убодна рана во градите е задржан на лекување во Градската болница. Две години помладиот Ф.К. од Арачиново се здобил со повреди на главата и е хоспитализиран на скопските клиники. |