Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Вести
13.06.2012, 12:14

Робин О Нил: Македонија во ОН да биде примена под уставното име

Многу работи сега ќе зависат од изборите во Грција овој месец, поранешниот медијатор на ОН во грчко-македонските разговори за името

Според меѓународното право, секоја земја има право да користи име какво што сама избрала. Ниту една друга земја нема право да приговара на тоа име, изјави поранешниот медијатор во грчко-македонскиот спор Робин О Нил за програмата „Порта“ на МТВ.

- Само една држава во светот, Грција, има забелешки на уставното име Република Македонија. Поради тоа јас не гледам причина зошто Македонија треба да го смени името. Грција треба да го прифати името Република Македонија - тоа се користи дваесет години и не и предизвика никакви, ниту внатрешни, ниту надворешни проблеми на Грција. И секако Грција ниту еднаш не приговори за името кога Македонија беше дел од федерацијата на поранешна Југославија, вели О Нил.

Проблемот, според него, може да се надмине по примерот на Обединетото Кралство и Република Ирска.

- Република Ирска се нарекува себеси Ирска и со тоа се мисли на целиот остров Ирска. Но, во пракса, според меѓународното право, северниот дел од Ирска припаѓа на Обединетото кралство. Поради ова британската Влада не е во можност да потпишува билатерални договори со Ирска во кои тие се нарекуваат едноставно Ирска. Проблемот се решава така што договори од двете земји се потпишуваат во два примерока. На едната копија, таа од Ирска, пишува договор меѓу Обединетото кралство и Ирска. Другата, што ја чува Обединетото Кралство, пишува дека станува збор за договор меѓу Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска и меѓу Република Ирска. Тоа име не се користи во ниту една прилика, ниту во меѓународни институции, пасоши или официјални документи, објаснува О Нил.

Посочува дека овој договор беше постигнат и функцонира зата што има добра волја од двете страни.

- Овде не станува збор за земји кои полагаат интерес кон друга територија, иако во случајот со Македонија, Грција обвинуваше дека Македонија има територијални претензии. Тој проблем беше решен со Привремената спогодба меѓу Македонија и Грција во 1995 година, кога двете земји се обврзаа дека нема да имаат барања за промена на граници и барања за делови од територијата на другата држава. Во 1992 во моите преговори со Грција и Македонија, македонската Влада не се согласуваше на решение како што е тоа меѓу Ирска и Обединетото Кралство, затоа што во тоа време тоа име ќе се применуваше меѓу сите земји членки на ЕУ и ќе значеше ФИРОМ да се користи за Македонија. Владата стравуваше дека ова име ќе стане постојано и затоа јас воопшто не го предложив во мојот предлог на крајот на мојот мандат, истакнува Робин О Нил.

Сепак, останува на ставот дека ова е добро решение за да се реши проблемот, со услов новото име да биде само билатерално и Грција да се обврзе дека нема да има приговори за членство на земјата во сите меѓународни организации со уставното име. Ова е најлесниот начин да се промени името Македонија - едноставно со билатерална спогодба со Грција, смета О Нил.

Другиот начин е Македонија да прифати име за меѓународна употреба. Тоа значи Македонија да се нарекува со уставното име дома, но во меѓународните релации името да биде сменето.

- Такво име Македонија прифати во 1992 - Република Македонија (Скопје). Во ваков случај, на Владата и останува да одлучи дали да прифати вакво решение уште еднаш иако јас сметам дека нема причина за тоа, вели британскиот дипломат.

За блокадата што ја прави Атина за македонската НАТО и ЕУ интеграција, О Нил смета дека имајќи предвид оти Грција веќе дала согласност во Времената спогодба од 1995 година дека нема да се спротивставува на зачленувањето на Македонија во меѓународните организации под името ФИРОМ, македонската Влада тре��а да ги притисне земјите членки на НАТО да увидат дека Грција бесправно го блокира членството на Македонија, а тоа беше потврдено и со пресудата на Судот на правдата од Хаг, штом Грција сега има обврска да ја почитува.

Истото, според него, треба да се случи и со ЕУ за да се отворат преговори за членство. ЕУ треба да ја потсети Грција дека како земја членка на Унијата треба да се однесува солидарно за да има стабилност и економски развој на Балканот.

- Друга опција е Владата во Македонија да се фокусира на тоа да се врати во Обединетите нации и да бара да биде примена под уставното име. Според мене тоа е многу важно и потребно. Сепак, ако го бара ова треба да се има предвид Привремената спогодба и пресудата на Судот во Хаг која се однесува токму на оваа спогодба. Многу работи сега ќе зависат од изборите во Грција овој месец. Новата Влада, се надевам, ќе може да ги менаџира проблемите со економската криза таму, но и ќе биде подготвена и покрај сите преокупации да признае дека Македонија има име и да дозволи влез на земјата во НаТО и во ЕУ. Тоа ќе биде предност за Грција и за регионот, истакнува за „Порта“ поранешниот медијатор на ОН во грчко-македонските разговори за името Робин О Нил.


Статијата е прочитана 981 пати.

Испрати коментар



Безнините поевтинуваат за 3,5, а дизелот за 3 денари
Во наредните три дена не` очекува многу топло време
Граѓаните да внимаваат да не предизвикаат пожари!
Митинг на СДСМ во Штип
Лидерите на Г20 се собираат во Мексико
Силен земјотрес регистриран во Јапонија
Се шири уште една скопска сообраќајна артерија
Француските социјалисти освоија апсолутно мнозинство во Националното собрание
Грците изгласаа останување во еврозоната со Нова демократија!
(ВИДЕО) Насмејте се, вие сте на полициска камера!
Нова Демократија и СИРИЗА изедначени
Крстопат-избори во грција
Втор круг од парламентарните избори во Франција
МНР на Бугарија реагира за „антибугарски пројави во Македонија“
Стапката на невработеност во првиот квартал скокна на 31,6 отсто
Со нож и се заканувал на колешка во Парламентот
(ФОТО) ВМРО-ДПМНЕ прослави 22 години
Протест на СДСМ поради преименувањето на улиците
Нов топол бран со температури до 39 степени
Карл Билт - На Балканот повеќе нема да има промени на границите
Индискиот мултимилијардер Субрата Рој во Македонија
Бура реакции по до��оворот за декриминализација на клеветата
Познат идентитетот на жената која беше оставена во поликлиниката „Бит-пазар“
Изгласана одлуката за преименување на улиците во Скопје
Соопштение на Амбасадата на САД по повод одземената лиценца на „А2“
Претепани патници во автобус на ЈСП Скопје
Инцидент пред Советот на Град Скопје
Почнаа уписите за средните училишта
Камерон го поздрави решението за референдум на Фокландите
„Цајт“- На Грција веројатно и е потребен трет пакет помош од ЕУ
СРД и ја одзеде дозволата на Телевизија А2
ЗНМ и Владата се договорија за декриминализација на клеветата
Дојче Веле- ЕУ ја толерира блокадата на Македонија
Денеска тропски теператури над 38 степени
Mомчиња повредени кај „Мавровка“
Скопјанка почина по пад од седми кат
Полуматурант се удави во Пчиња
Тројца планинари загинаа, двајца се водат исчезнати на Монт Еверест



„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

  


Site Meter


 
Време
Скопје, 33°C

Ведро

Понеделник
Ведро
Макс: 33°C, Мин: 14°C

Вторник
Сончево
Макс: 35°C, Мин: 14°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Хороскоп | Забава |