14.06.2012, 15:20 Познат идентитетот на жената која беше оставена во поликлиниката „Бит-пазар“
МВР го утврди идентитетот на женското лице кое без знаци на живот на 9 овој месец, околу 19.30 часот беше донесена во поликлиника „Бит-пазар“, од две непознати машки лица.
- Со цел за утврдување на идентитетот на починатото женско лице, од страна на СВР-Скопје беа преземени низа потребни мерки и активности, извршени се разговори со повеќе лица, по што според процедура на идентификација на лица утврден е идентитетот на починатото женско лице. Станува збор за Аријета М. (34) од Скопје, која инаку минува во крим евиденциите на СВР-Скопје за кривични дела од областа на имотни деликти - разбојништво, тешки кражби и кражби, стои во соопштението на МВР.
Како што се појаснува, откако ја оставиле жената, двете лица веднаш заминале, а од страна на лекар од поликлиника, кај жената кај која немало документи за индентификација, била констатирана смрт.
По дознавањето за случајот од страна на СВР-Скопје веднаш е излезено на лице место и се известени дежурен Истражен судија и Јавен обвинител. Телото на починатото женско лице по наредба на Истражен судија е предадено во Институт за Судска медицина на обдукција. По превземени оперативни мерки и активности од СВР-Скопје утврден е идентитетот на едно од лицата кои го донеле женското лице во поликлиниката. |