18.06.2012, 08:47 Повторно силен земјотрес во Јапонија
Земјотрес со интензитет од 6,4 степени според Рихтеровата скала беше регистриран изутринава источно од тихоокеанското крабрежје на Јапонија, соопшти Геофизичкиот институт на САД.
Епицентарот на земјотресот бил на 115 километри југоисточно од градот Мориока, прецизираше Институтот, кој првично соопшти дека јачината на потресот изнесува 6,3 степени, а епицентарот е на 150 километри источно од градот Сендај.
Засега нема информации за евентуални жртви или за причинета материјална штета, ниту опасност од појава на цунами, соопшти Метеоролошката служба на Јапонија.
|