Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Политика
19.06.2012, 17:28

Moe ќоше

И Грците се Словени

Ерол Ризаов

Судејќи по тоа колку се задолжуваат, корумпираат, лажат и колку често одат на избори, Македонците и Грците се од исто потекло

По тоа колку многу се задолжуваат, колку крадат, мразат, лажат и лесно се корумпираат, колку се караат меѓу себе и колку често одат на избори Грците изгледа навистина се повеќе Јужни Словени отколку антички Елини или Македонци. Шегата настрана, има сериозни византолози кои ја застапуваат тезата дека денешните Грци се претопени во Словени и дека освен јазикот, веќе со векови го имаат изгубено континуитетот со античките предци. Нашата трагедија, пак, е во тоа што многу личиме на денешните Грци. Стануваме должни како Грците, митото, кавгата, омразата и лагата ни се национални спортови, а малку, малку, па одиме на избори. Судејќи по ова, Грците и Македонците имаат заедничко потекло. Повеќе ќе да е варварско отколку ариевско. И ако има некои оправдани сомнежи за словенството на Грците, сигурно нема ни грам дилема и за нивната целосна балканштина.

Ја гледам деновиве цела Европа како стана на нозе за своето дете, анфан терибл. Загрижено ги потсети Грците дека како горд и древен народ, како силна нација, ни случајно да не гласаат за леви и десни кловнови, туку за Андонис Самарас, европски ориентиран Елин кој најмногу мрази шовинизам, национализам и скопски варвари и се' што не е Грк по род. Истата таа Европа која со гнев ја пречека грчката фактура што им ја врачи Јоргос Папандреу која со години ја криеле неговите претходници дека повеќе трошеле отколку што заработувале, сега кога и на Европа и' зажеже под нозе, милно ги повикува наследниците на древните цивилизации, гордите Елини да останат во Европа и да го зачуваат еврото. „Вашите банкомати ви даваат евра само затоа што ние ги ставивме таму. Сепак, вие се' уште не' викате нацисти, што нам ни е смешно. Но, да бидеме начисто: ако на изборите победат партии кои сакаат да стават крај на мерките за штедење и реформите, кршејќи го секој договор, ние ќе престанеме да плаќаме. Договорот беше: вие ќе ја поправите вашата земја и во меѓувреме ние ќе ви помогнеме. Ако вие не го сакате ова повеќе, не го сакаме ни ние. Во ваши раце е одлуката. Вие имате избори, но немате опции. Ќе изберете ли многу болна логика и комплетна катастрофа зависи само од вас. И нам ни е страв дека тоа се' уште не го разбирате“, им напишаа во отвореното писмо Германците на Грците.

И кога сето тоа не беше доволно, излезе на најголемиот атински плоштад „Синтагма“ големиот демократ и Европеецот Самарас и го обвини својот најголем противник социјалистот Ципрас дека ќе го даде името Македонија на скопјаните. Дали ова не ви е познато и од нашето секојдневје. Две раце во огин ставам дека и кај нас на обичните комунални избори чија кампања е во полн ек, цела една година пред да се одржат, главната поента, главната битка пак ќе биде не гласајте за нив, тие ќе го дадат уставното име на државата.

Не знам дали Грците ги послушаа Германците и другите исплашени Европејци, или ги фати уплав социјалистите да не им ја продадат Македонија, но повеќето гласаа за Андонис Самарас. Меѓутоа, како ќе се разреши целата оваа грчка трагедија тешко е да прогнозираат и најголемите грчки познавачи на приликите иако Самарас победи, но не толку убедливо за да може да состави влада без големи компромиси. Во Грција како и сегде на Балканот компромис значи нестабилност и не кореспондира со менталитетот. Неодржлив е на подолг период.

Што се однесува до Македонија со овој избор на грчкиот владин тим со Самарас на чело, изгледите за решение за наметнатиот спор се рамни на нула. Ако двојката Караманлис – Груевски беше наречена инцидент на историјата без каква било можност за најмал исчекор и ако двоецот Груевски – Папандреу беше оквалификуван како мало куртуазно друштво за празни муабети, тогаш Груевски и Самарас е убиствена комбинација која не може ни по телефон да разговара за времето, а не за крупна работа како што е името на нашата држава. Но, во политиката е како во животот, никогаш не вели никогаш. Можат историските околности да ги предодредат токму овие двајца најтврди политичари да ги повлечат најтешките потези. Додека се јавуваат сите наши соседи со амбиции да бидат кумови на Република Македонија, кое име може, а кое не може да го носиме, Грците божем сакаат северна, Бугарите луто најавуваат вето за северна, Албанците ни да чујат за словенска, а Србите немаат ништо про��ив за вардарска. Само Македонците никој не ги прашува какво име сакаат. Бидејќи ваквата какафонија на подолг рок може да предизвика нестабилност во регионот, можно е големите сили да препознаат интерес и да го свртат листот и да создадат „историски околности“. Со евроамериканска асистенција, и Грците и Македонците ќе бидат принудени да најдат решение кое навистина е прифатливо за двете страни. Не заборавајте без арбитража на големите сили, никогаш ништо не е решено на Балканот.


Статијата е прочитана 3647 пати.

Испрати коментар



Иванов не избра советник за јавноста
МРТВ лани потрошила 12,5 милиони евра
СРД бара регистар на јавните функционери
Иванов
И Атина се зарази од антиквизацијата
Воскопулос
Црвенковски од „Козјак“ го поздрави Груевски
Немирно во „домот“ на Поповска?
Врховниот суд и' го одзеде детето на Спаска Митрова
Борисов најавува строг однос кон Македонија
Учи многу за да станеш член на партијата



Vesso, 20.06.2012 06:09:56
E da.Golemite sili so nivnata arbitraza dovedoa etnicka Makedonija da bide podelena i ne gi ni ukorija okupatorite koi vrsea genocid i etnicko cistenje vrz makedoncite.Osobeno e toa zacuduvacki vo Grcija ,kade isceznaa makedoncite i site drugi starosedelci.I toa do eden.Navistina ne znam za kakva arbitraza i kakov kompromis se zalagate.
Dragan, 20.06.2012 09:22:58
Не би се сложил дека Грците се претопени Словени. Пенетрацијата на Словените идела до границите на Душановото царство, до Халкидики. Во преселбите на населението, по Балканските и првата светска војна, два милиони Грци се доселени од Турција во тој регион, а отселено е големо словенско население во Бугарија. А, за балканштината, тоа е друга приказна.
Mudrec, 20.06.2012 17:55:48
Erol prvo ne izvregja sporeduvajki ne so grci, a posle se zalozi da dojde nekoj drug da ni gi istegne usite za da go smenime imeto. I seuste ima naivni koi ke napisat deka Erol e pogolem Makedonec od nas Makedoncite, prvo novinarsko pero i slicni nebulozi.
DENES GRCITE NE SE GRCI VELI FALMERAER, 20.06.2012 23:35:32
Erole, bi trebalo da znaes za germanskiot ucen od 19 vek koj gi istrazuval Grcite vo negovo vrme i veli vo krvta na denesnite Grci nema nitu ednaq kapka blagorodna starogrcka krv. Pa znaes li Erol za Terra slavonika od knigata MOREA ili za dela kako na Maks Vazmer DIE SLAWEN IN GRIECHNLAND koi stignale i se naselile i na PELOPONES. Na karta na Grcija od 1834 godina ima stotici slovenski toponimi. Nekoi kako vo Epir se zaboraveni a se slovenski nazivi i denes. Dolga prica bratce. Grcite se najgolemata laga na svetot. Blagodaram na Utrinski ako go napise ova.

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

Што прават денеска
 


Site Meter


 
Време
Скопје, 15°C

Ведро

Петок
Ведро
Макс: 36°C, Мин: 19°C

Сабота
Ведро
Макс: 35°C, Мин: 19°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

„Погледнете и слушнете ги моите јунаци, вели големиот српски режисер Желимир Жилник, кој гостува на „Македокс“

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |