19.06.2012, 17:25 Учи многу за да станеш член на партијата
Зошто некои од стоте најдобри студенти објавуваат во реклами дека станале членови на ВМРО-ДПМНЕ
Дарко Лешоски
Сто најуспешни студенти, постдипломци и веќе дипломирани од сите образовни сфери, од општествените, природните и техничките науки, со просек над 9 ќе учествуваат во креирањето на младинските политики, ќе придонесуваат во реализација на многу мерки од Манифестот на ВМРО-ДПМНЕ. Во дневниот печат, на телевизиите, како и на рекламите на популарните македонски интернет-портали може да се сретнат кратки профили на оние избраните, најуспешните студенти кои решиле своето стекнато знаење да и' го посветат на владејачката партија.
Свежина, нови политики, заложби, поддршка, нови промени, професионална иднина, се зборовите кои најчесто се среќаваат во овие огласи платени од владејачката партија. Дали целта на младите луѓе кои се дел од стоте најдобри студенти е да станат дел од најсилната македонска партија? За тоа ли макотрпно учеле?
Во странство е поинаку: најдобрите студенти на тамошните факултети уште во почетните години на студирањето добиваат препораки од професорите, понуди за идна работа од реномирани компании и корпорации, поволни услови за професионален напредок на уште пореномирани универзитети, институти, истражувачки центри, клиники итн. Кај нас мобилизирањето најдобрите и најинтелигентните во партиите е сувопарна примена на Аристотеловата античка дефиниција дека политиката е владеење на најмудрите, во случајов идни креатори на политики со висок просек, од сите факултети.
Професорот Илија Ацевски вели дека ова неодоливо потсетува на еден минат систем, каде што амбициозните млади луѓе со зачленување во подмладокот на единствената тогашна партија условно доаѓале до одредени привилегии и зголемени можности за напредок.
Според него, на тоа може да се гледа и како на сурова прагма, добивка на потенцијален успешен млад кадар кој условно многу би придонесол за некаков развој на партијата, собирање политичко кредо пред одредени избори. „Но, од друг аспект, за еден плуралистички систем претставува и проблем. Тоа комплетно соодветствува со кампањите на оваа Влада дека знаењето е сила, знаењето е моќ, а согледлив е и начинот како оди тој нужен трансфер меѓу моќта и знаењето“, вели Ацевски.
Според едно истражување на УСАИД во 1990 година, само 10% од македонските граѓани поседувале членска книшка на тогашната единствена партија. Во истото тоа истражување бројката на членови на партиите се движи до фрапантни 25 % од македонските граѓани. Најчестиот одговор на испитаниците е дека членството во партиите ќе им овозможи полесно вработување, полесен напредок во кариерата, но и гола материјална корист.
Останува дилемата дали новиот бран, новото време и новите млади интелектуалци имплицитно навестуваат дека иднината е во знаењето кое, пак, е сила, а моќта и можноста за напредокот како алатки лежат само во партиските институции? |
|
Статијата е прочитана 3295 пати.
|
Испрати коментар
|
|
by kire strumica, 20.06.2012 09:12:55 | za sto moze.. za zagarantirana drzavna vecna fotelja vo nekoja ustanova i 1000 evra plata i cel zivot da uziva... nie sme si prodadeni dusi bez razlika kolku sme pametni site imame bugarski pasosi, bez razlika oti imame zavrseno fakultet vo mk, a so nades da odeme vo svajcarija da kopame pak domati i piperki.. ako e potrebno ne za vmro, za dpa ke izlezam na reklama samo da znam oti ke imam rabota i solidna plata do krajot na izovto. pozdrav |
| граѓанин, 20.06.2012 12:33:23 | Во целиот апсурд на оваа кампања никој не ги поставува клучните прашања
1) дали најдобрите студенти доброволно се приклучуваат во редовите на владејачката партија или едноставно немаат избор
2) каква е улогата на универзитетите во целава кампања и дали не е загрозена автономијата на универзитетот (односно тоа што остана од неа) |
| раде, 20.06.2012 13:48:57 | Вработување без партиска книшка не е можно. Веќе три години како сум магистрирал на еден од најпрестижните универзитети во светот и не можам да најдам работа во Македонија. Секаде каде што се јавувам дискретно ми велат дека конкурсот е распишан з конкретно лице. Така паѓаат во водаизјавите на министрите (Тодоров к��га беше министер занаука и Кралев, дека Универзитетот е отворен за најспособните. Всушност, министрите (преку Ректорите, Деканите, рецензентите, вршат жесток притисок за вработување на партиски а не на способни лица. |
| S.P., 20.06.2012 14:11:25 | Samo so partisdka kniska mozes se. Toa e porakata od ovaa kampanja sto ke pravat koga ke se smeni partijata na vlast?
Ke gi menuvaat partiskite kniski......... Se e zalno vo ovaa drazvicka pa i najdobrite studernti se za zalenje koga resile da bidat del od vakva prosta reklama. |
| Jovica, 20.06.2012 15:10:38 | pai porano beshe taka
Treba da si clen na SKJ da dobiesh beneficiic Nisto cudno sosem razbirlivo za partija na vlast i da se dade moznost na lugeto da ucat a od deuga strana da dobijat benefiiciii |
| kiko, 20.06.2012 15:56:37 | Кога ги гледам овие млади и насмеани лица зафатени од бранот на ДПМНЕ, единствено што можам да кажам е.....ГРЕВЧИЊА............... За жалење............. |
| Mapkoc, 20.06.2012 16:44:10 | Ова е безбели трагична епизода во „развојот„ на македонското општество. Постапката на новопечените академски граѓани логична е последица на интелектуална проституција на нивните постари колеги – во МАНУ на пример. Да сум некоја сила, сите би ги изложил на полиграф, иако и без тоа срамот е очигледен и тешко се окајува! Се прашувам: кога еднаш ќе станат семејни луѓе, што ќе им кажат на своите одраснати деца кога ќе ги прашаат (а ќе ги прашат!): ако биле толку успешни чуму им било влегување во партија - било која (!), а камоли во вака штеточинска. Со вакви кадри, подготвени да и` служат на партијата ДПМНЕ а не на Македонија, земјата може да се насочи во развивање на „дисциплини„ од кои таа ќе продолжи да скапува. Нешто како Северна Кореа. На тоа, пријателскиот Запад, или ЕУ, НАТО - нема ни да трепнат. |
| Silvester, Sidnej, 20.06.2012 18:34:07 | Avstralija ne e kitka poveke za mirisanje. I tuka ima mnogu propusti. No za zaposluvanje e najvazno kolku si sposoben, A koj na koja partija pripagja ??? Ako slucajno spomnis ke mislat deka ne si vo red i nema da dobies rabota. Najmalku ovde tolkuvaat politika. Toa e za politicarite a ne za mladite sto baraat rabota. Kaj nas site se politicari. istoricari, direktori, profesori. Se vo eden covek. Na krajot nikoj i nisto. Potonati dlaboko. |
| Од дијаспора, 20.06.2012 23:15:38 | Ова е се веќем видено за време на Комунизмот. Тогаш беше модерно прво да си член на СКЈ, сојузот на младината. на социјалистичкиот сојуз, на Афж, на јојузот на борците од НОБ , да си отслужил ЈНА и да си против религијата, да не одиш в црква. Во своите разговори со пријатели и роднини што повеќе да го споменуваш Тито и партијата, братството и единството на народите на СФРЈ и секако дека мораше да заземаш став дека Македонија и македонците се посебна федерална единица и дека македонија е окупирана од Србија, ВМРО е антидржавна организација и ВМРОвците ги судеа како друштвени непријатели, сега се тие мозок ма народот и најдобри за пропаѓање на Македонија |
|
|
|
|
|
„УТРИНСКИ ВЕСНИК“ ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE
|
|
|
|
Време
|
Скопје, 15°C
Ведро
|
Четврток
Ведро
Макс: 34°C, Мин: 16°C
|
Петок
Ведро
Макс: 36°C, Мин: 19°C
|
|
|
|
|
„Погледнете и слушнете ги моите јунаци, вели големиот српски режисер Желимир Жилник, кој гостува на „Македокс“ |
|
|