Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Вести
21.06.2012, 15:28
(ВИДЕО) Канал 5 заработи тридневна забрана за рекламирање 

 

Советот за радиодифузија изрече казна поради невистиното рекламирање со кое се заведува јавноста и поради користење презентер на вести во реклами

Тридневна забрана за емитување реклами и телешопинг заработи денеска националанта телевизија Канал 5 заради вознемирувачката вест за „авионската несреќа“ што предизвика паника меѓу населнието. Ваква одлука денеска изрече Советот за радиодифузија, кој во рок од седум дена ќе ја извести телевизијата за изречената казна, која потоа ќе мора да се изврши во рок од 30 дена. На одлуката и претходеше средба на членовите на ова тело со директорот на скопската телевизија, Иван Мирчевски, кој за време на десетминутниот разговор им ги објаснил причините за објавувањето на веста.

„Казната е изречена поради невистиното рекламирање со кое се заведува јавноста и поради користење презентер на вести во реклами“, изјавија денеска од СРД.

Санкцијата доаѓа по паниката која вчеравечер се создаде во македонската јавност откако ова телевизија објави тизер со најава за нова турска телевизиска серија и во кој беше сопштена веста дека “се случила авионската несреќа и дека засега не е познат бројот на жртвите“.

Информацијата беше објавена по централниот дневник, како вонредна вест дека се урнал авион, веднаш по полетувањето.

„Почитувани гледачи ја прекинуваме програмата за веста која штотуку ја добивме. Се случи авионска несреќа, веднаш по полетувањето авионот падна. Повторувам, се случи авионска несреќа, засега не е познат бројот на жртвите. Очекуваме вести од местото на настанот, ќе се јавиме повторно“, рече презентерката на вестите, Татјана Стојановска и потоа екранот се затемни и пишуваше „Крај, наскоро на Канал 5“. (Г.Д.)

ЗНМ: Канал 5 го стави економскиот интерес пред јавниот

Советот на честа денеска ја осуди постапката на Телевизија Канал 5, која во своите вести објави информација за наводна авионска несреќа, без да соопшти други детали. Подоцна се извини признавајќи дека направиле „несмасна“ реклама.

Советот на честа смета дека станува збор за злоупотреба и груба дезинформација со која својот економски интерес Канал 5 го става над јавниот интерес. На овој начин Телевизијата предизвика страв и заблуда кај граѓаните и тоа свесно, за да изрекламира своја емисија.

Постапката на Канал 5,Советот на честа ја оценува како крајно непрофесионална и неетичка, спротивна на сите одредби од Кодексот на новинарите.

„Извинувањето објавено подоцна не го намалува крајно неодговорниот однос на Телевизија Канал 5, со кој новинарската професија е симната на максимално ниско ни��о, а улогата на медиумот злоупотребена. Истовремено, чувствата на граѓаните се повредени и кај нив е предизвикан страв и недоумица“,сметаат од Советот на честа при ЗНМ и додаваат дека извинувањето на Телевизијата незначи ништо. (Г.Д)





Статијата е прочитана 7165 пати.

Испрати коментар



Сервер - Налепница „Јужна Македонија“ за грчките таблички
Груевски очекува грчката влада да биде посветена на решавање на името
Имигранти од Авганистан пронајдени во камион
Грчкиот премиер Самарас опериран, Рапанос стабилен
Осуммина Чеси загинаа во сообраќајка во Хрватска
Вицепремиерот на Косово, Хајредин Кучи поднесе оставка
Интернет-платформа со 100.000 корисници
(ФОТО) Младите скопјани се разладуваат во реката Треска
Македонија се приклучува на проектот „Јужен поток“
(ФОТО) Со нова опрема до поефикасна истрага на местото на злосторството
Викендов посвежо време
Шест години затвор за обвинет во случајот „Монструм“
(ФОТО) Одбележан денот на основачот на СОС Детското село
Поевтини слободните карти
Џони Деп ќе и остави 155 милиони долари на Ванеса Паради
Еден загинат при експлозија на автомобил во Белград
Асанж тврди дека е жртва на американски заговор
Пет месеци затвор за стружанец за палење на знамето
Директорот на „Епл“ најплатен менаџер
Жителите на Велешта изборија со сила правдина!?
Завршува судењето на Брејвик, пресудата во август
Европскиот парламент ја отфрли АКТА
Жртви при напад врз хотел крај Кабул
Мудис го намали рејтингот на 15 големи банки
Груевски - Полна поддршка од Путин за економските проекти
Тачи блиску до пакт со Црвенковски и Георгиевски
Димитрис Аврамопулос е новиот пилот на грчката дипломатија
(ФОТО) Скопјани се разладуваа од тропските горештини во базенот „Бисер“
Нови предлог економски мерки на СДСМ
Опожарен автомобил пред ВИП хотелот во Скопје
Груевски се сретна со Путин во Санкт Петербург
(ВИДЕО) Запленети 76 кг марихуана шверцувани преку Охридско езеро
Нови инвестиции на „Лукоил” во Македонија
Исчезнат скопјанец пронајден удавен во Вардар
Tетовец уапсен по неуспешен обид за убиство во Скадар
Промовирани убавините на Македонија во Вашингтон
Скоро 100.000 Македонци живеат во Австралија
Во Дебарско Eзеро се удави петнаесетгодишно момче
Адриан Настасе се обидел да се самоубие
Груевски денеска на средба со Путин
Прв ден од летото
Среќен крај на заложничката криза во банката во Тулуз
Самарас на чело на новата грчка влада
Високите температури ризични за сообраќајот
Виз ер амбициозно влегува во Македонија
Венизелос - Грција има влада
Преговорите за новата грчка влада се` уште траат
Скопјанец 13 пати избоден со нож на куќниот праг
Уште потопло време до недела
Меркел сама против сите на Самитот на Г-20 во Лос Кабос
Собранието го усвои финансискиот план за МРТ
(ФОТО) Отворен „Паркот на езерата“ во Општина Аеродром
Во Македонија лани работеле 66 телевизии и 69 радио станици
Повеќе од половина од студентите дипломираат надвор од рокот
Иванов очекува Грција одговорно да се однесува кон преземените обврски
Лани 23 мајки родиле на возраст под 15 години
Младите во Македонија се емоционално занемарени
Италијанската полиција уаспила македонски државјанин нарко дилер
Македонија и Русија потпишаа спогодба за меѓусебно признавање на дипломите
Нова власт - стари рампи за името
Сончево и топло
Баросо- ЕУ не дојде на Самитот на Г-20 за да добие лекции по економија
Груевски сепак ќе се сретне со Путин
ПАСОК не се откажува од барањето за учество на СИРИЗА во владата
Бензините поевтинуваат за 3,5, а дизелот за 3 денари
Во наредните три дена не` очекува многу топло време
Граѓаните да внимаваат да не предизвикаат пожари!
Митинг на СДСМ во Штип
Лидерите на Г20 се собираат во Мексико
Силен земјотрес регистриран во Јапонија
Се шири уште една скопска сообраќајна артерија
Француските социјалисти освоија апсолутно мнозинство во Националното собрание
Грците изгласаа останување во еврозоната со Нова демократија!
(ВИДЕО) Насмејте се, вие сте на полициска камера!
Нова Демократија и СИРИЗА изедначени
Втор круг од парламентарните избори во Франција
МНР на Бугарија реагира за „антибугарски пројави во Македонија“
Стапката на невработеност во првиот квартал скокна на 31,6 отсто
Со нож и се заканувал на колешка во Парламентот
(ФОТО) ВМРО-ДПМНЕ прослави 22 години
Протест на СДСМ поради преименувањето на улиците
Карл Билт - На Балканот повеќе нема да има промени на границите
Индискиот мултимилијардер Субрата Рој во Македонија



emil, 21.06.2012 16:06:25
do koga ke gi tolerirame ,,ekskurziite,, na kanal 5?dali vo taa televizija ima barem eden normalen novinar? ednas im se desi so kosarkarite a sega i ova..?pa dajte zatvorete ja veke ednas ova sramna takanatecena televizija so osven turski serii nisto drugo nema da ponudi..neka se iselat vo istambul i neka si terat turski serii kolku satat.....novinarstvoto padna na najnisko nivo,sramota za cela drzava
M-r Nikola Talevski,novinar vo penzija, 21.06.2012 16:17:03
Toa e ne samo pod covekovoto dostoinstvoto, tuku i nadror od etickite i profesionalni normi za javno informirawe. Najmalku sto moze da se napravi e da im se isprati izvinuvawje na gledacite. Sepak, toa se nivni gledaci, gledaci, pretpostavuvam, pocituvani od Kanal 5 !
Goran, 21.06.2012 17:34:29
Kaznata e navistina smesna. Treba da bidat kazneti so 3 meseci da ne recam 3 godini. Vakvite nesta treba da se kaznat rigorozno. Gi povikuvam site gragani da se organiziraat i organizirano podnesat privatni tuzbi protiv Kanal 5 i da vidam sto ke presudi i kolku osteta na site nas. Stresot i emociite se so neprocenliva vrednost. Za vakvo nesto treba da im se odzeme duri i licencata za pamet na drugite.Ocekuvam da vladata i soodvetnite organi soodvetno reagiraat i televizijata bide kazneta.Ocekuvam da odgovorniot urednik koj istoto go odobril bile drakonski kaznet so ostranuvanje od rabota za da site drugi imaat vo predvid da vnimavaat sto objavuvaat.Od sega vo idnina (iako nemalo nekoja golema doverba dosega) jas nema voopsto da im veruvam na vestite i na samata televizija Kanal 5.
pumpass, 21.06.2012 18:59:35
Kakva budalasstina so kaznata. Ovie cclenovi nemaat pojma od zzanrovi i reklami!.Pa toa besse obiccen SSTOS za najava na nova TV Serija sto ja najavija kako Kraj a govori za nekakva avionska nesreka. Nesreknici edni, Kakva kazna za toa!!!
Nevidena budalashtina, mnogu poodvratna od onaa na Milenko, 21.06.2012 19:16:01
Ne normalna rabota. Treba TV da se zatvori, a ne tri dena bez reklami. Pa nekoj e mozebi dobil srcev udar. Shto ne se stavat vo kozata na roditelite koi tokmu togaj gi ispratile svoite deca na aerodrmot. A i Tatjana kako prifati takva rabota? Od preubava, vo ochite na javnosti ke stane odvratna. Ne i trebashe! I nema opravduvanje, nitu prostuvanje. Za takva rabota se odi vo aps (zatvor).
malku im e, 21.06.2012 19:39:21
kako ne im dadoa uste podolga kazna i od ovaa sto im ja izrekoa glupaci nepismeni zar tolku ne im teknuva deka ima luge sto se slabi fizicki i takva informacija ne bi mozele ubavo da ja podnesat sto ako se slucese nekoja postara licnost da go slusnese ova a nekoj negov blizok da bil vo momentot navistina nekade na pat so avion i sto dokolku nastradal zaradi nemarnosta na tie od kanal 5
Makedonka, 21.06.2012 20:02:25
Ova e premnogu blaga kazna, da se slucese ova vo nekoja od Zapadnite zemji ke im ja odzemeja dozvolata.
Јован, 21.06.2012 20:06:39
Прекрасна реклама! Уметност до бескрај! Навистина е одлично склопено и доказ дека не се што се сервира на некој медиум не може да се сфати 100 проценти со сигурност туку треба да се земе во целост... Ова докажува и нешто друго : до која мера народот ни е неписмен!
Marija, 21.06.2012 21:51:08
Tridnevna zabrana za reklami? Ova poveke zvuci kako shega otkolku kazna! Kanal 5 mora da snosi poseriozni osledici za ovaa nevkusna shega! Kolku familii bea ispaniceni i traumatizirani denes! Kolku deca, vnuci i rodnini dnevno pristignuvaat i zaminuvaat, posebno vo ovoj period od godinata? Jas sum stjuardesa po profesijai denes dobiv preku 20 povici od familijata, od rodnini i prijateli koi me prashuvaa dali sum ziva i zdrava?!? Ne znam cija idea beshe ovaa shega, no mene voopshto ne me nasmea. A Kanal 5 se izvinuva??? Neprofesionalno, surovo i bezobrazno. Za sramota, Kanal 5.

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

  


Site Meter


 
Време
Скопје, 26°C

Делумно облачно

Недела
Локални грмотевици
Макс: 33°C, Мин: 16°C

Понеделник
Ведро
Макс: 33°C, Мин: 17°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

„Погледнете и слушнете ги моите јунаци, вели големиот српски режисер Желимир Жилник, кој гостува на „Македокс“

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп | Саботен магазин |