Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп Саботен магазин
Економија
22.06.2012, 17:24

Дали лекар ќе работи како пекар

Владата тврди дека сака да вработува, опозицијата смета дека целта е вештачки да се намали невработеноста

Маја Томиќ


На македонскиот пазар со огромна понуда на работа сила и со минимална побарувачка за неа, со стапка на невработеност од 31,6 отсто и во состојба кога во просек се чека и по 8 години за работа, Владата реши да им нуди вработувања на невработените лица. Во процедура се измените во Законот за вработување и осигурување во случај на невработеност.

Што ќе донесат тие? Дали ред и една пореална слика со состојбата со невработените, или пак, вештачко намалување на бројот на невработените со симнување од списоците на Агенцијата за вработување на стотици лица? Дали ќе се случи на невработен доктор Агенцијата да му понуди вработување како пекар или продавач, и обратно, или пак ќе се нуди работа според завршеното образование на лицето?

Предлагачот, Министерството за труд и социјала, МТСП, образложи дека основната цел на законските измени не е административно бришење на невработените и дека евидентираните во Агенцијата за вработување нема да ја изгубат социјалната или паричната помош. Опозицијата пак, ја нападна Владата дека со измените единствено сака вештачки да ја намали бројката на невработени во државата. Таа во мај изнесува 266.832, и е за 48.640 лица помалку од истиот месец лани.

Министерот за труд и социјала Спиро Ристовски вчера изјави дека измените со подготвени по примерот на 25 европски земји и дека нема, како што обвинува опозицијата, да се случи дипломиран доктор да работи како пекар или обратно. Туку дека според квалификациите и образованието на невработениот ќе му биде понудена соодветна работа.

Според и��мените, на невработените ќе им се нуди работа која ако ја одбијат, ќе бидат избришани од листата во Агенцијата. Според предлагачот, така ќе се добие реална слика за лицата кои навистина бараат работа и оние кои се пријавуваат во Агенцијата само заради сини картони, нешто за што и досега постоеше евиденција во оваа институција.

„Лицата кои ќе одбијат погодна или соодветна работа во согласност со Законот, нема да бидат избришани од регистрацијата на Агенцијата, туку ќе се пререгистрираат во вториот тип на евиденција, односно евиденцијата на ’други лица кои бараат работа““, реагираа деновиве од Министерството за труд и социјала, додавајќи дека со предложените измени на Законот ќе има промени во водењето и типот на евиденциите во Агенцијата, каде што се врши разграничување на невработени лица кои само се регистрираат и оние другите кои активно бараат работа, односно водење на два посебни списока.

Инаку, според предложените измени, соодветно вработување може да му се понуди на невработениот во период од денот на неговото воведување во евиденцијата, до истекот на 12 месеци од тој ден. Агенцијата може да понуди погодно вработување од 12 месеци до 24 месеци од денот на воведување во евиденцијата, за работно место со еден степен пониско образование од она што го има. А, по истекот на 24 месеци може да му се понуди и друго работно место, без разлика на неговото образование.

Доколку невработениот еднаш одбие понудено вработување, ќе се опомене од Агенцијата. А, ако втор пат го стори тоа, по службена должност ќе се евидентира во листата на „други лица“ во Агенцијата.

Корисниците на социјална парична помош и членовите на нивните семејства ќе имаат обврска да прифатат ангажирање на јавна работа или работа од јавен интерес. Доколку одбијат, ќе се бришат од евиденцијата на невработени лица. На лицата со инвалидност ќе им се нуди работно место што е оддалечено најмногу два часа возење со јавен превоз, а за другите невработени до еден час. А, со согласност на невработеното лице, може веднаш да му се понуди работа која е на пониско ниво на образование од она што го има.


Статијата е прочитана 1905 пати.

Испрати коментар



Интернет-платформа со 100.000 корисници
Богов бара уште еден мандат за Фадиљ Бајрами
Бројки
Прилепските дуќанџии бараат намалување на казните
Кај Пехчево ќе се гради нов рудник за бакар
СДСМ



Makedonija = Bangladesh, taka velat shvajcarcite, 23.06.2012 00:51:45
Pred nekoj den imashe konkurs za policajci. Za baranite 300 mesta, se prijavile 8.300 kandidati. E takva e konkurencijata i za sekoe rabotno mesto vo RM, se razbira dokolku se primanjata barem upola od onie na policajcite. Medjutoa, da te nekoj tromozi i se izivuva so tebe kako so rob, da rabotish 3. pa 2. pa 1. smena, i sabota i nedela, i praznik i delnik, bez odmori i boleduvanja, bez plateni pridonesi i seto toa za 100 evra plata - NE ODI! Zatoa, gospodo od vlasta, ne pravete se da ste padnale od Mars i da ne znaete kolku se raboti i (ne)zaraboti. Nevrabotenosta se reshava so investicii i novi rabotni mesta, so dobri plati i chovecki uslovi za rabota, a ne so administrativni merki. Duri ako nekoj i ne saka da raboti, zdravstveno treba da bide zgrizen, kako i so korka leb. Toa e elementarna rabota i obvrska na sekoja drzava/vlast, a ne da se tokmu tamo udari. Na kraj, dokolku ima i edno, kolku-tolku, prifatlivo rabotno mesto, odama se znae chie e - patriotsko!
Ајван Доктор®, 23.06.2012 08:31:44
Најпосле почна да се остварува сонот на оние чиј идеал беше од ништо да станат сè!Одамна предупредив дека ќе дојде денот кога високообразованите ќе ги завземат местата на НКВ работниците,а тие,неписмените,но партиски заслужни граѓани,ќе ги завземат местата на високообразованите!Живееме во земја во која царува лопатата,а умот ќе тркала клади!После хиперпродукција на докторати и магистериуми,каде Урковци и Латасци се закитија со научни титули,нормално дека ни следува докторите да станат пекари и ѕидарски неквалификувани работници,а истите (пекарите,ѕидарите,дактилографките,вратарите…)да станат доктори,уметници,инженери,архитекти…!Следуваат сцени од хорор филмовите каде ќе почнеме масовно да умираме од обични скршеници,исчашувања на зглобовите,од настинки,од запаление на крајниците и од слични банални болести!Кичерајот веќе е воспеан како голема уметност!Барокните и златни фасади,со скапан ентериер се веќе околу нас!„Шо ако сум неписмен,јас подобро знам“,велат надмено партијците!
od ostrijot, 23.06.2012 09:03:03
da opozicijata e vo pravo toa nee samo vestacki dase namali brojot na nevrabotenite nego i prisilno.
srebre, 23.06.2012 10:42:13
ajvan doktor kaze se me pretekna ..samo da dodam vakov zakon nema nikade vo eu zamislete ..vo eu(so isklucok polaska,romanija ) im kratat od socijala ako odbijat soodvetne rabota no covek so vss moze da raboti poniska rabota no konkurira ramnopravno kako site drugi na oglas za bilo koe drugo rabotno mesto....no mk e haos grujo vika uci 2-3 fakulteti???se dvira vss na sekoe cosh ima privaten faks kako da prodavat pomfriti ......a moze i nivna diploma da vredi kako eden fisek pomfrit?
Tina, 23.06.2012 11:49:26
Ako toj lekar go peche lebot ubavo kao sto e na slikata, DA, go molam, bidi pekar.
wd40, 23.06.2012 11:57:55
Pa vaka... Lekar sigurno nema da raboti kako pekar no navistina ne razbiram sto ima loso vo toa ako nekoj bravar se preotientira vo monter ili zavaruvac...Znaci ako nekoj e zelen i place za rabota (sto podrazbira deka mu trebaat pari ke raboti sve)....Sega za visoko obrazovanite ako ima dali ima Doktor na Nauki po ekonomija, pravni nauki i sl. nevraboten NEMA...za filozofi, umetnici i angliska literatura luge dali sfakate deka ste izgubile cetiri godini djabe....I na krajot kako e mozno mnogu od nasite luge (jas sum eden od niv) koi koga odat da ziveat nadvor rabotat se i sesto i ne velat jas imam diploma tuku rabotat se usovrsuvaat i se borat va podobar zivot...Sreka za mene sto se vrativ vo sopstvenata drzava i ziveam i rabotam kade sto sakam i mi e ubavo...Djabe kukate sakam samo da svatite deka drzavata ne dava RABOTA treba da se izboris za podobar zivot....
Oskar, 23.06.2012 12:13:57
Se se nickosa vo Drzavava, do vcera bevme so golem broj na nepismeni a sega dojdovme vo situacija doktori da rabotat kako pekari. Parolata znaenjeto e sila znaenjeto e mok e sosema dvirana vo momentov, bidejki vo administracijata rabotat polupismeni ili nepismeni, so partiski kniski, koi neznaat da zavrsat naj ednostavni raboti na graganite.
ko-ra, 23.06.2012 12:23:48
Problemot so nevrabotenosta ne e ni najmalku naiven i lesno resliv.Negovite koreni se dlaboko vo minatoto vo komunistickata SFRJ,vo damnesnata 1945-46 koga novata vlast na brzina gi preseli selanite vo gradovite so povik ke gradime teska industrija,prva petoletka,vtora i slicni gluposti,Potoa se otvorija stotici visokoobrazovni institucii i pocna stancuvanjeto na diplomi i normalno za kratko vreme se stvori kompletno nepotreben kadar koj uste togas visese vo zavodte za vrabotuvanje.Se nadevav deka so tranzicijata ke gi snema ovie anomalii na ednoumieto,no za zal novata vlast,pravi uste pogolemi greski.Taa ne samo sto ne go svede brojot na studentite vo RM vo ramkite na potrebite,tuku pocna da otvara fakulteti kade ke stasa izgleda so namera gragjanite na RM site da stanat fakultetlii,Vtora rabota prodolzija da ja selat cela RM vo Skopje,selata i pomalte gradovi opustea,polinjata stojat ne obraboteni,no zatoa vo Skopje zivee skoro 40 % od naselenieto na drzavava.Quo vadis Makedonijo!!
jas i ti, 23.06.2012 12:48:17
Ova e jasno kako den, deka se saka pred izborite da se namali, serazbira samo formalno, brojot na nevrabotenite. Kakvo resavanje na problemot e da se isprati nekoj da raboti, na nesootvetno rabotno mesto na negovoto obrazovanie do DVA CASA VOZENJE SO AVTOBUS!!!! Vakva glupost dosega ne sum slusnala. Ova e dobro za Riply. Sto kje pravi toj nevraboten vo nova sredina, da plakja stan, familijata da mu ostane vo prethodnoto zivealiste ili da ja vlecka so sebe i celata familija za dobra plata sto kje dobie od 6-9000 denari!!! Ako i na ovoj trik na Vladata narodot nasedne, togas navistina nie sme za nikade. Od ova vrabotuvanje air kje vidat samo mal del od vernite poslusnici.
Kiçevo, 23.06.2012 13:43:08
Se slozhuvam so komentarot na ajvan doktor,, disperziranjeto na drzhavnite fakulteti ce go zgolemat ushte vo pogolema stapka ovoj fenomen.
pile, 23.06.2012 14:29:24
Uste nedostasuva deka predlog zakonot e so evropsko znamence, no toa se ostava za sobraniska rasprava.Kolku drzji veke oformenata teza na ugledniot profesor G-din Gordan Kalajdziev deka,,politickata elita vo osnova e pravno nepismena, dokaz e i kako sto citam vo posledniot broj na nedelnikot ,,Fokus`` prerasporeduvanjeto na odreden broj na Sudii od gragjanski vo krivicen oddel kako unapreduvanje.Veke nisto ne e nevoobicaeno i se e spored Zakonot i Ustavot kako sto veli Ministerot za vnatresni raboti, poranesna sekretarka, poimot policaec znaci osposobenost za sekoj vid i specifika na rabotni zadaci od bezbednosta, slicnosta na priroda i uslovi na rabota se vo samiot poim, taka utre ne me iznenaduva da poimot lekar bide zaednicki sodrzjatel na se sto e vo vrska so medicinata, pa i internistot da raboti kako hirurg,otorinolaringolog ili slicno, kako sto nevrabotenoto lice treba da bide samo vraboteno i nisto poveke.Nabrgu ocekuvam predlog Zakon za ukinuvanje na nasokite kako vo zadolz
Lekar i pekar...i zabolekar..., 24.06.2012 03:41:34
DOKTOR a ne Lekar i zabolekar mozat da rabotaat se sto ke im padne na um (profesija), ama ako sakate bas sekkva rabota..duri da bidat i PREMIERI...ako moze eden Gruevski, sto ostanalo za DOKTORITE!
posmatrac, 24.06.2012 15:11:21
Dali diplomiran medicinar (lekar) koj sedi na biro edno 2-3 ili poveke godini da prifati rabota ne povrzana so medicina ? Ako mu e sram da raboti cesna rabota, na primer pekar, neka dila droga i neka preprodava luge. Sramno e da cekas od drzavata, ne e sramno da rabotis cesna rabota.
Gajver, 24.06.2012 20:13:45
Мислам дека некои коментари ја промашија темата. Не е прашањето дали некој лекар треба да работи како пекар. Поставете го прашањето на следниот начин: Вие сте сопственик на некоја компанија за производство на леб и бели пецива. Имате конкурс за пекари. Кого ќе примите? Некој лекар или некој што се школувал за пекар. Проблемот е што со ваквиот начин на одредување на работите ќе се доведеме во ситуација нестручни и некомпетентни лица да работа одредени работи. На тој начин и ефикасноста на работењето ќе биде помала а и учинокот. А знаеме дека приватниот сектор не трпи неефикасност. Па тогаш во што е поентата? Секао поентата е во тоа да се избришат луѓе од списокот на невработени. Ова личи на случајот од Кочани кога на градинарот му наредија да асистира на операција. Што ќе се случи ако пациентот умре, кој ќе одговара? На овој начин се губат сите стандарди и нормативи. Со ова доаѓа ново време, време на неписмените, дрските и аргантните, ацената ќе ја плаќаме сите ние.

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

Што прават денеска
 


Site Meter


 
Време
Скопје, 13°C

Ведро

Петок
Сончево
Макс: 34°C, Мин: 15°C

Сабота
Сончево
Макс: 36°C, Мин: 18°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

Полемика-Новинарството се дави во контејнер со смрдливо ѓубре
Новинарките Мирка Велиновска и Билјана Секуловска по повод последните бранувања во медиумскиот простор предизвикани од потпишувањето на Договорот за декриминализација на клеветата, за „Утрински весник“ одговараат на шест прашања за состојбите во медиумите

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп | Саботен магазин |