Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Вести
17.06.2012, 22:16

Француските социјалисти освоија апсолутно мнозинство


Сеголен Ројал

Претседателот Франсоа Оланд сега ќе може да ги спроведе своите реформи, а ќе располага и со мнозинство во Конгресот

Француските социјалисти освоија апсолутно мнозинство во Француското националано собрание на денешниот втор круг од парламентраните избори, јавува дописникот на МИА од Париз.

Според првичните резултати објавени на француската државна телевизија Франс 2, Социјалистичката партија освои 291 од вкупно 577 пратенички места. Сојузниците на социјалистите, Зелените освоија 20 пратенички места, радикалната лева партија 12 мандати и движењето на грѓаните 5 мандати, со што блокот на левицата во новиот состав на Долниот дом на францускиот парламент ќе располага со 341 пратеничко место.

Центарот МоДем освои само 2 пратенички места, досегашната владејачка УМП со 212 пратенички места е најголемата опозициска партија, Новиот центар има 15 пратенички места, 4 се на други партии од десницата, додека крајно десниот национален фронт, според досегашните резултати може да се надева на 2 до 4 пратеници.

Ова се неофицијални резултати, официјалните ќе бидат познати во текот на ноќта.

Победа на социјалистите и левицата на парламентарните избори, дозволи за првпат во историјата на Франција, во двата дома на францускиот парламент- Сенатот и Националното Собрание да биде мнозинска левицата и истовремено на чело на државата да има и свој претседател – социјалист.

Во моментов и 21 од 22 француски региони се во рацете на левицата, освен Алзас кој традиционално гласа за десницата.

Претседателот Франсоа Оланд сега ќе може да ги спроведе своите реформи, а ќе располага и со мнозинство во Конгресот (заедничко заседание на Националното Собрание и Сенатот) што ќе му дозволи да го промени и францускиот Устав.

Според првите резултати, во новоиот состав на Француското национално собрание нема да заседаваат Сеголен Ројал, која беше поразена во ла Рошел од еден друг социјалист – дисидент, ниту пак претседателката на Националниот Фронт Марин Ле Пен, меѓу поразените кандидати е и лидерот на центарот Франсоа Бајру, кој го загуби и последниот национален мандат.


Статијата е прочитана 544 пати.

Испрати коментар



Нови инвестиции на „Лукоил” во Македонија
Исчезнат скопјанец пронајден удавен во Вардар
Tетовец уапсен по неуспешен обид за убиство во Скадар
Промовирани убавините на Македонија во Вашингтон
Скоро 100.000 Македонци живеат во Австралија
Во Дебарско Eзеро се удави петнаесетгодишно момче
Адриан Настасе се обидел да се самоубие
Груевски денеска на средба со Путин
Прв ден од летото
Среќен крај на заложничката криза во банката во Тулуз
Самарас на чело на новата грчка влада
Високите температури ризични за сообраќајот
Виз ер амбициозно влегува во Македонија
Венизелос - Грција има влада
Преговорите за новата грчка влада се` уште траат
Скопјанец 13 пати избоден со нож на куќниот праг
Уште потопло време до недела
Меркел сама против сите на Самитот на Г-20 во Лос Кабос
Собранието го усвои финансискиот план за МРТ
(ФОТО) Отворен „Паркот на езерата“ во Општина Аеродром
Во Македонија лани работеле 66 телевизии и 69 радио станици
Повеќе од половина од студентите дипломираат надвор од рокот
Иванов очекува Грција одговорно да се однесува кон преземените обврски
Лани 23 мајки родиле на возраст под 15 години
Младите во Македонија се емоционално занемарени
Италијанската полиција уаспила македонски државјанин нарко дилер
Македонија и Русија потпишаа спогодба за меѓусебно признавање на дипломите
Нова власт - стари рампи за името
Сончево и топло
Баросо- ЕУ не дојде на Самитот на Г-20 за да добие лекции по економија
Груевски сепак ќе се сретне со Путин
ПАСОК не се откажува од барањето за учество на СИРИЗА во владата
Бензините поевтинуваат за 3,5, а дизелот за 3 денари
Во наредните три дена не` очекува многу топло време
Граѓаните да внимаваат да не предизвикаат пожари!
Митинг на СДСМ во Штип
Лидерите на Г20 се собираат во Мексико
Силен земјотрес регистриран во Јапонија
Се шири уште една скопска сообраќајна артерија
Грците изгласаа останување во еврозоната со Нова демократија!
(ВИДЕО) Насмејте се, вие сте на полициска камера!
Нова Демократија и СИРИЗА изедначени
Втор круг од парламентарните избори во Франција
МНР на Бугарија реагира за „антибугарски пројави во Македонија“
Стапката на невработеност во првиот квартал скокна на 31,6 отсто
Со нож и се заканувал на колешка во Парламентот
(ФОТО) ВМРО-ДПМНЕ прослави 22 години
Протест на СДСМ поради преименувањето на улиците
Карл Билт - На Балканот повеќе нема да има промени на границите
Индискиот мултимилијардер Субрата Рој во Македонија



„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

  


Site Meter


 
Време
Скопје, 33°C

Ведро

Четврток
Сончево
Макс: 34°C, Мин: 15°C

Петок
Ведро
Макс: 36°C, Мин: 22°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

„Погледнете и слушнете ги моите јунаци, вели големиот српски режисер Желимир Жилник, кој гостува на „Македокс“

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |