Хороскоп
Овен
Чувствувате потреба за размена на идеи, но веќе на првиот чекор ве очекуваат разочарувања. Мора да бидете свесни дека моменталната смисла за комуникација не ви е јака страна. Се советува голема доза на објективност, во спротивно, ве очекува недоразбирање со околината.
Бик
Убаво изгледате и фино се чувствувате. Со оптимизам гледате на некои случувања од минатото. Наскоро ве очекува славење, независно дали сте организатор или учесник - подгответе голема сума пари. Ако не ви успее, партнерот е тука, како и секогаш.
Близнаци
Имагинативните моќи се изразени, смислата за уметност и паранормалните феномени се исклучително јаки. Решивте да ја криете вистината која долго време ве мачи. Пријателите и партнерот открија некои ваши слаби страни, веќе нема да можете да ги избегнувате.
Рак
За успешна соработка заблагодарете му се на шармот кој ви помага да ги совладате сите препреки. Колегите немаат срце да ве одбијат, а партнерот прави се' за да ве придобие. Денот е без некои посебни возбудувања, но едноставно уживате, особено во љубовта.
Лав
Сакате да уживате и да се препуштите на малите задоволства. Имате желба да го држите саканото лице под контрола. Но, доколку наидете на недоразбирање, ќе имате проблеми. Треба да бидете оптимисти и да се надевате на најдоброто, подгответе се за луда забава.
Девица
Полни сте со сила и оптимизам во борбата со проблемите. Ги совладувате сите предизвици. Се чувствувате фантастично, потрудете се таквата состојба да ја одржите колку што може подолго. Не оптоварувајте се со глупости и не планирајте однапред нешто што не е во ваша надлежност.
Терезија
Љубопитни сте, но и добро известени за се', затоа и пријателите ви се обраќаат за совет. Добро знаете како на најевтин начин може да се дојде до она што го сакате. Другите почнаа да ве заморуваат, исклучете го телефонот и во самотија потрудете се да се регенерирате.
Скорпија
Се наоѓате во состојба на блага емотивна напнатост. Причината за таквото однесување е индивидуална: се заљубивте, претрпевте благ шок... Размислете за промена на средината. Потрудете се да го промените и пристапот кон себе, бидете толерантни.
Стрелец
Интуицијата ви говори како треба да се однесувате. Доколку го послушате нејзиниот глас, ќе имате можност да ги избегнете проблемите. Денот е поволен за обврски кои вклучуваат имагинација. Посветете му се на партнерот и заштитете се од сонцето.
Јарец
И понатаму постои опасност од повреди и операции. Бидете внимателни уште неколку дена. Во спротивно, последиците може да бидат непријатни. Потрудете се да бидете среќни, а не да се давите во проблеми. Дистанцирајте се од соработниците.
Водолија
Во кризните моменти реагирате бурно. Ви недостига одлучност, па незадоволството комбинирано со страв го манифестирате во вид на стрес. Професионалните обврски се под строга контрола, но секогаш настапува напнатост кога станува збор за љубовта.
Риби
Немате јасна претстава за сериозноста на претстојните случувања. Сонувате и се занесувате, а не сте свесни за можните компликации. Се советува внимание, не само кога станува збор за финансиските трансакции, туку и за потпишувањето договори.
|