Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Вести
14.06.2012, 16:10

Бура реакции по договорот за декриминализација на клеветата

За претседателот на ЗНМ, Селмани „новинарите не може да бидат топовско месо во пресметките меѓу медиумите и неистомислениците“

Здружението на новинари на Македонија одговори на бројните критики по неочекуваното објавување на договорот со Владата нагласувајќи дека „новинарите ги добија сите точки што ги бараа, а критиките за самоцензура доаѓаат од оние што или не го прочитале предлог-законот или не сакаат да им се наруши комодитетот на уредничката функција“.

Првиот човек на ЗНМ, Насер Селмани, вчера изјави дека „новинарите не може да бидат топовско месо во пресметките меѓу медиумите и неистомислениците“. 

Според Селмани договорот во средата, по понеделничките протести и коментари за застој во дијалогот, бил под влијание на директорот на Директоратот за проширување за Европската комисија, Стефано Санино.

Инаку, бурата на реакции беше делот од договорт во кој се одредени казните за новинарите, но и за сопствениците - Стриктната казна е 2.000 евра за авторот на текстот, 10.000 евра за главниот уредник и 15.000 евра за сопственикот на медиумот.

За некои, Законот не е доволно јасен, други го поддржуваат, трети го отфрлаат. „Јас бев избран за да го решам проблемот и нема да се кријам зад референдум, како некои политичари“, дециден е Селмани.

Прес-конференција на ЗНМ, на некој начин беше реакција на насловната празна страна и коментарот под наслов „Да живее самоцензурата“ во „Вест“, каде што Селмани е вработен.

„Тоа е став на колегиумот на ‘Вест‘, при што јас не бев консултиран. Воопшто не го прочитале Законот, коментарот е неоснован“, возврати Селмани.

Европската комисија, пак, договорот за декриминализација на клеветата и навредата меѓу Владата и ЗНМ го смета за одличен, но изразија загриженост за одземањето на дозволата на А2 телевизија.

Премиерот Груевски во писмено соопштение изјави дека: „Декриминализацијата на клеветата е значаен чекор напред кон остварувањето на европските стандарди кон кои се стремиме, и добар модус дека со отворен и аргументиран пристап може да се постигне напредок, и верувам дека и во иднина дијалогот ќе донесе и нови резултати.“

Во меѓувреме, координаторот на ЗНМ за Битола и Прилеп поднесе оставка.

(Комплетна анализа на случувањата може да прочитате во петочното печатено и електронско издание)


Статијата е прочитана 733 пати.

Испрати коментар



Безнините поевтинуваат за 3,5, а дизелот за 3 денари
Во наредните три дена не` очекува многу топло време
Граѓаните да внимаваат да не предизвикаат пожари!
Митинг на СДСМ во Штип
Лидерите на Г20 се собираат во Мексико
Силен земјотрес регистриран во Јапонија
Се шири уште една скопска сообраќајна артерија
Француските социјалисти освоија апсолутно мнозинство во Националното собрание
Грците изгласаа останување во еврозоната со Нова демократија!
(ВИДЕО) Насмејте се, вие сте на полициска камера!
Нова Демок��атија и СИРИЗА изедначени
Крстопат-избори во грција
Втор круг од парламентарните избори во Франција
МНР на Бугарија реагира за „антибугарски пројави во Македонија“
Стапката на невработеност во првиот квартал скокна на 31,6 отсто
Со нож и се заканувал на колешка во Парламентот
(ФОТО) ВМРО-ДПМНЕ прослави 22 години
Протест на СДСМ поради преименувањето на улиците
Нов топол бран со температури до 39 степени
Карл Билт - На Балканот повеќе нема да има промени на границите
Индискиот мултимилијардер Субрата Рој во Македонија
Познат идентитетот на жената која беше оставена во поликлиниката „Бит-пазар“
Изгласана одлуката за преименување на улиците во Скопје
Соопштение на Амбасадата на САД по повод одземената лиценца на „А2“
Претепани патници во автобус на ЈСП Скопје
Инцидент пред Советот на Град Скопје
Почнаа уписите за средните училишта
Камерон го поздрави решението за референдум на Фокландите
„Цајт“- На Грција веројатно и е потребен трет пакет помош од ЕУ
СРД и ја одзеде дозволата на Телевизија А2
ЗНМ и Владата се договорија за декриминализација на клеветата
Робин О Нил- Македонија во ОН да биде примена под уставното име
Дојче Веле- ЕУ ја толерира блокадата на Македонија
Денеска тропски теператури над 38 степени
Mомчиња повредени кај „Мавровка“
Скопјанка почина по пад од седми кат
Полуматурант се удави во Пчиња
Тројца планинари загинаа, двајца се водат исчезнати на Монт Еверест



„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

  


Site Meter


 
Време
Скопје, 33°C

Ведро

Понеделник
Ведро
Макс: 33°C, Мин: 14°C

Вторник
Сончево
Макс: 35°C, Мин: 14°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Хороскоп | Забава |