Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Вести
13.06.2012, 12:31

ЗНМ и Владата се договорија за декриминализација на клеветата

На средбата беше договорена и максималната висина на паричните казни

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) и Владата на денешната средба постигнаа договор за декриминализација на клеветата и навредата и за висината на надоместокот на нематеријална штета.

Висината на надоместокот за нематеријална штета ќе биде 2.000 евра за авторот новинар, 10.000 евра за главниот уредник и 15.000 евра за сопственикот на медиумите.

Вицепремиерката задолжена за европски прашања Теута Арифи, која претседава со работната група за медиуми оцени дека овој договор покажува оти може да се разговара за сите прашања, ако целта е постигнување повисоки демократски вредности во општеството. Таа изрази верување дека постигнатиот договор ќе биде позитивно оценет и од страна на ЕУ.

За претседателот на ЗНМ Насер Селмани постигнато е прифатливо решение односно се работи за оптимален компромис за кој ќе се организираат и јавни дебати. Овој закон, потенцира Селмани, е во насока на подобрување и на судската пракса, но и на зајакнување на професионализмот и стандардите во новинарството.

- Законот е поставен казните да бидат на крај. Воспоставен е систем кој му дава можност на новинарот да ја докаже вистината на напишаното, ако во тоа не успее, да се извини, а има инструмент да се објави и демант. Крајна мерка ќе биде изрекување мерка надомест за нематеријална штета, појасни претседателот на ЗНМ, кој додаде дека ова е еден важен чекор за подобрување на состојбите во медиумите.

До септември, најави Селмани, треба да се исцрпат и прашањата поврзани со Законот за радиодифузија, Законто за работни односи, владините кампањи и МРТВ.


Статијата е прочитана 395 пати.

Испрати коментар



Безнините поевтинуваат за 3,5, а дизелот за 3 денари
Во наредните три дена не` очекува многу топло време
Граѓаните да внимаваат да не предизвикаат пожари!
Митинг на СДСМ во Штип
Лидерите на Г20 се собираат во Мексико
Силен земјотрес регистриран во Јапонија
Се шири уште една скопска сообраќајна артерија
Француските социјалисти освоија апсолутно мнозинство во Националното собрание
Грците изгласаа останување во еврозоната со Нова демократија!
(ВИДЕО) Насмејте се, вие сте на полициска камера!
Нова Демократија и СИРИЗА изедначени
Крстопат-избори во грција
Втор круг од парламентарните избори во Франција
МНР на Бугарија реагира за „антибугарски пројави во Македонија“
Стапката на невработеност во првиот квартал скокна на 31,6 отсто
Со нож и се заканувал на колешка во Парламентот
(ФОТО) ВМРО-ДПМНЕ прослави 22 години
Протест на СДСМ поради преименувањето на улиците
Нов топол бран со температури до 39 степени
Карл Билт - На Балканот повеќе нема да има промени на границите
Индискиот мултимилијардер Субрата Рој во Македонија
Бура реакции по договорот за декриминализација на клеветата
Познат идентитетот на жената која беше оставена во поликлиниката „Бит-пазар“
Изгласана одлуката за преименување на улиците во Скопје
Соопштение на Амбасадата на САД по повод одземената лиценца на „А2“
Претепани патници во автобус на ЈСП Скопје
Инцидент пред Советот на Град Скопје
Почнаа уписите за средните училишта
Камерон го поздрави решението за референдум на Фокландите
„Цајт“- На Грција веројатно и е потребен трет пакет помош од ЕУ
СРД и ја одзеде дозволата на Телевизија А2
Робин О Нил- Македонија во ОН да биде примена под уставното име
Дојче Веле- ЕУ ја толерира блокадата на Македонија
Денеска тропски теператури над 38 степени
Mомчиња повредени кај „Мавровка“
Скопјанка почина по пад од седми кат
Полуматурант се удави во Пчиња
Тројца планинари загинаа, двајца се водат исчезнати на Монт Еверест



„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

  


Site Meter


 
Време
Скопје, 33°C

Ведро

Понеделник
Ведро
Макс: 33°C, Мин: 14°C

Вторник
Сончево
Макс: 35°C, Мин: 14°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Хороскоп | Забава |